Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини

Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини (германски: Sächsische Schweiz-Osterzgebirge) — округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Именуван е по планинските масиви Саксонска Швајцарија и Рудни Планини. Округот се граничи (од запад надесно) со окрузите Средна Саксонија и Мајсен, слободниот град Дрезден, округот Бауцен и Чешка.

Саксонска Швајцарија
-Источни Рудни Планини
Landkreis Sächsische Schweiz-Osterzgebirge
Грб на Саксонска Швајцарија -Источни Рудни Планини Landkreis Sächsische Schweiz-Osterzgebirge
Недостасуваат координати!
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ {{{Kreis or district}}}
Основни податоци
Површина 1,654 км2
Население 257,655  (4 ноември 2007)
 - Густина 156 жит/км2
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)

Историја

уреди

Округот бил основан со спојување на поранешните окрузи Саксонска Швајцарија и Вајсериц, како дел од реформата на окрузите во август 2008.

Географија

уреди
 
Поглед на видиковец на врвот на Папстштајн. Трите големи планини се Гориш (лево), Кенигштајн (во средината) и Лиленштајн (десно). Селото на десната страница е Гориш.

Округот се наоѓа помеѓу Дрезден и Чешка. Во југозападниот дел на округот се наоѓа најисточната точка на Рудните Планини („Erzgebirge“), а југоисточниот дел на округот е именуван Саксонска Швајцарија, која е дел од Елпските Песочни Планини. Главна река во округот е Елба.

Градови и општини

уреди
Градови Општини
  1. Алтенберг
  2. Бад Готлојба-Бергисхибел
  3. Бад Шандау
  4. Диполдисвалде
  5. Дона
  6. Фрајтал
  7. Гласхите
  8. Хајденау
  9. Хонштајн
  10. Кенигштајн
  1. Либштат
  2. Нојштат во Саксонија
  3. Пирна
  4. Рабенау
  5. Зебниц
  6. Штат Велен
  7. Штолпен
  8. Тарант
  9. Вилсдруф
  1. Баретал
  2. Баневиц
  3. Дома
  4. Дорфхајн
  5. Дирерсдорф-Дитерсбах
  6. Гориш
  7. Хартмансдорф-Рајхенау
  8. Хермсдорф
  9. Клингенберг
  1. Крајша
  2. Ломен
  3. Миглицтал
  4. Ратен
  5. Ратмансдорф
  6. Рајнхартсдорф-Шена
  7. Розентал-Билатал
  8. Штрупен

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

50°54′N 13°50′E / 50.900° СГШ; 13.833° ИГД / 50.900; 13.833