Тарант
Тарант (германски: Tharandt) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, сместен на реката Вајсериц, 9 километри југозападно од Дрезден.
Тарант | |
Поглед на Тарант | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини |
Општ. заед. | Тарант |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Силвио Циземер |
Основни податоци | |
Површина | 71,22 км2 |
Надм. височина | 214 м |
Население | 5.471 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 77 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PIR |
Пошт. бр. | 01737 |
Повик. бр. | 035203 |
Портал | www.tharandt.de |
Местоположба на градот Тарант во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини | |
Координати | 50°59′0″N 13°34′51″E / 50.98333° СГШ; 13.58083° ИГД |
Има протестантска црква, објект за хидротерапија и најстарата академија за шумарство во Германија, основана како Кралска академија за шумарство на Саксонија од Хајнрих Кота во 1811, заедно со неговиот арборетум, Forstbotanischer Garten Tharandt. Во 2002, тешките поплави ги уништиле зградите на академијата и библиотеката, вклучувајќи 500-годишни стари книги. Академијата била обновена и денеска има околу 650 студенти и е позната по нејзината долга традиција за образување студенти од целиот свет за шумарство, управување со ресурси и обработливост на земјата.
Тарант е омилено летно престојувалиште на луѓето од Дрезден, главна негова привлечност е прекрасната букова шума околу самата населба.
Наводи
уредијавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)
- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди- Тарант на Ризницата ?
- Официјална страница Архивирано на 4 август 2012 г. (германски)
Оваа статија за место во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |