Кичево и Кичевско во НОВ
Кичево и Кичевско во НОВ — со спогодбата на фашистичките земји од 20 април 1941 година била одредена и демаркациската линија помеѓу двата сојузника, Бугарија и Италија. Западна Македонија со градовите Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга и преспанските села, првично биле окупирани од германските сили, а потоа со посебен декрет, предадени во владение на фашистичка Италија.[1] Италијанците, пак, ја предале цивилната власт на албанските квинслинзи. Во нивно владение потпаѓала една префектура и четири потпрефектури.[2] Судирот на интереси помеѓу Италија од една страна и фашистичка Бугарија од друга, се одвивал токму во Кичевскиот регион, па така на терен паралелно се појавиле и проалбанските слуги на Италија и пробугароманските комитети во служба на Бугарија, а против македонскиот народ.
Првите обиди за организација
уредиМакедонскиот народ, паралелно со овие настани веднаш започнал со организирање на движење на отпор. Главна улога во организацијата одиграл Кузман Јосифоски - Питу, кој во летото 1940 година, оформил партиско поверенство, но не и организиација, во состав: Ѓорѓи Икономов (секретар), а членувале и Драге Богески, Пепе Јованоски, Перо Волнароски и Томе Буклески. Питу повторно го посетил Кичево во април 1941, заедно со Трајко Бошкоски - Тарцан, но ниту овојпат не била формирана партиска организација. Тоа се случило дури по третата посета, на 10 октомври 1941 година, кога веќе во Кичево се вратиле многу младинци кои биле на образование и работа низ Југославија.
Во куќата на Борис Алексовски - Карче, при овој состанок биле оформена првата партиска ќелија во Кичевскиот регион и притоа за секретар бил избран Пепе Јованоски, а членови Драге Богески, Пецо Чингоски, Нико Пусоски, Борис Алексовски - Карче, Борис Грујоски, Јанко Михајлоски и Владимир Полежиноски.[2]
Окупација на Кичево
уредиСо исцртувањето на демаркациската линија, Кичево се нашло под италијанско-албанска власт, а во непосредна близина на градот исто така биле сместени бугарските окупаторски војски кои имале други планови за дел од територијата која потпаднала под управа на италијанските сили.
Најпрво биле укинати сите воени, судски, просветни и административни органи, а на нивно место се отвориле албански институции, во кои службен јазик бил само албанскиот, а сѐ со цел да се воведе омраза помеѓу македонското и албанското население. Со ова почнале да се формираат и локални балистички банди кои ги водел Мефаил Шеху.[3]
Биле спалени неколку села (Извор, Пополжани, Карбуница) и извршени убиства низ селата Осој, Јагол, Доленци, Карбуница, Осломеј и во неколку други, сè со цел да се заплаши локалното македонско население и да се потчини на новата окупаторска власт. Како најкрвави настани народот ги запомнил стрелањата на членовите на организацијата од село Карбуница извршено во ноември 1943, но и палежите и убиствата во Кленоец. Најголем злостор во Кичевско бил извршен во мај 1944 година попознат како крвав Ѓурѓовден, кога балистичките банди откако ги ограбиле селата Иванчишта и Кленоец, го запалиле селото Попоец а нивните селани ги собрале пред селската црква, каде после тепањето, некои од селаните (претежно мажи), живи ги фрлале во оган. Истото го повториле во селото Малкоец.[2]
Формирање на првите ослободителни чети
уредиНајголем товар во организацијата на отпорот и борбата за слобода го носела КПМ. Месноста Лопушник била избрана за неформален воен и политички центар за организација и дејствување во Кичевскиот крај. Во непосредна близина била пренесена од Битуше, првата печатница „Гоце Делчев“, но се издавал и партизанскиот билтен кој бил уредуван и редактиран од Кочо Рацин.[4]
Во април 1943 година се создал првиот кичевски партизански одред „Козјак“. Подоцна им се приклучиле борците од крушевскиот одред „Питу Гули“, од Мавровскиот одред „Кораб“, како и борци од Дебрца. Па, така на 21 мај 1943 година се создал Кичевско-мавровскиот партизански одред.
Борба за слобода
уредиПрвите акции на овие борци се: нападот на карабинерската станица во Сливово (Охридско), како и општинската зграда во Брждани. Извршени биле и диверзантски акции со сечење на телефонски столбови и рушење мостови. Силен оддек дала нивната акција од 14 јуни 1943, кога на Пресека бил нападнат италијански воз. Оваа акција го подигнала моралот и меѓу населението кое се помасовно се приклучувало кон националното ослободителско движење.[2]
Прво ослободување на Кичево
уредиСо капитулацијата на Италија, ноќта помеѓу 8 и 9 септември 1943 се разгореле и битките во овој регион. Албанскиот и малесискиот македонски одред успеале да ја разоружаат и италијанската команда во градот Дебар, дел од дивизијата „Фиренце“.[4] Италијанските војски при повлекување оставале пустош низ селата, а паралелно со нив германските и бугарските окупатори се обидувале да се пробијат и постават на нивните позиции. Па, така на 11 септември 1943 единиците на Првиот кичевски и Вториот мавровски одред го заземале Кичево. Со ова Кичево станува првиот ослободен град во Втората светска војна. Следниот ден им се приклучил и Првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“ со што била создадена слободна територија од превојот Буковиќ до селото Ботун, со два ослободени градови Кичево и Дебар. Населението од овој крај, уживало во својата слобода 21 ден. Покрај поставување на народна власт, било отворено училиште на македонски јазик во селото Подвис, а низ градот и селата се организирал културно-забавен живот.[2][5][6]
Втора окупација на Кичево
уредиГерманските војски заедно со балистичките банди на Џемо и Мефаил, извршиле напад на стражарската позиција кај превојот Буковиќ, каде во нерамна борба, целодневен отпор давала четата предводена од комесарот Мирко Милески. Во оваа битка на 1 октомври 1943, загинала целата чета на Милески вклучуваќи го и самиот Мирко. Со ова паднал и Кичево под втора окупација. На 6 октомври бројните германски и балистички групи се судриле со македонските партизани во селото Кленоец, каде нивниот пробив бил сопрен со фронтална битка во самото село. Меѓу жртвите биле Јосиф Јосифоски-Свештарот, Мите Трпески како и Трајан Белев.
По скоро еден цел месец, Кичево повторно било ослободено на 1 ноември, 1943 при што биле заробени 19 германски војници со потполковникот Хедлер, како и 30 припадници на балистичките групи. По само четири дена партизанските единици биле приморани да се повлечат и повторно да го отстапат градот на окупаторот.[2]
Конечно ослободување на Кичево
уредиПо нецела година проследена со неколку напади и битки со окупаторот, на 1 септември 1944 по повеќечасовна битка Кичево било ослободено по трет пат. Градот на неколку пати го менувал својот статус на ослободен и окупиран град. За конечна слобода која ја ужива Кичево до денеска, биле пресудни битките кои отпочнале на 14 ноември кај селата Тајмиште и Колари, со кои битки се пренеле и во самиот град, па така на 15 ноември, 1944 Кичево е конечно ослободено.
Вака е опишано сеќавањето на претседателот на Сојузот на борците од Кичево, Владо Дејаноски, за првото ослободување на Кичево:[5]
Кичево е градот кој шест пати е ослободуван од непријателот, кој многу пропатил во оваа војна и затоа ние денес со гордост се присетуваме на првото ослободување на градот, што била воедно и првоослободена територија на Македонија. Првото ослободување на Кичево траело 21 ден, во кој период во село Подвис е отворено и првото училиште на мајчин македонски јазик, а негов учител бил Василко Ристески од истото село. На 26 септември на градскиот плоштад на терасата од музејот се одржал и голем народен митинг, на кој покрај другите на насобраните граѓани им се обратил и Светозар Вукмановиќ-Темпо. На 21. ден од слободата на Кичево, силни германски единици преку Буковиќ навлегуваат на слободната територија, по што партизанските единици и одреди отстапуваат од градот и своите сили ги поместуваат во Дебрца. Последното ослободување на Кичево се случило на 15 ноември 1944 година и тоа било шестото ослободување на градот, кој може да се пофали со богата историја збогатена со многу важни настани.
Билансот на жртвите изнесувал 217 борци од Кичево и Кичевско, 106 цивилни жртви и уште 232 жртви од останатите краишта на Македонија и тогашна Југославија. Сите во табеларен приказ се дадени подолу.
-
Олга Мицеска
-
Ибе Паликуќа
-
Јанко Михајлоски
-
Исени Акиноски
-
Драге Богески
-
Левко Стефаноски - Тарзан
-
Оштетен натпис
-
Оштетен натпис
-
Оштетен натпис
Список на паднати борци за слободата на Кичево и Кичевско
уредиЖртви од Кичево и Кичевско
уредиБројот на жртви од Кичево и Кичевско, изнесувал 217 воени и 106 цивилни жртви.[2]
Паднати борци во НОВ после мај, 1945 од Кичево и Кичевско | |||
---|---|---|---|
Број | Име и Презиме | Роден (година, место) | Починат (година, место) |
1. | Ќиро Костески | 1918 во Прострање | 1945 во Косел, Охридско |
2. | Реџо Лимани | 1896 во Зајас | јуни, 1945 кај Букојчани |
3. | Мехмед Мехмеди | 1911 во Зајас | јуни, 1945 кај Букојчани |
4. | Ѓуро Митрески | 1923 во Малкоец | есен, 1945 на Шар Планина |
5. | Адил Нуредини | 1906 во Страгомиште | 1945 во Страгомиште |
6. | Круме Пиперкоски | 1912 во Козица | есен, 1945 во Козица |
7. | Стојмир Трајаноски | 1912 во Малкоец | есен, 1945 од задобиени рани во Малкоец |
Борци за кои се знае само нивното име и презиме | |
---|---|
1. | Мане Димоски |
2. | Живко Ѓорѓиоски |
3. | Шемо Зенка |
4. | Ќире Јаковлески |
5. | Радомир Јанески |
6 | Бранко Јарески |
7. | Ристо Јосифоски |
8. | Тренко Крлески |
9. | Тодор Крстески |
10. | Петре Источки |
11. | Змејко Лазарески |
12. | Горјан Лазески |
13. | Милан Настески |
14. | Арсен Николоски |
15. | Борис Полески |
16. | Силјан Поп Николоски |
17. | Милош Ристески |
18. | Бранко Ристески |
19. | Ристо Симјаноски |
20. | Елез Таироски |
21. | Никола Руски - Курир од Паралова |
22. | Славко Поп |
23. | Славко Курир |
Цивилни жртви
уредиЖртви од бившите Југословенски градови
уредиБројот на жртви од Југословенските градови изнесувал 26 борци.
жртви од тогашна Југославија | |
---|---|
од Урошевац | |
1. | Јордан Михајловиќ од Штимље |
2. | Душан Дебелковиќ од Урошевац |
3. | Љубо Костиќ од Урошевац |
од Приштина | |
1. | Живко Николиќ од Бодовац |
од Љипљан | |
1. | Петар Берберовиќ од Нова Руица |
2. | Витко Декиќ од Ливаѓе |
3. | Никола Дукиќ од Моруга |
4. | Ѕвездан Фичич од Смолиште |
5. | Исо Јериќ од Љипљан |
од Пеќ | |
1. | Даница Вујовиќ од Пеќ |
2. | Слободан Лизанчиќ од Пеќ |
3. | Јован Михајловиќ од Пеќ |
4. | Митар од Пеќ |
5. | Драго Каваја од Пеќ |
од останатите градови на тогашна Југославија | |
1. | Јован Михајловиќ од Витомирица |
2. | Божидар Рајковиќ од Призрен |
3. | Жарко Новичевиќ од Витомирица |
4. | Петар Перовиќ од Витомирица |
5. | Џафер Гафур од Призрен |
6 | Слободан Бренов од Добруша |
7. | Илија Бакиќ од Бујанце |
8. | Суљо Ајвазоски од Осолница |
9. | Реџо Шероски од Кишава |
10. | Славко Габришиќ од Словенија |
11. | Јосип Омејац од Пирниче Медводе, Словенија |
12. | Милисав Поповиќ од Тутин |
Наводи
уреди- ↑ Окупација на западна Македонија. Скопје. 1975. стр. 7–8. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј на Западна Македонија во НОВ - Кичево. 1982. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Зборник на документи и податоци од НОВ. Том VII, книга 2. Белград. 1952. стр. 14.
- ↑ 4,0 4,1 Слободните територии во Македонија во 1943. Скопје: ООЗТ Комунист. 1983. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 5,0 5,1 „Одбележана 77-годишнината од првото ослободување на Кичево“. Весник Нова Македонија. 11.09.2020. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Кичево ја одбележа 75-годишнината од првото ослободување“. Весник Нова Македонија. 11.09.2018. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)