Разговор со корисник:SmartM&M/Архива1

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Волшебнички

уреди

Нема потреба од такви пораки. Штом ги завршиш статиите, едноставно подигни ги и тоа е тоа. Википедија не е јавен сервис, туку слободна енциклопедија и не припаѓа никому посебно, туку на сите. На статиите никако не смеат да стојат пораки; ако статијата е во изработка, нека биде никулец или нека не постои. Исто така, ништо од статиите не смее да содржи белег на некој корисник; сѐ треба да изгледа како енциклопедиски текст. --Поречанец A? 17:35, 3 април 2008 (UTC) Не знам дали ме разбра, ама не смееш да го правиш тоа што го правиш. Зборувам за пораките како „Статијата е во изработка ве молиме бидете стрпливи...“. --Поречанец A? 21:35, 4 април 2008 (UTC)

Хаха, да, знам кој си :P Мојата страница за разговор е токму местото каде што треба да ми се обратиш ако ти треба нешто, тоа си го погодил ;) Јас сум спремен да ти помогнам, но само ако ме прашаш конкретно за некоја работа што те интересира. За почеток би те упатил да го прочиташ ова, што му пишав на друг нов корисник, да не се повторувам сега. За пораките што ми ги пишуваш, прочитај го она што го пишува во жолтата кутија на почетокот на мојата страница за разговор. Поздрав. --Поречанец A? 10:47, 6 април 2008 (UTC)


Портал:Филм

уреди

Здраво! Забележав дека се интересираш за тв серии, можеби се интересираш и за филмови. Би ти предложил да ми се приклучиш на иницијативата за формирање портал за филм на мк.википедија. Неделно ќе додаваме по една одбрана статија, одбрана биографија, слика, цитат и вести. Доколку те интересира и сакаш да ми се приклучиш, пиши ми слободно.

Поздрав, --Brainmachine 16:27, 8 мај 2008 (UTC)

ДА, ДА, ДА, ДА, ДА, ДА. Сметај на мене. Фала Богу на некој му текна да организира нешто. Објасни ми се и почнувам фала фала фала фала.

--SmartM&M 21:41, 8 мај 2008 (UTC)

Копче „Прегледај“

уреди

Те молам да го користиш копчето „Прегледај“, се наоѓа веднаш до „Зачувај ја страницата“. Не ја зачувувај страницата сѐ додека не си прилично сигурен дека нема веќе да ја уредуваш. Прегледите многу ќе ти помогнат во утврдувањето на грешките што си ги направил и што уште ти недостасува. --Поречанец A? 17:35, 13 мај 2008 (UTC)

Како да придонесеш

уреди

Добредојде во иницијативата! Твојата помош ќе биде ценета. За да помогнеш, сега за сега може сите да почнеме со тоа што ќе почнеме да создаваме/средуваме определени статии поврзани со филмот, бидејќи сме многу сиромашни со материјал. Наскоро ќе биде лансиран и порталот, но најпрвин треба да се определи што тој ќе има, а притоа можеш да придонесеш со тоа што ќе предложиш и дискутираш за неговите содржини на страницата за разговор. Тоа е сѐ за сега. Со текот на времето ќе ја оправиме некако работата. ;)

Сакам да ти воочам нешто што го забележав. Немој да пишуваш нови статии кои содржат англиски текст, односно се copy/paste од англиската википедија и директно ставени во новата статија, непреведени, како што си направил за Пру Халивел. Ако уредуваш голема статија, објавувај ги дел по дел преведените енциклопедиски текстови како што ќе ги завршуваш. А за екпериментирање можеш да си отвориш своја корисничка подстрана - песок, како на пример - Корисник:SmartM&M/Песок и таму да го копираш изворот од англиската википедија и да го уредуваш полека додека не ја завршиш статијата, та тогаш да ја направиш страницата за статијата. Не би било убаво, сега на пример некој просечен читател да си ја разгледува википедија и да ја најде статијата за Пру, напишана на англиски и несредена. Ако ти треба нешто, прашај на мојата страна за разговор. Не дека сум јас којзнае каков википедијанец, јас едвај десетина статии направив, па затоа треба да работиме организирано и тимски. Поздрав, --Brainmachine 22:10, 13 мај 2008 (UTC)

Шаблон:Инфокутија Лик

уреди

Еве ти. --Поречанец A? 20:57, 15 мај 2008 (UTC)

Здраво,Макс

уреди

Ај, не се секирај, ќе средиме и серии и Хари Потер. Искрено, јас сум зафатен овие денови и многу малку можам да придонесувам, а и плус ме мрзи бреееј.. Ќе ставам листа на серии во проектот, и тие се вклучени. Запознај се со Delix, еден мој пријател кој е голем Хари Потер фан и со книги и со филмови и сѐ. Со него ќе соработувате. Плус, знам уште некои Хари Потер фанатици во мое маало, ќе гледам да ги навлечам малце на википедија ако можам.. ;) Инаку, вие првин почнете да пишувате статии за Хари Потер, можете да почнете од филмовите, а јас ќе ви се приклучам и во меѓувреме ќе работам на порталот. Ќе ја оправиме некако работата. Ај пиши ми ако ти треба нешто, позз --Brainmachinewtf? 23:06, 20 мај 2008 (UTC)

  • Па како што рече човекот така е. Моментално со Брејнмашин сме зафатени, учиме заедно, од тестови и писмени работи, така до 29.-30. Мај нема да бидеме многу активни. Плус си имам проблем со интернет конекцијата. Може да ги кажеш идеите за Хари Потер и ако можам ќе ти помогнам. Моментално ја уредувам страната за Каменот на мудроста (филмот) само малку споро ми оди. Сасмо каде ќе се допишуваме, овде или кај мене на разговор :). Мило ми е што има барем уште еден ХП фан овде. Поз --Delix 06:54, 23 мај 2008 (UTC)
  • Дечки не те игнорирам само што немам по толку време па да преведувам статии и да се договарам со другите, јас сум овде да преведам нешто и со тоа да допринесам, не можам да се активирам по проекти и тн. на почетокот на летото мислев дека ќе можам но околностите се сменија, извини ако те разочарав --Delix 20:25, 6 август 2008 (UTC)

Еве листа на ТВ серии

уреди

Листа на ТВ серии. Не е дополнета за аргентински, колумбиски, мексикански не ти знам какви серии. --Brainmachinewtf? 21:28, 22 мај 2008 (UTC)

Важно! Портал:Филм

уреди

Види го ова. Поздрав, --Brainmachinewtf? 13:19, 7 јуни 2008 (UTC)

Празни страници и друго

уреди

По којзнае кој пат, те молам немој да креираш празни страници. :(

Друго, немој да го правиш ова. Страницата ќе се најде во таа категорија ако на неа додадеш [[Категорија:Американски телевизиски серии]], но не треба да ја додаваш на страницата на категоријата. --iNkubusse A? 02:19, 8 јуни 2008 (UTC)

Вовед во анатомија

уреди

Ќе ги направам и епизодите од втора сезона. Сега планирам да пишувам статии за филмови, да има за порталот, па подоцна може ќе ти помогнам да ја прошириме статијата за Вовед... --Игор 15:40, 12 јуни 2008 (UTC)

Ако тебе ти се куца, слободно куцај ги епизодите опширно, не гледам зошто да нема и поопширни статии. :) Мене многу не ми се пишува тоа, и овие содржини ми се превземени од страната на А1. Еве, штотуку додадов за втора сезона. --Игор 16:32, 12 јуни 2008 (UTC)

Некористени неслободни слики

уреди

Немој да подигнуваш неслободни слики за праведна употреба, без навистина да ги користиш сликите во некоја статија. Односно, прво напиши статија за Миранда Бејли, па подигни ја сликата Слика:Mirandab.jpg. Сега ќе ја избришам, а ако имаш готова статија на којашто ѝ е потребна сликата, извести ме да ја вратам. --iNkubusse A? 13:01, 20 јуни 2008 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:Harrypotter 047.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Harrypotter 047.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 14:59, 7 јули 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 14:59, 7 јули 2008 (UTC)

Здраво Макс, ова погоре е автоматизирана порака заради сликата со каменот на мудроста, ќе треба да ја отстраниме бидејќи не можев да ѝ го најдам изворот, се обидов и на google и на en.wiki. Ништо страшно, ова е само рутинско известување. Поздрав, Brainmachinewtf? 14:59, 7 јули 2008 (UTC)

Да нема проблем како ќе кажеш ќе направам. Туку сликава е подигната од хрватската википедија. Не ја најдов на интернет бидејќи Алек(инкбус) ми кажа да барам од интернет туку да земам од англиската Википедија или ако ја има во комнс. И јас викам чим може од англиската тогаш и од хрватската. Нема везе позз. Фала што ме извести. --Макс(разговор) 07:59, 8 јули 2008 (UTC)

Re:Невро и кардио

уреди

За неврохирургија ти напишав на страницата на статијата — Разговор:Неврохирургија зошто е правилно со невро, а не со неуро. Не знам дали си прочитал, види. Ајде, слободно кажи што е проблемот со кардиохирургија, не се срами, наши сме си. :D Поздрав, --Brainmachinewtf? 21:14, 8 јули 2008 (UTC)

Бурк е кардиоторакален хирург, така му пишува во статијата на англиската вики. Еве ја нашата статија — Кардиоторакална хирургија --Brainmachinewtf? 22:07, 8 јули 2008 (UTC)

Награда

уреди
 
За напорна работа и голем вложен труд при изработка на статии Доделил
MacedonianBoy
Brest
Навистина cool, ме претрча MacedonianBoy во доделувањето, додека го пишував одговорот, не е фер. Се придружувам и јас на наградата.--brest 18:12, 13 јули 2008 (UTC)


За наградата

уреди

Здраво Макс, ти се обраќам во врска со тоа што си го напишал кај Brest. Знај дека твојот труд не е незабележителен. Мислиш дека не те следиме, уште од почетокот, и iNkubusse и јас, и дека и до денес не те следиме?! Брат, кога кликам на скорешни промени, и твоите придонеси нема кај да бегаат. Туку тоа што не ти велиме ништо, не значи дека не забележуваме, туку напротив, сфати го како добро нешто, бидејќи тоа значи дека работиш правилно. Ако правеше грешки, ќе добиваше внимание, ќе те опоменувавме и ќе те исправувавме. Тоа е лош публицитет. Тоа не ти треба. Стана експерт за ВвА, а лесно ќе можеш да преминеш и на било какви др. статии и затоа немаш право да велиш дека си „далеку од искусен корисник“! Знај дека правиш доста добро на оваа википедија и немој ни да си помислил да се откажеш, зашто ќе те пронајдам лично и ќе те истегнам за увото! Инаку за наградите, ми падна на ум да ти направам едно барнстарче, но искрено се предомислив. Не беше никаков проблем - го имав шаблонот {{Барнстар}} готов, а веќе на неколку души имам доделувано награди, и тоа понекогаш каде што имаше потреба од тоа. На Александар му доделив два, но тоа бидејќи навистина ги заслужуваше со целиот труд, но сето тоа беше чисто во симболична природа; на ESC еден бидејќи е доста импресивно колку многу ги има покриено статиите со серии. Една доделив на Kiril Simeonski, чисто за мотивација за да ги работи статиите подобро. Една доделив и на еден странски корисник кој ги средуваше интервики врските, бидејќи прво е странец, а пак помага овде, а второ, помага со доста банална работа и тоа му беше како предизвик да продолжи со тоа што го работи. Кога дојде за тебе, ми падна една мисла - чекав да ги покриеш сите актери, ликови и аспекти и планирав да те израдувам со еден предлог за ВвА портал (сега, толку од изненадувањето). За добивањето на награди имај го ова на ум: Јас трчам овде да постигнам и со средувања на статии, и со средувања на слики, и со давања на добредојде на нови корисници, пружење на помош и објаснување каде грешиле, па пишувања на помошни курсеви за нив, па иницијативи за разни средувања, па стигнувам на крај и по некоја статија да напишам. Искрено, тоа што го работам не е ни блиску до максимум, но сепак е нешто, а на целиот труд што го постигнувам никој до денес не ми е дал ниту една значка или сликичка. И тоа не е никаква причина да се разочаруваш од Википедија. Дечко, ти да знаеш колку срање има за средување или каков е односот на некои од другите корисници, има да изгубиш надеж во животот, а не во Википедија. И запни малце со тоа статиите, среди ги сите солидно, па ќе направиме еден портал, па да видиш дур тогаш колку сладок ќе ти биде тој барнстар што ќе го добиеш. И знаеш што? Ќе сфатиш дека всушност не е сладок. Кога ќе погледнеш само што си сработил, ќе бидеш задоволен само од тоа, трудот ќе ти биде посладок. А инаку, си се намачил, а си добил една глупава графика?! Ќе сфатиш дека дека вредноста на твојот труд не може да биде купена со еден глупав шаблон, интересна сликичка и една реченица. Ќе сфатиш дека така е и во животот, дека за вистинските работи кои вредат, нема да ти биде потребно ништо друго освен личната сатисфакција. Научив дека википедија е еден своевиден мини-космос. Таа е одлична аналогија за животот. Затоа размисли убаво зошто придонесуваш на овој проект. И размисли убаво што правиш на овој свет. Ако придонесуваш само за себе; ако живееш само за себе, тогаш мочај се и во придонесите; мочај се и во животот - тоа ќе ти донесе само јад. Инаку се извинувам. Доста сум импулсивен и склон кон философирање. Можеби не треба да пишувам толку за едни глупави награди, но искрено, ме начна во срце, токму заради таа аналогија. Секогаш кога ќе ти треба помош, знаеш дека можеш да ми се обратиш. И честито на наградата што ја доби. Поздрав, и остани со добро здравје. --Brainmachinewtf? 21:18, 13 јули 2008 (UTC)

За ВП:ОДД

уреди

Гледам дека си се ставил во листата на учесници на ВикиПроект Оддржување. Дали си апсолутно сигурен дека сакаш да бидеш член, бидејќи работата се состои од средување на категории, интервикија, лошо напишани статии, барање и ставање на лиценци на слики и разни други технички работи? --Brainmachinewtf? 14:33, 15 јули 2008 (UTC)

Гледај за сликите сега знам отприлика, вики врски да средувам знам, речникот на зборови ми е на задоволително ниво така да мислам дека можам. Глеј не сум до толку искусен но видов дека нема многу членови во тој проект па си реков тие нека ги работат најтешките работи а за мене нешто колку да се моткам околу најлесните работи колку да им олеснам работа на тие што знаат да можат тие да се посветатат на нешто што треб да се посветат. Ако мислиш дека ми е рано да се приклучам нема проблем ќе почекам уште неколку месеци. Позз!!!--Макс(разговор) 14:38, 15 јули 2008 (UTC)
Ок, мило ми е што имаш желба да ни помогнеш. Некои можат и да се угледаат на таа особина. Инаку, кога пишуваш одговор, не мора да оставаш и на двете страници. На пр., сега си одговорил кај мене, а исто си одговорил и овде. Не мора така да правиш, ако јас ти пишам овде прв, одговори овде, јас ќе го видам тоа, ги набљудувам страниците. Ајде поз, патем, направен е шаблонот, види Разговор за категорија:Македонски филмови. Brainmachinewtf? 14:44, 15 јули 2008 (UTC)
Ок нема проблем за одговорите сеа ќе го видам шаблонот и дали ова значи дека влегувам во проектот. И еј што се случи со таа сликата од Хари Потер ти пишав објаснување кај тебе на страната за разговот пред неколку дена позз!!!--Макс(разговор) 15:01, 15 јули 2008 (UTC)

За барањето

уреди

Здраво, листата на сите шаблони кои можев да ги најдам - овде. Да, слободно можеш да ставаш такви шаблони на статиите. Имај на ум, понекогаш покорисно би било да се поправат на лице место недостатоците, во случај да се малку (на пр. правописни грешки), отколку да се стави шаблон. Листа на портали и субпортали имаш овде. Сините врски се создадени страници, кликај по нив за да видиш во која состојба се порталите. За листа на категории не можам да ти дадам, бидејќи такво нешто тешко е да се направи. Сепак, ако сакаш да ги разгледуваш категориите, можеш да почнеш од врвот, од Категорија:Содржина, тоа е главната категорија, и да се движиш надолу. Листа на ВикиПроекти имаш на Википедија:Портал. За категоризацијата, немам материјал кон кој можам да те посочам сега, ќе ти напишам водич или ќе ти објаснам некако на кратко како да создаваш категории, тоа еден од овие денови ќе ти покажам (моментално е 3 часот изутрина и не можам да мислам :P ), ти ветувам. За новите корисници, кажувај го планот, отворени сме за предлози. ;) --Brainmachinewtf? 01:07, 11 август 2008 (UTC)


Готово dav 09:01, 12 август 2008 (UTC)

Благодарам

уреди

Благодарам што ми посака добредојде, се надевам дека ке бидам корисен члen на македонскава Википедија. Има толку многу статии кои допрва треба да се напишат. Thanx again! Bloomwood 20:14, 13 август 2008 (UTC)

Проблеми со авторските права за Слика:Original BarnstariNFO.png

уреди
 
Проблем со авторските права

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Original BarnstariNFO.png. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.

Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 19:34, 16 август 2008 (UTC)

Награда

уреди
 
Јас Корисник: Dav, му доделувам Диско-топка на Корисник: SmartM&M, за неговата голема посветеност и непрекината работа на Википедија.
Назад на корисничката страница на „SmartM&M/Архива1“.