Свети Пио
Отец Пио (итал. Padre Pio, латински: Pater Pius; 25 мај 1887 – 23 септември 1968) или познат како Свети Пио или Отец Пио од Пјетрелчина бил капуцински католички свештеник од Италија кој е прогласен за светец од страна на Римокатоличката црква, поточно беатифициран и канонизиран од страна на Папата Јован Павле II. Родното име на светоцот му било Франческо Форџоне, но го добил името Пио откако се прикличил на одредот на Капуцините. Во светот е најмногу познат под името Падре Пио, но и по неговите стигми кои му се појавувале во текот на неговиот живот.
Свети Пио Padre Pio | |
---|---|
Свештеник | |
Роден(а) | 25 мај 1887, Пјетрелчина, Италија |
Починал(а) | 23 септември 1968, Сан Џовани Ротондо |
Почитуван(а) во | Римокатоличка црква |
Беатификација | 2 мај 1999, Рим, Италија од Папа Јован Павле II |
Канонизација | 16 јуни 2002, Рим, Италија од Папа Јован Павле II |
Главно светилиште | Сан Џовани Ротондо |
Слава | 23 септември |
Заштитништво | добоволци во ОНО, католичката младина |
Ран живот
уредиФранческо Форџоне е роден од татко Орацио Форџоне и мајка Марија Џузепа де Нунзио Форџоне на 25 мај 1887 година во Пјетрелчина, гратче во регионот Кампанија, јужна Италија.[1] Неговото семејство било селско земјоделско семејство.[2] Тој бил крстен во блиската црква Света Ана, која се наоѓа на ѕидини од замок.[3] Во истата таа црква, која била реставрирана од страна на американската фондација „Падре Пио“, Франческо служел како олтарник.[4] Франческо имал еден постар брат по име Михеле и три помлади сестри по име Фелисита, Пелегрина и Грација.[2] Неговите родители имале уште две други деца, но умреле уште како бебиња.[1] Кога се покртсил, тој го добил името Франческо.[3]
Според Отец Пио, кога имал само пет години тој одлучил да го посвети својот живот на Господа.[1][3] Исто така, тој рекол дека започнал со покорување и едно време бил критикуван од неговата мајка бидејќи Франческо користел камен како перница и спиел на камен под.[5] Тој работел на полињата сè до 10. година и одгледувал мало стадо овци.[6] Ова го одложило неговото образование до некој степен.[5]
Пјетрелчина било многу религиозно гратче и религијата имала силно влијание во семејството Форџоне. Членовите на семејството секоја недела учествувале на миса, се молеле навечер и не јаделе месо три дена во текот на седмицата во име на Нашата Дама од планината Кармел.[3] Иако родителите, баба ми и дедо ми биле неписмени, тие ги знаеле евангелијата и делови од Библијата и им ги пренесувале по усмен пат на нивните деца. Се тврди дека Франческо можел да ги види и зборува со Исус, Богородица и ангелите чувари и тврдел дека секој човек можел да го направи истото.[7]
Уште како младо момче, Пио тврдел дека имал религиозни визии и екстази.[1] Во 1897, откако го завршил тригодишното јавно училиште, Франческо започнал живот на религиозен одредник, по слушањето на говорот на еден млад член од Одредот на Капуцини кој барал донации за одредот. Кога ова им го објавил на своите родители, тие заминале за Морконе за да дознаат дали нивниот син може да биде дел од одредот. Челниците на одредот изјавиле дека биле заинтересирани да го примат во редот, но морал да има повисоки образовни квалификации.[3]
Таткото на Франчесто заминал за САД во потрага по работа за да плати приватен тутор за Франческо за да би можел да се стекне со посакуваното повисоко образование и да стане дел од одредот.[1][6] Токму во овој период Франческо се стекнал со светата потѕврда на 27 септември 1899.[3] Тој ги продолжил своите приватни часови и ги исполнил академските барања. На 6 јануари 1903 тој се придружил во Одредот на Капуцини, додека пак на 22 јануари истата година се стекнал со новото канонско име Отец Пио во чест на Свети Пиј V, патрон на Пјетрелчина.[3]
Смрт
уредиВлошувањето на здравјето на Отец Пио започнало уште во 1960-те години, но сепак тој продолжил со неговата духовна служба. На 21 септември 1968 година, денот после 50 годишнината од појавувањето на стигмите, тој почувствувал голем замор.[8] Наредниот ден, на 22 септември 1968 година, му било понудено да отслужи на голема миса, но поради заморот и стравот дека нема да ја заврши мисата, тој побарал да отслужи помала миса, но сепак отишол да ја прослави Големата Миса. За време на прославата, Отец Пио се појавил многу изнемоштен. Неговиот глас бил многу слаб и после мисата заклучил дека бил при колабирање за време на мисата. Ова била последната миса на Падре Пио.
Рано утрото на 23 септември 1968 година, Падре Пио ја извршил својата последна исповед.[9] Сè до крајот на исповедта тој ги изговарал имињата Исус и Марија. Во 2:30 часот наутро, тој изјавил „Јас гледам две мајки“, за што се мисли дека ги видел неговата мајка и Дева Марија.[8] Многу набрзо, Падре Пио го испуштил и последниот здив и негов последен збор бил „Марија“.[1]
Неговотo тело било закопано на 26 септември. На неговата миса присуствувале околу 100.000 луѓе. Често во својот живот велел „После мојата смрт, јас ќе сторам повеќе. Мојата мисија започнува со смртта“.[8] Луѓето кои биле до Падре Пио на смртната постела велеле дека лузните од стигмите целосно исчезнале, без да остават ни белег.[8]
Стигми
уредиНа 20 септември 1918 година, за време на исповед, Падре Пио тврдел дека му се појавиле првите стигми - телесни рани, болки и крвавење на места кои соодветуваат со повредите кои Исус Христос се стекнал за време на распнувањето на крст. Овој феномен продолжил да се појавува околу педесет години, скоро до неговата смрт. Крвта која излегувала од раните се тврди дека имала мирис на парфем или цвеќе, феномен кој се споменува во житиа на неколку светци.
Неговите стигми биле проучувани од лекари за кои нема податоци дали соработувале со црквата или не.[10][11] Извештаите на лекарите не биле јавно достапни, но раните не подлегнувале на инфекции.[10][11][12] Раните сами се лечеле, но повторно по некое време се појавувале.[13]. Овие рани биле истражувани од Лујџи Романели, главен лекар во болницата во Барлета. Исто така, лекарот Џорџо Феста ги проучивал раните во 1920 и 1925 година. Професорот Џузепе Бастијанели, лекар на папата Бенедикт XV, се согласил дека раните навистина постојат, но не дал подетални коментари и мислења. Патологот Амико Бињами од Универзитетот во Рим исто така ги проучувал раните, но не можел да даде соодветна дијагноза.[14] Двајцата, и Бињами и Џузепе, рекле дека раните се одликуваат со невообичаени мазни краеви и недостаток на оток. Докторот Алберто Касерта направил рендген снимки од рацете во 1954 година и не нашол невообичаенисти во структурата на коските.[15]
Сепак, се тврди дека овие рани му донеле и доза на срам на Падре Пио, најмногу поради фактот што секогаш морал да носи црвени или црни прекривки на рацете и нозете.[11] За време на смртта на Падре Пио, телото немало белези на стигми, дури немало ни траги.
Ексхумација
уредиНа 3 март 2008 година, телото на Свети Пио било ексхумирани, 40 години по неговата смрт и започнале подготовките за објавување на неговите посмртни останки. Црковен службеник изјавил дека неговото тело било во „добра состојба“. Надбискупот Доменико Дамбросино изјавил дека
„на горниот дел од черепот се гледа коската, но брадата е одлична и остатокот од телото е добро зачувано“.[16]
Надбискупот Дамбросино исто така потврдил дека стигмите не се гледаат.[17] Тој, исто така, рекол дека Свети Пио изгледа исто како штотуку да посетил маникир. Црковните лица се надевале дека надлежните лица ќе го обноват лицето за да биде препознатливо. Но поради оштетувањата, тие направиле силиконска живописна маска.[18]
Кардиналот Хосе Сараива Матинс одржал голема миса со околу 15.000 посетители на 24 април, веднаш пред да се објави телото на светецот во стаклен и сребрен ковчег.[19] Пио во ковчегот е облечен во монашката кафеава облека од Одредот на Капуцини со кристален и златен епитрафил. Во рацете на светецот има голем дрвен крст.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ruffin, Bernard C. (1991), Padre Pio: The True Story, Our Sunday Visitor, стр. 444, ISBN 9780879736736
- ↑ 2,0 2,1 Gerhold, Ryan (2007-02-20), „The Second St. Francis“, The Angelus: 12–18
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Padre Pio the Man Part 1, Посетено на 2008-01-19
- ↑ Peluso, Paul (6/17/2002), „Back to Pietrelcina“, Padre Pio Foundation, Архивирано од изворникот на 2008-05-09, Посетено на 2008-01-20 Проверете ги датумските вредности во:
|date=, |year= / |date= mismatch
(help) - ↑ 5,0 5,1 Nolan, Geraldine, Padre Pio A living Crucifix, Our Lady of Grace Capuchin Friary Editions, Архивирано од изворникот на 2008-02-22, Посетено на 2008-01-19
- ↑ 6,0 6,1 Pelletier, Joseph A (2007-02-20), „PADRE PIO, MARY, AND THE ROSARY“, Garabandal, Архивирано од изворникот на 2008-01-11, Посетено на 2008-01-19CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „A Short Biography of Padre Pio“. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2008-01-19.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Schug, Rev. John (1987), A Padre Pio Profile, Huntington, ISBN 9780879738563
- ↑ Padre Pio the Man Part 2, Архивирано од изворникот на 2008-01-04, Посетено на 2008-01-19
- ↑ 10,0 10,1 „The Stigmatist“. Time Magazine. 12/19/1949. Архивирано од изворникот на 2011-02-11. Посетено на 2008-01-19. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 11,0 11,1 11,2 „A Padre's Patience“. Time Magazine. 4/24/1964. Архивирано од изворникот на 2011-02-09. Посетено на 2008-01-19. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Michael Freze, 1989, They Bore the Wounds of Christ: The Mystery of the Sacred Stigmata, OSV Publishing ISBN 0-87973-422-1 page 283-285.
- ↑ Padre Pio
- ↑ Padre Pio
- ↑ Padre Pio: the true story by Bernard Ruffin, 1991 OSV Press ISBN 0-87973-673-9 pages 160-163
- ↑ BBC News Retrieved 16 март 2008.
- ↑ „St. Padre Pio's Body Exhumed“ (англиски). Zenit. Архивирано од изворникот на 2008-04-28. Посетено на 2008-03-06.
- ↑ „Moore, Malcolm. "Padre Pio pilgrims flock to see saint's body" Telegraph. 25 Apr 2008“. Архивирано од изворникот на 2008-04-29. Посетено на 2021-08-15.
- ↑ „www.catholicnewsagency, Faithful to be able to venerate exhumed remains of Padre Pio“. Архивирано од изворникот на 2009-02-13. Посетено на 2010-04-11.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Свети Пио“ на Ризницата ? |
- Официјални мрежни места
- Официјално мрежно место на Падре Пио
- Официјално медиско мрежно место посветено на Падре Пио
- Официјално списание посветено на Падре Пио Архивирано на 12 мај 2017 г.
- Биографија на Падре Пио - на www.vatican.va
- Организации Падре Пио