Региони во Еритреја
Еритреја е поделена на 6 региони („зоби“). Регионите потоа се делат на подрегиони. До 1996 г. земјата се делела на покраини со културно-историско потекло. Новата делба е според според речните сливови, и се води според стопански и развоен модел.[1]
Секој регион има локално избрано собрание и управник назначен од претседателот.
Регионалните собранија се задолжени за изготвување на буџети за локални проекти и да се занимаваат со претставките на локалкното население. Во програмите спаѓаат активности како културни настани, инфраструктура и пошумување.
Бр. | Регион | Население | Админ. центар | ISO |
---|---|---|---|---|
1 | Маекел (Централен) ዞባ ማእከል |
1.053.254 | Асмара | ER-MA |
2 | Ансеба, ዞባ ዓንሰባ |
893.587 | Керен | ER-AN |
3 | Гаш-Барка, ዞባ ጋሽ ባርካ |
1.103.742 | Баренту | ER-GB |
4 | Дебуб (Јужен) ዞባ ደቡብ |
1.476.765 | Мендафера | ER-DU |
5 | Северен црвеноморски, ዞባ ሰሜናዊ ቀይሕ ባሕሪ |
897.454 | Масава | ER-SK |
6 | Јужен црвеноморски, ዞባ ደቡባዊ ቀይሕ ባሕሪ |
398.073 | Асеб | ER-DK |
Наводи
уреди- ↑ „Еритреја ќе има 6 административни региони“. Eritrea Profile. 20 мај 1995. (англиски)