Ратен
Ратен (германски: Rathen) — општина и воздушна бања во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 35 километри југоисточно од Дрезден на реката Елба.
Ратен | |
Поглед од Бастај на Ратен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини |
Општ. заед. | Кенигштајн/Саксонска Швајцарија |
Месни единици | 2 |
Градоначалник | Томас Рихтер |
Основни податоци | |
Површина | 3,58 км2 |
Надм. височина | 112 м |
Население | 347 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 97 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PIR |
Пошт. бр. | 01824 |
Повик. бр. | 035024 |
Портал | Матична страница |
Местоположба на Ратен во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини | |
Координати | 50°57′N 14°05′E / 50.950° СГШ; 14.083° ИГД |
Географија
уредиРатен е популарна туристичка одредница, главни знаменитости се карпите Бастај, езерото Амзелзе и отворениот театар Felsenbühne Rathen.
Фериботот Ратен, патнички ферибот го поврзува Нидератен, на десниот брег на реката Елба и Обератен на левиот брег. Железничката станица Ратен, на дрезденската С-Железница и железницата од Дрезден до Прага, е во близина на терминалот за фериботот во Обератен. Ратен е исто така попатна станица на парните локомотиви кои сообраќаат од Дрезден до чешката граница.
Историја
уредиРатен бил основан во XIII век како место за тврдината на замокот.
Во текот на Втората светска војна постоел подкампо на концентрациониот камп Флосенбирг.[2]
Галерија
уреди-
Селото Обератен - поглед од Бастај
-
Ратен кратко по поплавите во 2006
-
Поглед на Ратен од Бастај
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Christine O'Keefe. Concentration Camps
Надворешни врски
уреди- Ратен на Ризницата ?
- Официјална страница