Административна поделба на Узбекистан

Узбекистан е поделен на 12 области наречени вилаети (узбечки: viloyatlar, едн. viloyat), 1 автономна република (respublika, respublikasi) и 1 независен град (shahar, shahri). Областите понатаму се делат на вкупно 160 окрузи (tumanlar, едн. tuman).

Областите во Узбекистан означени со броеви

Список

уреди
Област Узбечки
(латиница / кирилица)
Админ центар Површина
(км2)
Население
(2014)[1]
Бр. на
карта
Ташкент Toshkent
Тошкент
335 2.352.900 1
АР Каракалпакстан Qoraqalpog’iston Respublikasi
Қорақалпоғистон Республикаси
Нукус 160.000 1.736.500 14
Андиџанска област Andijon viloyati
Андижон вилояти
Андиџан 4.200 2.805.500 2
Бухарска област Buxoro viloyati
Бухоро вилояти
Бухара 39.400 1.756.400 3
Кашкадарјанска област Qashqadaryo viloyati
Қашқадарё вилояти
Карши 28.400 2.895.300 8
Навојска област Navoiy viloyati
Навоий вилояти
Навои 110.800 901.100 7
Наманганска област Namangan viloyati
Наманган вилояти
Наманган 7.900 2.504.100 6
Самаркандска област Samarqand viloyati
Самарқанд вилояти
Самарканд 16.400 3.445.600 9
Сирдарјанска област Sirdaryo viloyati
Сирдарё вилояти
Гулистан 5.100 763.800 10
Сурхандарјанска област Surxondaryo viloyati
Сурхондарё вилояти
Термез 20.800 2.308.300 11
Ташкентска област Toshkent viloyati
Тошкент вилояти
Ташкент 15.300 2.725.900 12
Ферганска област Farg’ona viloyati
Фарғона вилояти
Фергана 6.800 3.386.500 4
Хорезмска област Xorazm viloyati
Хоразм вилояти
Ургенч 6.300 1.684.100 13
Џизачка област Jizzah viloyati
Жиззах вилояти
Џизак 20.500 1.226.800 5

Енклави и ексклави

уреди

Узбекистан има 4 ексклави во Ферганската Долина, на тромеѓата меѓу Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Трите се опкружени со киргиска територија. Две од нив се Сох со површина од 325 км2 и население од 42.800 жители во 1993 г. (по некои проценки дури 70.000 жители, од кои 99% се Таџици, а 1% Узбеци[2]) и Шахимардан, со површина од 90 км2 и населени од 5.100 жители во 1993 г. (91% Узбеци и 9% Киргизи). Другите две се мошне малите територии Чон-Кара (или Калача) со должина од 3 и ширина од 1 км, и Џани-Ајл (или Џангајл) со пречник од само 3 км. Чон-Кара лежи на реката реката Сох, поеѓу узбечката граница и ексклавата Сох.

Селото Серван во Таџикистан е таџичка енклава, со атар долг 15 и широк 1 км, долж патот од Ангрен за Коканд.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Просечен број на постојано население, 2014
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-31.