Претседател на Собранието на Македонија
Претседател на Собранието на Република Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.
Претседател на Собранието на Република Македонија | |
---|---|
Логото на Собранието | |
Назначувач | Собранието на Република Македонија |
Мандат | Четири години |
Прв функционер | Стојан Андов |
Создадена | 1991 |
Плата | 2.700 €/месечно[1] |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери од ДУИ.[2]
Потпретседатели
Потпретседателите на Собранието на Република Македонија му помагаат на претседателот на Собранието во вршењето на неговата функција и го заменуваат во случај на отсуство или спреченост. Потпретседателите на Собранието се избираат од редот на пратениците и нивниот мандат трае четири години. Актуелни потпретседатели на Собранието се Рената Дескоска од СДСМ, Рафис Алити од ДУИ, и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.[3]
Список на претседатели (од 1944 до денес)
Список на претседатели на Народното Собрание на Социјалистичка Република Македонија (1944–1991)
- Партија
- Статус
Список на претседатели на Собранието на Република Македонија (1991–денес)
- Партии
ЛПМ СДСМ ДА ЛДП ВМРО-ДПМНЕ ДУИ ВРЕДИ
- Статус
№ | Име (роден/а–починал/а) |
Слика | Мандат | Политичка партија | |
---|---|---|---|---|---|
1 | Стојан Андов (1935–2024) |
8 јануари 1991 | 6 март 1996 | ЛП | |
2 | Тито Петковски (1945–) |
6 март 1996 | 19 ноември 1998 | СДСМ | |
3 | Саво Климовски (1947–) |
19 ноември 1998 | 30 ноември 2000 | ДА | |
4 | Стојан Андов (1935–2024) |
30 ноември 2000 | 4 октомври 2002 | ЛП | |
5 | Никола Поповски (1962–) |
4 октомври 2002 | 8 ноември 2003 | СДСМ | |
— | Лилјана Поповска (1956–) |
8 ноември 2003 | 18 ноември 2003 | ЛДП | |
6 | Љупчо Јордановски (1953–2010) |
18 ноември 2003 | 2 август 2006 | СДСМ | |
7 | Љубиша Георгиевски (1937–2018) |
2 август 2006 | 21 јуни 2008 | ВМРО-ДПМНЕ | |
8 | Трајко Вељаноски (1962–) |
21 јуни 2008 | 27 април 2017 | ВМРО-ДПМНЕ | |
9 | Талат Џафери (1962–) |
27 април 2017 | 26 јануари 2024 | ДУИ | |
9 | Јован Митрески (1980–) |
26 јануари 2024 | 28 мај 2024 | СДСМ | |
10 | Африм Гаши (1977–) |
Податотека:Afrim Gashi 2024.jpg | 28 мај 2024 | ВРЕДИ |
Наводи
- ↑ Функционерите ќе добијат по 1000 евра покачување на плата
- ↑ За претседателот sobranie.mk
- ↑ Потпретседатели на Собранието sobranie.mk