Баретал
Баретал (германски: Bahretal) — општина во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Се наоѓа на североисточните падини на Рудните Планини, помеѓу Бад Готлојба-Бергисхибел и Дона. Се состои од неколку мали села, кои се наоѓаат во долините на реките Баре и Зајдевиц, како и висорамнините помеѓу долините.
Баретал | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини |
Општ. заед. | Бад Готлојба-Бергисхибел |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Бригите Колба |
Основни податоци | |
Површина | 36,47 км2 |
Надм. височина | 240−370 м |
Население | 2.149 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 59 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PIR |
Пошт. бр. | 01819 |
Повик. бр. | 035023, 035025 |
Местоположба на Баретал во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини | |
Координати | 50°53′15″N 13°54′0″E / 50.88750° СГШ; 13.90000° ИГД |
Општината е именувана по малата река Баре, која низ нејзе. Нејзиниот извор се наоѓа 1,5 километри северно од Брајтенау во Бад Готлојба-Бергисхибел на 505 м. Се влева во Зајдевиц близу Цушендорф. Со дел да се спречат поплави, било изградено езеро помеѓу Борна-Герсдорф и Фридриксвалде-Отендорф во 1970.
Општински единици
уредиБаретал се состои од следниве села:
- Борна
- Фридриксвалде
- Герсдорф
- Геперсдорф
- Нентмансдорф
- Нидерсзајдевиц
- Отендорф
- Вингендорф
Историја
уредиБорна
уредиБорна најверојатно припаѓала на замокот Дона во прво време. На почетокот на 15. век станала дел од земјите на замокот Везенштајн. Прилично често ја менувал сопственост помеѓу Либштат, Везенштајн, Герсдорф, Отендорф, Кребс и Гизенштајн во следните години. Во 1731, Борна било во посед на грофот Морис де Саксо. Селската црква била првпат спомената во 1388. Припаѓала на парохијата во Пирна, а по реформацијата припаѓала на Либштат. Во 1894, Борна станала парохија.
Фридриксвалде
уредиФридриксвалде припаѓал на замокот Везенштајн. Црквата била првпат спомената во 1311 и припаѓала на парохијата Пирна.
Герсдорф
уредиДо 17. век, Герсдорф бил поделен на две села: Обергерсдорф (исто така: Габел) и Нидергерсдорф. Тие првично припаѓале на Дона, но потпаднале на грофовијата Дрезден. Во Герсдорф бил изграден и дворец.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Баретал на Ризницата ?
- Слики од Борна Архивирано на 21 декември 2004 г.
- Слики од Баретал Архивирано на 31 декември 2004 г.
- Слики од Баретал Архивирано на 5 февруари 2005 г.