Алтенберг (Германија)

Алтенберг (германски: Altenberg) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на Рудните Планини, близу границата со Чешка, 15 километри северозападно од Теплице и 32 километри јужно од Дрезден.

Алтенберг
Панорама на Алтенберг
Панорама на Алтенберг
Панорама на Алтенберг
Грб на Алтенберг
Алтенберг (Германија) во рамките на Германија
Алтенберг (Германија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Алтенберг
Градски единици 20
Градоначалник Томас Кирстен
Основни податоци
Површина 145,81 км2
Надм. височина 750 м
Население 7.870 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 54 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01773
Повик. бр. 035056
Портал www.altenberg.de
Местоположба на градот Алтенберг во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°45′52″N 13°45′28″E / 50.76444° СГШ; 13.75778° ИГД / 50.76444; 13.75778

Градски единици

уреди
  • Хиршпрунг (1965)
  • Реефелд Цаунхаус (1994)
  • Цинвалд-Георгенфелд (1994)
  • Кипсдорф (1996)
  • Беренбург со Оберберенбург и Валдберенбург (1996)
  • Шелерхау (1996)
  • Беренфелс (1999)
  • Фалкенхајн (1999)
  • Валдидиле (1999)
  • Беренштајн (2004)
  • Гајзинг (2011)
  • Левенхајн (2011)
  • Фирстенау (2011)
  • Готгетрој (2011)
  • Миглиц (2011)
  • Фирстенвалде (2011)
  • Рудолфсдорф (2011)
  • Крацхамер (2011)
  • Либенау (2011)
  • [Лауенштајн (2011)

Спорт

уреди

Во околината на градот се наоѓаат терени за боб, санкање и скелетон, кои се изградени во 1987 година.

Светското првенство во овие спортови во 2008 се одржало од 11 до 24 февруари 2008 во Алтенбург, Германија, по петти пат. Претходно се одржале првенства во 1991 (боб), 1994 (скелетон), 1999 (скелетон) и 2000 (машки боб). Алтенберг по првпат бил домаќин на сите настани на едно првенство.

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди