Ковчег
Ковчег (сандак, ковчег) е еден од најстарите форми на мебел. Вообичана е правоаголна основа со четири ѕида и капак. Внатрешноста може да биде поделена на помали делови. Најчесто се изработуваат од дрво, а можат да бидат украсени на различни начини. Порано се употребувале за складирање на облека, храна, оружје и вредни предмети.
Историја
уредиКовчези се познати во Египет од осамнаесетата династија (1539-1292 г. п.н.е.). Тогаш биле поставувани на кратки ногарки. Вештината на правење на вакви ковчези била изгубена во текот на средниот век, и тогаш се состоеле само од издлабено дрво, обично со капак.[1]
Ковчезите се користиле по цела Европа почнувајќи од средниот век. Во средниот век и раната ренесанса ниски ковчези се користеле како клупи, додека високи ковчези се користеле како маси. Французи меѓу првите, во 13 век, почнале да ги украсуваат ковчезите.
Во Србија ковчези исто така биле многу распространети. Честопати се изработувале посебно украсени ковчези, во кои девојката го ставала својот мираз, односно девојачка спрема. Спремата ги опфаќала даровите кои невеста ги донесувала во својето ново семејство и некои подвижни работи од помала вредност наменети за домаќинството (постелнина, кујнски премети и слично).[2]
Наводи
уреди- ↑ chest (furniture) - Encyclopedia Britannica
- ↑ Станимировић, Војислав. 1998. Установа мираза у нашој традицијској култури. Београд: Центар за публикације Правног факултета Универзитета у Београду