Демократска алтернатива

(Пренасочено од Демократска Алтернатива)

Демократска алтернатива (ДА) — поранешна центристичка политичка партија во Македонија. Основана e на 21 март 1998 од страна на Васил Тупурковски, поранешен член на Претседателството на Југославија.

Демократска алтернатива
ВодачВасил Тупурковски
ОснованаМарт 1998
Идеологијацентризам
Полит. положбацентар
Меѓународна припадностнема
Европска припадностнема
Европски парламентнема
Боибои на виножитото
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Историја

уреди

Пред парламентарните избори во 1998 година ДА склучила предизборна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и заедно со неа победила на изборите и формирала влада, во која влегла, покрај овие две партии, и Демократската партија на Албанците.

Единствен кандидат за претседател од ДА, бил водачот на партијата, Васил Тупурковски, кој на претседателските избори во 1999 година освоил 163.206 гласови или 15,7% од гласовите, но не успеал да се квалификува во вториот круг.

Контроверзија

уреди

Во периодот кога ДА била во владата се донела контроверзна одлука за признавање на Тајван како суверена држава, потег што според ДА требало да ја извлече земјата од економската криза, но од кого не произлегле никакви економски поволности.

На парламентарните избори во 2002 година, ДА освоила 1,4% од гласовите и не освоила мандати во Собранието.

Наводи

уреди