Вајсериц (округ)
Вајсериц (германски: Weißeritzkreis) — поранешен округ во јужниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Фрајберг, Мајсен, урбаниот округ Дрезден, Саксонска Швајцарија и на југ се граничи со Чешка.
Вајсериц Weißeritzkreis | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Диполдисвалде |
Површина | |
• Вкупна | 765 км2 (295 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 124,091 |
• Густина | 160/км2 (420/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | DW |
Мреж. место | http://www.weisseritzkreis.com |
Историја
уредиОкругот бил основан во 1994 година, кога двата некогашни окрузи Диполдисвалде и Фрајтал се споиле. Во август 2008, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Саксонска Швајцарија и Вајсериц се споиле во новиот округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини.
Географија
уредиОкругот се наоѓа на Рудните Планини, средиштен дел е Тарантската шума. Округот го добил неговото име по двете реки Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц, кои се спојуваат близу Фрајтал во реката Вајсериц, која потоа се влева во Елба во Дрезден. Највисока точка е Калеберг на 905 метри надморска височина.
Во текот на поплавите во август 2002, реката Вајсериц надошла со повеќекратно количество вода од вообичаеното и уништила многу згради, куќи, улици и мостови низ речната долина.
Партнерства
уредиГрб
уредиСините линии ја симболизираат реката Вајсериц и нејзиното обединување со реките Вилде Вајсериц и Роте Вајсериц. Рударскиот симбол долу ја претставува старата рударска традиција во Рудните Планини. Дрвото ги претставува големите шумски подрачја во округот и лавор десно е симбол на Мајсен, бидејќи областа историси припаѓала на грофовијата Мајсен. |
Градови и општини
уредиГрадови | Општини |
---|---|
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 24 мај 2003 г. (германски)
- Страница посветена на поплавите од 2002 (германски)