Разговор со корисник:SmartM&M/Архива4

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Не беше посочен извор за Слика:Grint.weaseley.OotP1.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Grint.weaseley.OotP1.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 20:53, 12 март 2009 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 20:53, 12 март 2009 (UTC)

Зоки, навистина незнам зошто така покажува и така прави. Јас ја ставив лиценцата, ама тоа не ја покажуваше и сега повторно ја искуцав иако и претходно била добро искуцана и сега е се појавува има дури и опис. --Макс(разговор) 13:27, 13 март 2009 (UTC)

Јас сеуште не видов резултати за ујдурмата со шаблоните  :-(--Р ашо  13:31, 13 март 2009 (UTC)

Немам што да ти кажам, вчера морав да се нафатам да го преведам тоа за Големата преселба на народите, поради лични причини и реков дека подоцна ќе го средам тоа со државите, но заборавив и сега ќе заборавев да не ме потсетеше, признавам до вечер ќе бидат 100 %. Поздрав. --Макс(разговор) 13:33, 13 март 2009 (UTC)

Избрани статии во посебни страници

уреди

Сакам да Ве известам дека гласањето за преместување на содржината од страницата Википедија:Кандидати за избрана статија во посебни страници, што треба да продолжи и во иднина заврши со 4 гласа   , ниту еден воздржан и ниту еден против. Веќе е направен првобитниот изглед на страницата Википедија:Канидати за избрана статија, а предложена е и првата статија во новиот формат. Ќе Ве замолам активно да се вклучите во уредување на вакви страници за сите останати избрани статии. поздрав и успешна работа.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:58, 30 март 2009 (UTC)

Статии за години во филмот

уреди

Здраво, Макс. Знам дека имаш големи интереси за уредување во врска со филмот, а се сеќавам и дека се жалеше на лошите категории и ленатата со категории за годините во филмот. Јас штотуку ги уредив сите статии, почнувајќи од 1885 до 2009. Мислам дека статиите ни се потребни, а гледам дека има категории за филмови по оделни години, со кои би можеле даги пополниме овие статии. Исто така, во делниот дел има и категорија за истоимената година во филмот, која ќе ни овозможи поголема прегледност во работата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:17, 2 април 2009 (UTC)

Хари Потер и принцот...

уреди

Смарт, зошто ја избриша содржината на статијата? --Виолетова (разговор) 20:16, 18 април 2009 (UTC)

Прво, навистина не разбирам од кога вие се грижите за таа тематика (без навреда), а второ имам во план целосно да ги преобработам сите Хари Потер статии (во моментов баш работев на една). Но се разбира тоа не е доволна причина за бришење! Но, јас лично отворив посебна секција во статијата каде објаснува кој е тој Полукрвен Принц и затоа погорната секција е непотребма. Исто така подсекциите во секцијата содржина служат за поделување на самата содржина а не објаснување на одредени поими. Како случајот со Хорас Слагхорн. И, сега излезе и македонскиот превод од оваа книга, кој се уште го немам купено, но преку мејл се допишував со преведувачката и ми извести дека станува збор за Хорас Слагхорн, а ме Хорациј Слагхорн. Што значи причина за бришење е дека додека не се стават „поточни“ работи на статијата, подобро е да се избришат постоечките ако се навистина непотребни. Се во свое време! Наскоро ќе ја купам и книгата и масовно ќе се посветам на преведување на ХП статии. Сега не ги преведувам и обработувам Хари Потер статиите толку многу бидејќи потребно ми е да видам како се преведени одредени ликови и локации! Поздрав. --Макс(разговор) 20:26, 18 април 2009 (UTC)
За првото - не си во право - не се грижам за тематиката, туку за непотребно бришење на статии (од каква тематика и да се). Затоа и те прашав, бидејќи ти е фах филмот, па можеби текстот не бил во ред. Инаку ќе го вратев назад без да те прашам (без навреда). За второто, мислам дека еднаш зборевме на Википедија да не се бришат целосно содржини на статии кои не се погрешни, без да се стави новата содржина. Кога некој ќе ја отвори статијата барем да прочита нешто. Сега нема што да прочита... п.с. можеби треба да пишеме - „чекаме Смарт да ја купи книгата, па да ја пише статијата, дотогаш никој да не се осмелил да пише нешто“... --Виолетова (разговор) 20:40, 18 април 2009 (UTC)
Добро, извини! Нервозен сум во моментов! Навистина! И не размислувам баш бистро исто така. Инаку целосно си во право! Ако може остави ја така како што е! Утре ќе ја средам да личи на нешто (додека не ја купам :))! Ако не па врати го тоа! Што да ти кажам! (или дел од тоа)! :) Извини уште еднаш! --Макс(разговор) 20:45, 18 април 2009 (UTC)

Предлог за преведување на референци

уреди

Видете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}-   гитардемон 23:38, 23 април 2009 (UTC)

Инфокутија ТВ канал

уреди

Здраво Смарт. Сакам да ти посочам дека новиот шаблон што го направи за ТВ канал не е соодветн и не подобар. Ако сакаш можеш да го подобриш постоечкиот но параметрите да останат исти зошто се мешаат поимите. Така на пример, МТВ нема сопственик, таа е државна, а со новиот шаблон се наведува дека има сопственик. Поздрав--MacedonianBoy 22:28, 25 април 2009 (UTC)

Оваа кутија е подобра! Мислам од прв поглед се гледа! Ако ти пречи тоа што тој одреден параметар е грешен тогаш промени го параметарот, односно стави под сопственик државна или сл. Мислам дека сум целосно во право! Многу СЕЛСКА ни станува Википедијава немаме никаков квалитет само копираме од некои нешто или даваме само колку да се има а навистина не е потребно. --Макс(разговор) 17:20, 4 мај 2009 (UTC)
Ако ти е многу селска и се копира тогаш немој ни да го копираш тој шаблон од англиската. Си имаме свој на македонски. И сега заради твоите глупости сите телевизии што сум ги правел се пореметени. Врати го шаблонот и користи го стариот. А за селска има да се извиниш на селската чешма и оро ќе играш.--Р ашо  17:23, 4 мај 2009 (UTC)
Каков цивилизиран однос.--MacedonianBoy 17:34, 4 мај 2009 (UTC)
Извини, но кои статии што си ги отворил? Јас како што знам сите статии што го користеа овој шаблон ги приспособив на новиот шаблонски изглед! Ми останаа само уште неколку! Што се однесува до „селска“ тоа е мое мислење поради кое сум и уредувач на Википедијава! И јас го копирав шаблонот од англиската и постојано копирам работи ако навистина се добри! Но има милион работи кои не се добри ниту таму, поради кои од неодамна станав и таму корисник и таму прво ги уредувам статиите па потоа тука ги преведувам! Тоа горе што го споменав дека се копираме е целосно надвор од контекст и не знам ни зошто го воопшто споменав, но веќе кога го споменав се држам до тоа! --Макс(разговор) 17:33, 4 мај 2009 (UTC)
Бујрум еве ги овде. Сега поправај--Р ашо  17:43, 4 мај 2009 (UTC)
Фала многу! --Макс(разговор) 17:47, 4 мај 2009 (UTC)
Еве готово е се! Толку тешко беше? НЕ? Туку не беше проблемот во тоа дали е тешко или лесно туку дека на Маседонијан Бој му пречело тоа што кај македонската државна телевизија имало напишано сопственик! Ако треба уште една ваква задача слободно кажи! --Макс(разговор) 18:17, 4 мај 2009 (UTC)
Мене ми пречат други работи не тоа. Кога се зафаќаш со една работа досреди ја до крај а не да ја оставаш до никаде.--MacedonianBoy 18:28, 4 мај 2009 (UTC)
И пак не си досредил како што треба. Ставај го логото во шаблонот, вака пак е покакан шаблонот од претходниот.--MacedonianBoy 18:29, 4 мај 2009 (UTC)
Добро извини можеби малку грубо постапувам кон тебе и кон други! Во моментов не можам да зборувам! Но ти можеш да ми оставиш порака што точно треба да променам не само во шаблонот! Општо! Сакам да помогнам! Што било! Утре ќе видам што си ми напишал и ќе ти кажам! Извини уште еднаш за грубиот пристап. --Макс(разговор) 18:50, 4 мај 2009 (UTC)

Албуми на Тоше

уреди

Што се толку згрешени статиите па да ставаш шаблони за бришење? Наместо тоа можеш да ја средиш, а имињата и треба на српски да се зошто песните се отпеани на тој јазик. Поздрав--MacedonianBoy 19:26, 26 април 2009 (UTC)

Мајстор за шаблони

уреди
  Мајстор за шаблони
Те прогласувам за мајстор на перфектно направени шаблони. Само продолжи така! --brest (разговор) 17:08, 1 јуни 2009 (UTC)________________________________________________________________


Зошто?

уреди

Зошто кутијата на Мередит греј е обоена со сина боја, а ти убаво ми кажа дека на сите женски ликови треба да им бите розева. -- dav(разговор) 10:06, 3 јули 2009 (UTC)

Милион пати повторив! Значи милион! На македонскава википедија нема корисници кои би соработувале со мене на оваа тема, и затоа станав активен на англиската и се здружив со неколку корисници и го формиравме проектов. На него усогласивме неколку работи за овие статии меѓу кои беше сите ликови да бидат со иста боја односно сина - поточно некоја посветла нијанса на сината. Не сум стигнал кај сите статии на нашава википедија да ги воведам промените бидејќи ниту на англиската се уште не сум стигнал да ги воведам на сите статии. И Давид тебе те немаше речиси цела година и оттогаш веќе и на МСН ти кажав дека многу работи се сменија и се ти објаснив дури и ова, ама кој слушаше така? Што значи убаво ти нагласив дека женските ликови ќе имаат розова инфокутија пред 8 месеци, а не пред 8 дена! --Макс(разговор) 13:43, 3 јули 2009 (UTC)
Чувствувам агресивност во твојот начин на изразување. Јас само те прашав за да знам зошто Јанг е розева а Греј сина, немаше никаква логика, а потоа видов дека ти си ги направил тие промени. Незнам зошто толку агресивно ми се обраќаш (ко да ми се љутиш), мислам дека недоразбирањето за 500 статии го објаснивме. Како и да е, причината заошто ги разгледував статиите на вовед у анатомија, е дека ти ставаш погрешни регеренци, поточно: ставаш name=primer како што е на англиската вики, но оригиналната референца ја нема, така што таа референца горе се заведува како погрешна. Потруди се барем прикажи преглед копчето да го стиснеш пред копчето зачувај (барем јас така правам). ај поздрав. -- dav(разговор) 05:59, 4 јули 2009 (UTC)


И ова, горниот пост не сакам, да го сватиш како навреда, туку како објаснување, Ти се извинувам ако порано сум те навредил, но сакам да знаеш дека не сум го сакал, и дека мојата причина била, и сегокаш ќе биде за доброто на Википедија. -- dav(разговор) 05:59, 4 јули 2009 (UTC)
Добро очигледно не можеш да се помириш со моите претходно упатени забелешки кон тебе и сега постојано сакаш да најдеш нешто во што имам згрешно. Епа помири се, човек сум и грешам како и ти! И не ако толку мислиш за доброто на Википедија тогаш знаеш добро дека можеш на МСН да ми пишеш, но пишуваш овде некое си „извинување“ кое никогаш не си ми го кажал претходно. Се прашувам од каде е таа промена? Хм, да не е во тоа дека на овој начин сите други корисници ќе можат да ги видат твојата „чесност“ и „добронамерност“, а со тоа и дека јас сум „негативецот“ во приказната а ти си повредениот? Затоа не ми глуми и пиши ми посебно за да разјасниме се, бидејќи од мене без никаков проблем секогаш добиваш образложувања на сите работи за кои се прашуваш и плус извинувања ако се потребни, а од тебе не сум добил ниту објаснувања а и ниту извинувања, дури ни само зборот извини! „Ај, позз“ --Макс(разговор) 12:19, 4 јули 2009 (UTC)
Овој разговор јас го започнав со љубезно прашање. Поентата не беше дат ти најдам некоја мана, или пак да се истакнам како голем и великодушен википедијанец, поентата беше да дознаам зошто боите во инфокутиите се нелогично испомешани. Ти тоа го свати како навреда, и како мој начин да се прославам на Википедија. Мене не ми е гајле дали другите википедијанци ме гледаат како великодушен, или како злобен, бидејќи знам дека наскоро нема да се кандидрам за админ. За мсн, тогаш кога сакав да те прашам за инфокутиите, ти не беше он-лајн, те почекав неколку минути, но ти пак не беше он-лајн, затоа се решив да ти пишам на разговор. Ако тоа ти смета, само кажи, не мора одма со вреѓањето да почнуваш. Уште еднаш ќе кажам, не сакам да се карам со тебе, па затоа уште еднаш ти се извинувам ако нешто сум ти згрешил. -- dav(разговор) 16:12, 4 јули 2009 (UTC)

Шаблонот за дрес

уреди

Ај провери го сега, ако треба да се преведе нешто кажи, ако не ок е. Поздрав--Никола Стојаноски 14:58, 4 јули 2009 (UTC)

Една мала забелешка

уреди

Еј здраво. Фала многу за забелешката, ќе ми користи многу. Што се однесува за имињата, погледни како е напишано името на Милан па кажи ми што мислиш, затоа што името беше само на кирилица, а доле Macedonian boyго напиша и на латиница. Верувам дека е многу добро кога имињата би биле напишани и на латиница (или во оригинал), па ако мислиш дека е ок да се пишува така како што е кај Милан, јас би ги сменил имињата на сите статии што ги имам направено. А за времињата, треба цело време да пишувам во минато свршено (бил)? Мене не ми беше баш јасно тоа и практикував да пишувам во минато несвршено (беше) како да сум раскажувач, а не прераскажувач. Па види и пиши ми. Голем поздрав. --MrBones (разговор) 13:03, 16 јули 2009 (UTC)

Ок, фала на советите, само сега едно не ми е јасно...како да станам член на википроектот спорт??? хех

Teen Angels

уреди

Фала за добронамерните совети, знам дека ова се е добронамерно и не се лутам се разбира :) ... ќе поправам се како што рече ти и ќе ја допишам статијата, затоа што не ја дозавршив па после тоа ќе ми кажеш дали ти се допаѓа во целост каква или не... ПОЗЗЗЗ 1111tomica (разговор) 12:05, 20 јули 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 12:05, 20 јули 2009 (UTC)

Билион

уреди

Ме нема редовно летово, фаќам викенди надвор од Скопје, па со задоцнување за билион: тоа е прашање за математичар, не е за лектор, бидејќи во македонскиот литературен јазик постои зборот билион, исто како што постои трилион, милијарда итн. Знам дека имаме различен систем за броење со Америка, и дека нивниот билион кај нас е милијарда, што не значи дека и ние немаме број што е билион. Разликата е во бројот на нулите. Еве ти една корисна страница по тоа прашање: милион, билион, трилион...

А што се однесува до разликите во името МекГоун или Мекгоун или пак Мек Гоун, најдобро е да ја користиш онаа верзија која веќе се употребува во Македонија (за употреба на мек пред презиме - имај го на ум начинот на кој е преведен Мекдоналд) Поздрав --Виолетова (разговор) 15:28, 24 јули 2009 (UTC)

Жива ограда

уреди

Здраво. Да, овдека станува збор за растение. Но, родот на растенија систематизиран како Ligustrum на англиски се нарекува Privet (а македонското име е жива ограда :D ). Зелениката или нејзиниот синоним шимшир (внимавај: не се вика шишмир :D ) е македонско име за родот Buxus (а англиското име е boxwood, што значи дека грешно ти кажале дека Privet е името за овој род).

Според ова, во твојот текст треба да стои жива ограда. Поздрав, Бојан имаш за кажување? 18:53, 24 јули 2009 (UTC)

Благодарам

уреди

Фала многу Макс за наградата... ќе пишувам се повеќе и повеќе на мк википедиа и сите ние заедно ќе ја направиме нашата википедија да биде голема конкуренција на англиската ;) ... POZZZ

Нема на што, кога ја заслужуваш... ја заслужуваш! :) Поздрав и продолжи само така! --Макс(разговор) 09:35, 5 август 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски јазик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:44, 6 август 2009 (UTC)

Ќе те замолам сериозно да го разгледаш ова известување. Како редовен уредувач, мислам дека твоето име заслужува да се најде во листата. Многу ни значи поголемата подршка. А, не се открива идентитетот со ова. Ова е нешто како обично гласање. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:33, 6 август 2009 (UTC)
Да, дефинитивно ќе учествувам во ова. Искрено ме мрзеше да отворам сметка кога ја видов порака, но сега не ме мрзи, така што веднаш се допишувам! Сметај на мене :) --Макс(разговор) 10:47, 7 август 2009 (UTC)

Гернси

уреди

Здраво. Потребно ми е да ставам знаме на еден играч кој потекнува од Гернси, ама ми пишува дека нема шаблон за таа држава. Истиот проблем го имав и со еден играч кој потекнува од Сиера Леоне. Па може ли некако да ми помогнете? Поздрав --MrBones (разговор) 16:30, 6 август 2009 (UTC)

Еј извини, што дури сега ти одговарам, но дури сега имав можност да се уклучам. Како и да е, се обидов да видам што е проблемот, но неможам точно да утврдам. Затоа ако може појасни ми што точно ти треба, односно покажи ми ги тие статии и веднаш ќе ги направам шаблоните. Претпоставувам дека нема за овие одредени држави шаблони бидејќи не се толку познати, а на нашава Википедија, да бидеме искрени едвај има за познати држави, а не па за не познати. Значи појасни ми што точно ти треба, и со задоволство би ти ги подигнал тие шаблони, наведи ми и други држави ако ти се потребни, тука сум за да помогнам :) Поздрав! --Макс(разговор) 10:43, 7 август 2009 (UTC)
Еј здраво. Очекував дека кај мене ќе пишеш и затоа не вратив веднаш:). Инаку статијата е Италијанско фудбалско првенство 1898, а потребно ми е да го наведам знамето од каде што потекнува Џон Кертиер Ле Пели. Исто така ми требаше Сиера Леоне за еден млад играч на Милан кој би сакал да го наведам во составот поради тоа што понекогаш го пуштаат да заигра. Па ако можеш да ми помогнеш би било супер. Поздрав.--MrBones (разговор) 18:10, 8 август 2009 (UTC)
 Ок Завршено. Еве ги и двата - Гернзи, Сиера Леоне. Значи, како што претпоставував бидејќи не се толку познати двете држави, немало подигнато шаблон за нив, така што еве сега има. Ако ти треба уште нешто слободно кажи - не ми е никаков проблем - сосем спортивно ми претставува задоволство. Поздрав и продолжи со добрата работа.

Награди за рецензија на избрани статии

уреди
  Награди за рецензија на статии
Јас, Kiril SImeonovski, Ви доделувам вам, SmartM&M, награди за Вашата работа околу средувањето на статиите-кандидати за доделување на статусот избрана статија. Продолжете така и понатаму!--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 7 август 2009 (UTC)

Аирлија нека е. Ги заслужи. И во иднина, да знаеш, по една ѕвездичка за секоја статија.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 7 август 2009 (UTC)

Ха ха ха, фала многу! Навистина ме изненади! ФАЛА МНОГУ (се радувам на наградиве ко нов корисник! Ха ха. :) Фала уште еднаш :))! --Макс(разговор) 12:28, 7 август 2009 (UTC)

За Викимедија Македонија

уреди

Здраво, Макс. Ќе те замолам ако може да ни помогнеш околу наоѓањето на луѓе, кои ќе го подржат основањето на Викимедија Македонија. Ако познаваш некои од другите корисници, кои моментно не се активни на Википедија и ако имаш контакти со нив, ќе те замолам да ги известиш за оваа работа. Навистина мислам дека ни е потребна поголема подршка за краток временски период. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:54, 7 август 2009 (UTC)

Во ред, имам неколку корисници на ум, а планирам и да наведам и неколку да ни се придружа, што значи 5-6 корисници можам да привлечам, но сепак ништо не ветувам, колку можам толку. Поздрав! :)

Супер. Јас чекам Dav да се врати од одмор и евентуално ако се активира некој корисник, којшто има уредувано.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:36, 9 август 2009 (UTC)

Да и јас го имав Давид на ум :) И да, дента пред да отиде на одмор зборував со него и рече дека ќе продолжи со активност. --Макс(разговор) 16:58, 9 август 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „SmartM&M/Архива4“.