Разговор со корисник:Guitardemon666/Архива 2

Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.

Народни песни

уреди

По која основа ги избриша народните песни!? Од каде тоа дека некој има авторски права над нив!? Под итно да ги вратиш сите избришани песни, и воопшто прекини да бришеш статии на своја рака. --Милош 19:11, 18 ноември 2006 (UTC)

Да речиме дека ми текна отко ги избришав дека се народни т.е. нема никој права над нив... почнав да ги враќам, ама глупост беше ова...

Димон, би те замолил да се воздржуваш од бришење на "огромни количини" на статии. Сега сме најсконцентрирани што побрзо да достигнеме над 10.000 статии (за да бидеме во листата со поразвиените Википедии, меѓу кои и албанската). Откога ќе биде тоа, тогаш би можел да "рафинираш". Поздрав, Boyan 01:28, 19 ноември 2006 (UTC)

Бришење

уреди

Ова е веќе алармантно. Одсега инсистирам да се консултираш за бришење на секоја статија со исклучок на тие со бесмислен или неточен наслов (но само оние кои немат содржина). Доколку насловот е точен, а содржина не постои, кратка е или нерелевантна, се брише содржината, а не самата статија. Доколку насловот е неточен, статијата едноставно се преместува кон точен наслов. За секое бришење вон овие норми ќе мораш да се консултираш се некого на релевантната страница за разговор. Не се надевај дека некој ќе подзаборави или попушти. Веќе направи огромна штета на проектов. --Б. Јанкулоскиразговор 08:01, 19 ноември 2006 (UTC)

Разгледав малку што се случувало и морам и јас да се приклучам кон укорите... Ни најмалку не е во ред такво однесување, се надевам дека во иднина ќе го корегираш. --Aleksandar SK 19:26, 19 ноември 2006 (UTC)

Guitardemon666, олабави малце, озбилно. Премногу негативна енергија... Членуваш во заеднички проект, треба да научиш и да прифаќаш туѓи мислења. --Милош 23:47, 20 ноември 2006 (UTC)

Категорија:Појаснувања

уреди

Да, приметив. Проблемот е во тоа што доколку категориите се преместуваат или преименуваат, категоризираните статии сепак ќе одат во наведеното име, а не во пренасочената страница. Подобро е седи избришана...и така категоризацијата е автоматска (заедно со шаблонот), па не постои можност за корисник да промаши и да почне да става во грешна категорија. Тука нема проблем. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 21:20, 22 ноември 2006 (UTC)

Зошто?

уреди

Зошто си правиш непотребни проблеми? [1] ОК, вака, Бојан е ценет и почитуван администратор, и тоа што го напишал е "his business". Тоа што ти го правиш од кога си станат администратор слабо влијае на твоите изгледи да станеш "ценет и почитуван". Тоа што премолчав некои работи, не значи дека се согласувам со нив. Прво, маратонското бришење на статии ќе беше добро да не зафатеше некои навистина валидни статии. Вистина, немаме комплексна политика за бришење како англиската Википедија, но некои од бришењата, и посебно глувоста што ја покажа спрема протестите на различни корисници, навистина те компромитира како администратор. Второ, случајот со Владимир Петков. Има едно правило што се вика - Don't bite the new users, а ти во случајот се понесе како прав силеџија. Трето, имаш генерално конфликтен став, кое произлегува од горенаведените работи. Ти си администратор зошто треба да ги решаваш конфликтите, а не да ги создаваш. Што постигнуваш со ова, побогу? Што со бришењето на статии како Дулеби? Што ќе постигнеш ако се расправаш со Бојан Јанкуловски? Ќе ти кажам што ќе постигнеш - некој ќе потегне постапка да за да бидеш сменет од администраторска позиција. Мислам дека најблиску до тоа е токму тој, кај кој навистина ја прелеа чашата. Мој (добронамерен) совет е да го тргнеш навредливиот коментар од кај него што е можно побрзо. Пожелно е и да се извиниш. Не сакам да имаме посериозни конфликти меѓу малкуте луѓе на Википедијава, ама не можам ништо против тоа што ти упорно работиш да си создадеш непријатели. --FlavrSavr 00:48, 24 ноември 2006 (UTC)

  • Токму така. Чашата е прелеана. Доколку не примам извинување заедно со сосема корегиран однос како администратор и како корисник, веднаш покренувам постапка за да бидеш симнат од функцијата која (незнам зошто) ти е доверена. --Б. Јанкулоскиразговор 06:07, 24 ноември 2006 (UTC)

User languages

уреди

Мислам дека ги средив сите шаблони/категории. Кога ќе имаш слободно време провери да не сум заборавил нешто. --Милош 20:54, 28 ноември 2006 (UTC)

Во страницата за Sv која е изведена SI единица сте додале текст кој треба да се преведе за equivalent dose. Тој дел ќе го избришам бидејќи:

1. Дозен еквивалент не е единица мерка, туку оперативна физичка големина

2. На посебна страница за дозен еквивалент, јас почнав да ги ставам дефинициите за дозен еквивалент.

3. Постојат повеќе ‘подвидови‘ на дозен еквивалент кои треба да бидат добро дефинирани. --Lidija

Во однос на дефинирњето на овие големини, кое се прави согласно ICRP, и во англискиот дел од wikipedia малку им се збркани работите. Дозволете, сепак ова е мое професионално подрачје на експертиза. --Lidija

Благодарам

уреди

за сите корегирања на текстовите кои ги ставам на Википедија :)

Arwena 23:44, 30 ноември 2006 (UTC)

Страница - Сиверт

уреди

Do Guitardemon666

Зошто направи каша попара од страницава која ја уредував. Дефинираш нешто што треба да биде дефинирано во друга страница, мешаш физички величини и мерни единици. Не знам што си по професија, но гледајќи ги преводите сигурно твој домен не е медицинска физика, радијациона дозиметрија и заштита. Затоа немој да правиш преправки во текстовите. Доколку имам потреба за помош во однос на ‘wiki‘ јазикот ќе те консултирам.


Lidija

Дефиницијата што си ја превел (со многу неправилности), се однесува за дозниот еквивалент, за кој што почнав посебна статија. Тоа е ФИЗИЧКА ВЕЛИЧИНА а не ЕДИНИЦА МЕРКА, како што е Sv. И дај фати се за нешто друго, и така сеуште не сум вногу вешта со 'wiki' јазикот уште ти ми правиш збрки. Lidija

другар кочи малки

уреди

Ако имаш некој предлог повели направи ги измените. Доколку немаш тогаш не се прави мангуп, затоа што тоа не е вкусно.--brest 15:32, 1 декември 2006 (UTC)

Воден

уреди

Каде отиде статијата за Воден? Избришана е? - Македонец 14:15, 4 декември 2006 (UTC)

Ааа, добро. Ме збуни тоа прееска, гледам Воден со црвени букви... одам на пребаувач ми покажува дека статијата е празна, а убаво се сеќавам дека ја правев пред некое време (баш пишував за езерата и водопадите во околината по кои градот го добил името). Поздрав - Македонец 17:03, 4 декември 2006 (UTC)

Re: Воден и бришење на статии

уреди

На критиките за бришење на статии се надоврзувам и јас. Заедно со Корисник:FlavrSavr се потрудивме да ја вратиме статијата за Воден и да ја видоизмениме, затоа што трпеше националистички тенденции.

Гледам дека си бришел и статии кои ги ставав јас, посебно оние за иконите, и пак си ги ставал на Википедија. Абе добро мајка му, зашто постои оваа страница за разговор и страниците за разговор со другите корисници?

Смирија топката и спушти го егото. Википедија со, или без тебе, ќе се развива. Тука сме да соработуваме, а не на своја рака да правиме измени како што ќе ни текне. Гледам дека и други корисници те критикувааат. Значи дека проблемот лежи во нешто друго.

Од сега натаму инсистирам за секоја промена на внесен комплетен текст од некој корисник, да го консултираш истиот, доколку му е оставен таков контакт.

Поздрав

Корисник:Arwena 12:26 pm, 05 декември 2006 (UTC)

Поплаки од корисници

уреди

Од полуофицијална политика на Викимедија: If you've been labeled as a dick, especially if you have been told this by several people in a particular community, it might be wise to consider the possibility that it is true. Имаш мали проблеми во пристапот, особено кон нови корисници. Мислам дека напредуваш, ама сеуште треба да поработиш на случајот. Никој не е особено воодушевен кога ќе дознае дека неговата прва статија била избришана, статијата за која издвоил драгоцено слободно време, и за која се справувал со технички проблеми со кои порано (веројатно) во живот не се среќавал. Не можеш да очекуваш дека новите корисници одеднаш ќе знаат се како се прави и пишува, треба да поминат минимум два - три месеца за комплетно да се адаптираат на оваа, за нив, нова средина. Помогни им во тоа, не им одмагај. Штетата е дотолку поголема, што тие нови корисници ќе фатат да зборуваат наоколу дека администраторите се арогантни, никој не им објаснува ништо што се случува итн. итн. Така што, пред да направиш некаков потег, размислувај и на последиците од него. --FlavrSavr 15:36, 5 декември 2006 (UTC)

Што бара Кирил Џајковски во Леб и сол?

уреди

Што мењаш без врска кога Кирил нема ничто со Леб и Сол --ДАБ 23:57, 11 декември 2006 (UTC)

Гаро

уреди

Ако пишува самостојна дискографија треба да се соло албуми, амо тоа не се соло албуми туку со Парамециум или други --ДАБ 00:28, 12 декември 2006 (UTC)

Солунски села

уреди

Ги знам повеќето македонски топоними на селата во Солунско и Кукушко. Ама утре ќе ги средам! - Македонец 22:49, 12 декември 2006 (UTC)

Еве ти страница каде што ги има македонските топоними на селата. Ми ја прати еден неименуван корисник! [2] Македонец 18:57, 13 декември 2006 (UTC)

Кога ќе кажеш нешто вакво, дај ја и причината, за да нема нејаснотии. Инаку, по начинот на кој се додавани, мислам дека тоа се препишани статии од некоја енциклопедија (оттаму и кршење на авторските права), па оттаму, доста добра е причината зошто си ги избришал... --FlavrSavr 12:02, 19 декември 2006 (UTC)

Абе така ми личеја, плус по азбучен ред додавани беа сите... ко од лексикон копирани... а не ги избришав толку ради то колку ради шо немаше ни интервики ни категории, па мачнини за уредвање... безвеза додавани страници... ама нема врска, не ми текнуваше причина во моментот... иначе ќе напишев

  guitardemon666   муабет   guitardemon666  

ОК, има поента тоа дека нема актуелности, ама секогаш размислувајте дали нема и Слика на денот да биде уште еден недоволно ажуриран дел од сајтот? Ова прашање треба да се стави на порталот, заради повеќе идеи, а и за да не испадне после некој некого не консултирал :). Што се однесува до статиите за селата во Егејска Македонија, уф, не сум сигурен... Не сум сигурен колку воопшто помогнаа празните шаблони за нив или одмогнаа. Забележувам дека особено е интересен делот "Личности" каде често се додава "дедо Трајко и баба Цана" и слични глупости, ако ме сфаќаш што сакам да кажам... :) Како и да е постави ги и двете прашања на порталот, па да се развие некаква дискусија... --FlavrSavr 23:56, 19 декември 2006 (UTC)

Корисникот

уреди

Најпаметно е да му посочиме како се уредува правилно (вики форматирање-стандардизација) и да не ги капитализира насловите пред да му ги бришеме статиите - да не испадне навредливо. Можевме да му соопштиме дека ќе ги преименуваме во стандардни наслови + ќе ставиме шаблони за предупредување за формат и викификација. Нема врска, сега ако нешто инсистира или се побуни, можемне да ги вратиме и да направиме така. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 00:13, 23 декември 2006 (UTC)

Под менување на главната мислиш на одбраната статија, претпоставувам. Мислам дека е ставена пред едно 3 дена, значи број уште 4. Види на разговорот за предлози, би требало таму да пишува. Ако не види на шаблонот за одбрани, таму ги има сите одбрани стриктно наредени по датуми. --Б. Јанкулоскиразговор 00:27, 23 декември 2006 (UTC)

За преводот

уреди

Оди на Специјални:Allmessages, од таму можеш да преведеш сѐ. --Милош 12:13, 23 декември 2006 (UTC)

Касниш :) (Специјални:Log/makebot). Една молба: во потписот додади датум, за да не рчкам по историја кога си пишувал. --Милош 12:37, 23 декември 2006 (UTC)

Decay scheme

уреди

Hello Guitardemon, some time ago, I put in a new article "Decay scheme" in German and English, and now I was amazed to see the first part of it translated by you into Makedonian. I cannot read Makedonian, but I can read cyrillic letters, and so I was amazed to learn that Makedonian is a Slavic language (thinking of Alexander the Great, I thought subconsciously that it would have to be Greek letters). I did not manage to log in, so I add my name below. Best regards, 83.164.7.118 22:32, 23 декември 2006 (UTC) HPaul

Нова Година

уреди

Па види, статиајта дава две посебни статии: en:New Year's Eve и en:New Year's Day. Да земеме секој по една, па вешто да ги споиме во една статија. Еве, јас се нафаѓам да ја преведам првата, ти втората. Подоцна ќе ги споиме и ќе направиме генерални исправки. Номинацијата може да оди и порано, заради важноста на статијата. И да, се согласувам докрајот на неделава да биде. --Б. Јанкулоскиразговор 23:59, 24 декември 2006 (UTC)

Не, не во општата веднаш под првиот поднаслов ги има овие две што ги наведов. Од општата може само краткиот вовед да се искористи. --Б. Јанкулоскиразговор 00:40, 25 декември 2006 (UTC)

Нуклиец?

уреди

Во ред, ќе копирам јазични линкови од англиските статии но не ми е јасно зошто страница мора да се означи како нуклиец??? Дали е навистина толку битно?--Johan1298 01:10, 25 декември 2006 (UTC)

П.С. во врска со вашето второ прашање, јас сум 100%-ен македонец но со повеќето време спроведено во Австралија...--Johan1298 01:16, 25 декември 2006 (UTC)


Одг: Слушај

уреди

Имам еден другар што работи на МиАновата Енциклопедија. Колку што јас знам, само таа и Британика се моментално на пазарот. Ќе го прашам дали текстовите се превземени од таму. Ако се, на следното ставање на материјал корисникот треба да се опомене со блокирање, ако продолжи, треба да се блокира, најпрвин на неколку часа, потоа ако продолжи, блокот се пролонгира на се подолг и подолг период. Само да се осигураме дека навистина додава копирајт материјал, да не испадне ни крив ни должен... --FlavrSavr 15:38, 25 декември 2006 (UTC)

Lieber Guitardemon, deine prompte Antwort find ich nett: mein erster Kontakt mit einem Makedonier. Für mich ist es gar nicht so einfach, dir auf deiner kyrillischen Seite eine Botschaft zu schicken. Aber es geht.

Was meinst du mit "Anyway leg dich einen Konto an mk.wiki an, da bin ich ein Administrator..."? Ich bin nämlich kein geprüfter Wikipedianer. Aber lernwillig. Herzliche Grüsse, HPaul83.164.7.118 20:42, 25 декември 2006 (UTC)

Како и кога се одлучува статија веќе да не биде никулец?--Johan1298 01:17, 26 декември 2006 (UTC)

Борат

уреди

Момок најискрено те замолувам да одстапиш од тврдоглавото менување на Казакстан во Казахстан од оваа статија. Додека не ми докажеш дека литературно македонски од граматика или правопис е Казахстан те молам НЕ ПИПАЈ, тоа е само контрапродуктивно и збунувачки а јас уште по тврдоглаво ќе го враќам назад.

Вирус

Благодарам

уреди

за вашата поддршка, секогаш.--Johan1298 16:15, 29 декември 2006 (UTC)

Работа за тебе:)

уреди

Ја започнав статијата за Костур (град) па бидејќи знаеш грчки, би било добро да најдеш за денешниот број на жители и податоци од денешнинава за градот. И Среќна нова година, бате! - Македонец 23:49, 2 јануари 2007 (UTC)

Воопшто не се секирај и вознемирувај од заканувачките писма на тој Бугарин! Само напред брат, јас сум со тебе! Ако треба и тепчка ќе правиме:) - Македонец 14:01, 3 јануари 2007 (UTC)

Информбиро

уреди

Добро, ај да слушнам зошто стави темплејт внимание на статијата што ја напишав за Информбирото? Од памет ги тресиш темплејтите внимание или што е? Ова е втор темплејт внимание што ми го ставаш на статија, по Трајчо Костов и затоа би сакал да слушнам објаснение за твоите потези. (Zdravko 15:32, 3 јануари 2007 (UTC))

О, човеку, што за разлика од мене знаел што е Википедија! Фала за информациите што ми ги даде. Не ги знаев, така што ме просветли максимално. За да бидам целосно просветлен, ај биди добар доуреди ја статијата за Информбирото така што ќе личи на вистинска вики статија, па јас да научам на конкретен пример што значело вистинска вики статија. Ние прости сне, абер не знаене шо е викистатија (Zdravko 13:40, 4 јануари 2007 (UTC))

Колку што пратам дискусии помеѓу корисниците и други се жалат на тебе дека им ставаш темплејти внимание и никулци. Не дека не треба да ги гибаш статиите што јас ќе ги напишам, но малку повнимателно со темплејтите. Ако човек ставил внатрешни врски, категории, интервики врски и на крајот, најважното, ако потрошил релативно доста време за да ги најде податоците што ќе ги внесе во статијата, едноставно потценувачки е да му ставиш темплејт внимание. Веќе еднаш ти кажав и пак ќе ти кажам. Без избрзани потези!!!!!! Не мора сите статии да имаат нешто твое. Надмини го тој комплекс и добар администратор ќе бидеш. Без тоа, наместо од помош, ќе бидеш од штета. Се надевам не се кандидира за администратор и не беше избран за тоа за да бидеш контрапродуктивен. Размисли околу тоа. Поздрав (Zdravko 13:19, 5 јануари 2007 (UTC))

Гледам дека си многу тврдоглава личност и тоа воопшто не ми се допаѓа, ниту пак сметам дека е тоа добра работа за некого што е на позиција администратор. Како тоа не си бил контрапродуктивен?! Кажи ми, што и фалеше на статијата за Информбирото за да и ставиш таг внимание? Еве, пак ќе ти речам, уреди ја бе уфилман човеку, на таков начин што таа нема да има потреба од таков таг. За јас да научам како треба да изгледа една статија за да го нема тој таг. Нели, ти си администратор, а јас глуп корисник кој не знае ништо за вики стандардите. Должност ти е да ме научиш. Ако не, откажи се од функцијата администратор! Очигледно не си за тоа (Zdravko 13:32, 5 јануари 2007 (UTC))

Самобендисан типацу, или докажи дека си во право или извини се дека си згрешил. Вака испаѓа дека ем не си во право ем инсистираш на тоа дека не си згрешил. Едно нека ти биде јасно, направи уште една ваква постапка на статија што јас ќе ја напишам и покренувам постапка да ти се одземат привилегиите на администратор. Она што најмалку ни треба е исфрустриран типац со привилегии на администратор, што појма нема од однесување со останатите корисници, ниту пак од тоа што се вики стандарди (Zdravko 13:24, 6 јануари 2007 (UTC))

Theme centered interaction

уреди

Hello Guitardemon, last year I spent a week in Alsace at a multilingual course on living together in the European Union. In April, there will be something similar in Berlin (http://ec.europa.eu/education/trainingdatabase/search.cfm / Ref. DE-2007-607-02). My crazy idea: Seeing your interest in many languages, I thought this might be something for you.

But I am afraid there will be no stipend of the European Union for a Makedonian.

Sylvaine Jaud, who will lead the course, thinks that an introductory course in Theme centered interaction might be better for you - there will be some in 2008.

Greetings, HPaul 140.78.105.41 13:50, 16 февруари 2007 (UTC)

Zdravo Brest,

Blagodaram za premestuvanje na stranicata "Makedonski radioprogrami vo Australija".

Moze li da me upatis kade moze da najdam pomos ca ureduvanje na stranicive. Glavna idea mi bese brojot na stranici na makedonski jazik da go podignam nad 10.000 pa ova bese prvo sto mi tekna. Isto bi sakal direktno da pisuva kirilica namesto preku translator (pisi latinica pa prefrli vo kirilica http://www45.brinkster.com/makfontovi/Downloads.asp?pid=20).

Blagodaram.

Branko Gligorov Melburn - Avstralija

бондо

уреди

Kennst du dich ein bisschen mit mazedonische Dialekte aus? Auf polnische Wikipedia hat jemand geschrieben, dass einige makedonische Dialekte benutzen "бондо" als "ich werde sein". pl:Język polski#Samogłoski nosowe Ist das Wahrheit? Wenn Du weisst es nicht, wer kann das wissen? Und wie ist "ich werde sein" in literarisches Mazedonisch? BartekChom 20:12, 19 јуни 2007 (UTC)

Vielen Dank! In keinem Dialekt? Und in literarisches Mazedonisch das ist "бидам"? BartekChom 13:01, 29 јуни 2007 (UTC)
Danke. Ich habe jetzt ein paar Fragen, aber sie haben mit Wikipedia wenig zu tun. Hast Du Lust, sie zu beantworten? BartekChom 15:38, 2 јули 2007 (UTC)
  1. јас ќе бидам - јас ist 1. Ps. Sg. Pronomen, und ќе bezeichnet Futur. Aber wenn ich mich nicht irre, бидам ist schon 1. Ps. Sg. Futur, wie polnisch będę. Also was mit бидам, ќе бидам, јас ќе бидам? Sind sie unmöglich, wie bist klein, bedeuten doch etwas anders oder bedeuten dasselbe?
  2. Phonetik. Ich vermutte, dass egzistieren mindestens 5 "Familien" weicher Konsonante: . Und zum beispiel tschesische ť, die als [c] beschreibt wird, ist [tc͡] und entschpricht polnischem ś [ɕ]. Und die Schreibung von ќ ѓ sugerirt,dass sie richtige [c] [ɟ] bezeichnen. Wenn Du sogar IPA nicht gut kannst, du kanst sagen, ob tschesicher oder hungarischer Laut mehr änlich mazedonischem ѓ ist, und ob du sagen würdest, dass die. Und was würdest Du über њ sagen?
  3. Aspekt. Sind mazedonische Verben pervektiv und imperfektiv, wie robić und zrobić (machen)? In polnisch wir haben Aktiv: robiłem, robię, będę robił, rób, robiłbym (Präteritum, Präsens, Futur, Imperativ, Konjunktiv imperfektiv, außer rób 1. Person) und zrobiłem, zrobię, zrób, zrobiłbym (perfektiv, zrobię - Futur); Passiv był robiony/został zrobiony (er wurde gemacht), jest robiony (er wird gemacht) und będzie robiony/zostanie zrobiony (er wird gemacht werden). Und welche formen existieren in mazedonisch? BartekChom 21:43, 6 јули 2007 (UTC)

Разгледував наоколу по македонскава википедија и приметив дека имаш голема желба да уредуваш и исправаш каде ќе стигнеш. Тоа може да биде и добро, ама ти претеруваш и си многу некритичен спрема самиот себе. Приметив дека си деградирал доста статии со твоето постојано барање на влакно во јајце... Немав намера да мудрувам, ама навистина чуствував потреба да те искритикувам, затоа што прилично себично се однесуваш. Те молам добро обмислувај пред да се нафатиш да „поправаш“ туѓи „грешки“.


Уште учиш во Горната? Знам дека википедија не е место за чат ама убо е да се има „соученик“ на неа, поздрав :D --strich 19:03, 23 септември 2007 (UTC)
Па значи си бил порано пуштен чим си веќе по матура. поздрав :D --strich 21:27, 24 септември 2007 (UTC)
Не се та(а)м бе :) . Не вервам да ме знајш, прва сум :).--strich 17:32, 25 септември 2007 (UTC)
фала за понудата :). ај малку он топик: уПм ојде WikiProject ROMacedonia на на англиската википедија--strich 21:57, 26 септември 2007 (UTC)

Нови пораки

уреди

Страницата ти почнува едноставно генијално! :) Ако ти текнало на тебе, заслужуваш награда за најдосетлив детал хахаха :D Поречанец A? 22:32, 24 септември 2007 (UTC)

Шаблон:Бугари

уреди

Со какво я вандализирам МК.У, яз започнав един шаблон само. Ако се шо е започнива со "бугар" е вандализам тогаш се извенувам от срце. Кажи как требва да постой и ке го уредам така. --Li4kata 13:42, 19 декември 2007 (UTC)

Поздрав од „старите Словени“

уреди

Здраво! Дали тоа си ти — Makedon-666 на старословенската Википедија? Ако да, зошто воопшто да правиш такви бесмислени промени? — Svetko 17:01, 24 декември 2007 (UTC)

Сега па ја

уреди

Секаква помош е добредојдена. Мислам и ми треба. Понекогаш правам грешки и самиот не приметувам. А тоа за точки и запирки и не пазам толку, зошто дитектно ги копирам и не ги погледнувам. Знаеш има преку 30 провинции и сакам да ги завршам деновиве. Ова ми стана пасија. Почнав со канадските провинции и ми стана интересно. Па ја средив Русија (делумно), Грузија, Ерменија, Ирска, Аргентина, Венецуела, па сега ова. Желба ми се Филипините, ама многу некако се. Ако ми помогнеш нема проблем,а? :))) Аха и тоа за интервики го правев, ама некако во последно време баталив. Исто и со надворешните врски. Понекогаш одам во квантитет, а не во квалитет. Поздрав -- Рашо  (Раз) 19:26, 2 март 2008 (UTC)

за последната промена

уреди

на таа статијата за кошаркарот самарџиски, избриша дека е под категорија никулци, иако е. како оди таа работа? не ми пречи многу, само конзистентност барам Gorjan 13:08, 3 март 2008 (UTC)

infobox country

уреди

Незнам дали сеуште го правиш овој шаблон, ама има доста работи непреведени, како главен град и слично. позз -- Рашо  (Раз) 10:57, 7 март 2008 (UTC)

шаблон:политики на филипините

уреди

Ај ако сакаш погледни го шаблонот Шаблон:Политики на Филипините, таму најдолу не е ко шо треба. Неможам да го оправам. Ако можеш види. позз -- Рашо  (Раз) 12:02, 8 март 2008 (UTC)

Распаѓачка кутија

уреди

Јас тоа одамна сум го приметил, и многу ми пречи, но по сѐ изгледа дека проблемот не е само во тоа како ќе се ископира шаблонот од англиската, туку нешто во работењето на самите шаблони. За тоа најубаво е да се праша Милош или можеби FlavrSavr. Јас имам пробувано сѐ што можам, но сепак не знам да го решам проблемот, но се надевам дека тие знаат. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 23:55, 9 март 2008 (UTC)

Распаѓачка кутија

уреди

Јас тоа одамна сум го приметил, и многу ми пречи, но по сѐ изгледа дека проблемот не е само во тоа како ќе се ископира шаблонот од англиската, туку нешто во работењето на самите шаблони. За тоа најубаво е да се праша Милош или можеби FlavrSavr. Јас имам пробувано сѐ што можам, но сепак не знам да го решам проблемот, но се надевам дека тие знаат. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 23:55, 9 март 2008 (UTC)

можеш ли да ја ставиш оваа слика [[Слика:Sv kliment gymn.JPG]] во Гимназија "Св. Климент Охридски" - Охрид‎; некако не го разбирам шаблонот или нешто не е воред. Мислам дека не би било лошо оваа слика да се најде тука. позз--Raso mk 21:40, 11 март 2008 (UTC)

јас мислев дека е подобро да седи во шаблонот,ама ок! а тоа училишната зграда е или сала како шо си пишал? --Raso mk 21:48, 11 март 2008 (UTC)

Света Гора

уреди

Заш си ја избришал Света Гора кога имав намера да ја дополнам? Немало потреба од тоа таман почнав а ти шо...си ја избришал! Не е фер можеш да ја вратиш назад. поз--MacedonianBoy 22:27, 11 март 2008 (UTC)

кошарка

уреди

Ми имаш поможено на некои статии, па да те прашам да видиш за сликата на дражен петровиќ, од кај србската и америчката википедиа, не се правата заштитени а не се отвора сликата кај нас. Дражен Петровиќ en:Image:Drazen_Petrovic.jpg или sr:Слика:Drazen-petrovic.JPG Gorjan 15:13, 19 март 2008 (UTC)

Здраво! За статиjата доадох уште независни извори и резиме. Те молам уште еднаш да го погледнеш разговорот. Сметам дека неутралната гледна точка не се спазва, бидеjки основната теза (нардвор Република Македониjа) дека Комитопули биле владетели на Бугариjа. Ако сметаш дека изворите не се доволно многу, ке продолжувам да додавам извори. Поздрав! --Мизиец 14:22, 27 март 2008 (UTC)

Hi. In the article discussion I've added a lot more independent sources (Oxford University, Cambridge University, Harvard , Yale University, ...) proving that the rulers from Komitopuli dynasty were Bulgarian rules (of the Bulgarian Empire/Kingdom). I've also prepared a small summary of the independent sources. I think that this article does not follow the Neutral View Point (NVP) principle of wikipedia, since the most common position is that Komitopuli were rulers of Bulgarian Kingdom (as you can see from the sources), and the claims of "Macedonian kingdom" is a private case (view point) generally used in Republic of Macedonia. I'd like you to reconsider protection of the article, and the most common view point to be added (of course it can be noted that this view point is not accepted in Republic of Macedonia). If you think that the independent sources are not enough to make a decision regarding this issue, I'll continue searching and adding more sources, proving my contention. Regards! --Мизиец 12:35, 4 април 2008 (UTC)

RasoMK has already agreed to this: „Јас како обичен корисник сметам дека не е мое да одлучувам, но сепак би предложил (ако се согласат и другите) на крај да стои дека тие и тие во Бугарија се сметаат за бугарски владетели“ [3] Also, few months ago the administrator Корисник:Виктор Јованоски added these rulers to the article [4] and we agreed to add the viewpoint of Republic of Macedonia to the bulgarian article and it's still there [5]. Regards! --Мизиец 12:27, 7 април 2008 (UTC)
Мислев ако видиш подобро, јас не се ни мешам повеќе во таа статија. Сметам дека е глупост да се трудиме да оправаме криви дрини дека нашите македонци не се ништо друго освен македонци. позз --Raso mk 12:38, 7 април 2008 (UTC)
That's the problem. After I provided plenty of reliable sources, the article was locked and you (Filip & Ajax) stopped discussing the problem, because it's locked and you've got what you want.
I think that the temporary solution does not suit the article just fine for now, because it shows a minority view point, it defers than all the other language articles and it does not cover the independent point of view. I've provided plenty of reliable sources from Oxford University, Cambridge University, Yale, Moscow State University & Stanford University, as well as from Belgrade University. They all cover the major view point, which is not even mentioned. --Мизиец 12:43, 7 април 2008 (UTC)

Здраво

уреди

Се мачам со ова, ама поќе тебе те бива. Дај ко ке можиш, види со овај шаблонот: http://en.wikipedia.org/wiki/Template:Infobox_national_basketball_team Ако можи за мк баскет репрезентација една да направиме Gorjan 23:56, 11 април 2008 (UTC)

Незнам шо правиш со шаблоните, ама моментално ми го уништи овој шо цел саат го правев до сега!!! :( види Шаблон:НВП. Мислам ке треба да си ги вратиш последните уредувања што ги направи . позз--Raso mk 12:42, 17 април 2008 (UTC)

Со тоа што го откажа уредувањето на брест и го пренасочи мислам дека неколку шаблони ке се упропастат.--Raso mk 12:48, 17 април 2008 (UTC)

Арнаут Маало

уреди

С обзиром на то да сте из Битоља, било би лепо да напишете нешто више о битољским малима, нпр Јени мало, Арнаут маало и тд. Наравно, то је само приједлог.


Здраво, мислам дека скорешната промена на Струмица [6] не е многу точна. Види ВМОРО (1893–1912), ВМРО (Автономистичка) (1919–1938) и ВМРО (Обединета) (1925–1939). --Мизиец 14:31, 21 април 2008 (UTC)

Мислам дека би било добро да ја заштитиш статијата од нерегистрирани корисници, заради скорешните вандализирања, претерува девојчето. Патем, зошто ми го врати уредувањето на Струмица? Општо правило е да не се ставаат никакви додатоци на имињата на личностите. Мислам, можеш да видиш и на нашите други страници, а и на англиската света Википедија, остај ги ти Бугарите ;) Поздрав. --Поречанец A? 14:45, 22 април 2008 (UTC)

Листа на аеродроми

уреди

Здраво Guitardemon666, би сакал да те прашам околу македонските аеродроми. Зошто постојат листи на аеродроми на Албанија, листа на бугарија и листа на Република Македонија. Според мене тоа е малку понижувачки како на бугарската википедија--Астрион 15:07, 27 април 2008 (UTC)

Па да де, прашањето ми беше зошто Бугарија да не биде Република Бугарија и слично, но како сакаш. Позззз--Астрион 15:38, 27 април 2008 (UTC)
Добро, доколку имате разговарано порано нема проблем. Што сакаш подетално околу аеродромите да помагам, бидејќи јас сум “затрескан“ со крстоносните војни, но пиши шо треба--Астрион 18:16, 27 април 2008 (UTC)
Пријатно бизнис патување, поззз:))--Астрион 18:29, 27 април 2008 (UTC)

Враќање...

уреди

Здраво Guitardemon666, имам прашање до тебе:)) Сакам да ми опишеш како се враќаат историите на една статија. Пример, една статија ја има некој “пазавенко“ вандализирано, и доколку не сакам да се “мачам“ едноставно да ја вратам на последната верзија. Позззззззз--Астрион 18:19, 30 април 2008 (UTC)

Хехе, знаев дека е лесно ама не ми текнуваше. Фала и пријатна работа--Астрион 18:32, 30 април 2008 (UTC)

За шаблонот, нема проблем, ќе се трудам за во иднина. Поздрав--Астрион 12:07, 2 мај 2008 (UTC)

Ελληνικά?

уреди

ξερεις Ελληνικα? εχεις μεινει Ελλαδα? HelloBulgarski 01:00, 13 мај 2008 (UTC)

Ειμαι Ελληνας χωρις κανενα κομπλεξ, εσυ? (απλα κοροϊδευω ελαφρα τους Μακεντονσκι)HelloBulgarski 16:44, 18 мај 2008 (UTC)

αληθεια εισαι μακεντονσκις? τελεια. εχεις καποιο site/email να μιλαμε? στειλε μου εκει> steveegaubeeu@gmail.com HelloBulgarski 22:42, 30 јуни 2008 (UTC)

πως παει αδερφε Μακεντοντσι?HelloBulgarski (разговор) 16:15, 22 октомври 2008 (UTC)

Здраво

уреди

Ако сакаш фино лепо да го блокираш корисников 79.126.180.92 поради вандализам и навреди на страна Биографија Миладиновци. Поздрав --MacedonianBoy 18:28, 17 мај 2008 (UTC)

Прашање

уреди

Бидејќи статијата за Баба Ванѓа е заклучена, дали некако може да се смени текст затоа што има печатна грешка, наместо Кожуф Планина, пишува Кужуф планина. Мала ситница ама заш да седи така...поздрав--MacedonianBoy 18:36, 17 мај 2008 (UTC)

Отклучи ја јас ќе поправам и тогаш пак заклучи ја--MacedonianBoy 18:49, 17 мај 2008 (UTC)

Ванѓа

уреди

PLS, заклучи ја Ванѓа! Почнаа бугариве!--MacedonianBoy 21:41, 19 мај 2008 (UTC)

Another warning

уреди

Hi, I'm not sure if you're familiar with Balkan's history, but during that time there were only one "Еxarchate" in Macedonia and it was the so called "Bulgarian Еxarchate" (take a look at Бугарска Егзархија), so "bulgarian" is not propaganda rather than "definition". I'll just add a hyperlink to Бугарска Егзархија, if the word "bulgarian" makes you nervous. Thank you. --Стан 18:55, 23 мај 2008 (UTC)

Само да прашам нешто. Дали се воведоја стандардите за користење исклучиво на македонски јазик на страните за разговор бидејќи гледам веќе си почнал на англиски да збориш со некој Стан. Чисто ме интересира ништо друго. поздрав --MacedonianBoy 19:27, 23 мај 2008 (UTC)

Не всушност нема никакво гласање, но имаше доста реакции од македонски корисници за тоа дека треба секаде да се користи исклучиво македонски јазик бидејќи бугарите не се ни трудат ни на англиски да пишуваат. Јас бев за тоа и некои корисници ама нема таква иницијатива сега за сега ама би сакал да се изгласа такво нешто. Страните за разговор па и некои статии од Стан се смешни пола и повеќе се на бугарски. Мислам дека [[7]] беше дел од разговорот. Поздрав --MacedonianBoy 19:35, 23 мај 2008 (UTC)
Извинете што се вмешувам, ама секој е засегнат од оваа работа. Прво, да ве потсетам да не излегуваме од границите на Википедија (се надевам нема) со ултиматуми што се косат со основните принципи (нели, слободна енциклопедија). Само потсетувам :) Никој не смее да забрани комуникација на Википедија, но сепак, си го имаме тоа право да бараме на Википедија на македонски јазик да се зборува македонски јазик. Добредојден е секој, и колку можеме, ќе му помогнеме (како што и правиме!). Сепак, очигледно, некој тука претерува, само затоа што мисли дека бугарски = македонски. Ако имате малку време, прочитајте ги моите мисли изнесени овде. Јас сум строго за сите принципи на Википедија, но не сум и за тоа да учам бугарски само затоа што некој мисли дека го знам од раѓање! :) --iNkubusse A? 20:09, 23 мај 2008 (UTC)

Question regarding Dimitar Blagoev & Baba Vanga

уреди

Hi Guitardemon666. I'd like to ask you is it normal when a cetain person takes one point of view like the bulgarian politician from Macedonia Dimitar Blagoev (take a look at "Димитар Благоев за Македонија и Македонците") to be widely accepted, but for another bulgarian clairvoyant from Macedonia like Baba Vanga (the opinion "Баба Ванѓа за Македонија и Македонците") to be deleted because it "provoked hate" among bulgarians and macedonaians?

I think that if the opinion of Dimitar Blagoev is present, there must be present the opinion of Baba Vanga as well (both from Macedonia). Isn't it more fair or it's against the offical theory of Republic of Macedonia and therefore must be erased? No offence. I'm asking you as an administrator and a person that should be independent in his dicisions. Regards! --Стан 09:06, 25 мај 2008 (UTC)

OK, I see your point and I'll remember it. Thank you! --Стан 14:52, 25 мај 2008 (UTC)

Начела

уреди

За тоа што те мачи, ти одговорив (секогаш одговарам таму кај што сум прашан), туку мене и нешто друго ме мачи, и тоа повеќе. Што мислиш за policies?! Официјално, не сме се договориле ништо, ама досегашните преводи од страна на разни корисници велат вака: 1. политики; 2. правила; 3. начела. Лично, мислам дека политики навистина нема смисла; правила повеќе ми има смисла, ама на Википедија нема правила како rules; а начела е ми е најсоодветно од овие три. Всушност, цврсто сум убеден дека тоа е најсоодветниот превод и мислам дека систематски треба да ги замениме сите политики и правила со начела (еднина: начело). Ќе ги прашам и Brest, Misos, Bjankuloski06 и Виктор Јованоски што мислат. --iNkubusse A? 10:44, 25 мај 2008 (UTC)

Твои слики без лиценца или извор

уреди

Здраво! Си ги подигнал сликите Слика:Reise Reise.jpg, Слика:Live aus Berlin.jpg, Слика:Mutter.jpg, Слика:Sehnsucht.jpg без лиценца и без наведен извор, а сликите Слика:Rosenrot.jpg и Слика:Herzeleid.jpg се без наведен извор. Те молам среди ги, наведи извор и лиценца, во спротивно истите ќе бидат избришани во рок од седум дена. Немој да ми се лутиш, или да ми удриш некој бан :( , само си ја вршам работата, помагам да се средат сите неправилно подигнати слики на оваа Википедија. Поздрав, --Brainmachinewtf? 20:47, 9 јуни 2008 (UTC)

Image uploads

уреди

I've tagged a couple of your image uploads as apparent copyvios. Please get these deleted, unless you have evidence of a free release by their authors. I'll also ask you to go through the rest of your images and check those too, both here and those that have been transferred to commons.

I'm very concerned about the overally poor performance of mk-wiki in terms of copyright protection, and I really think you as administrators should be setting a much better example to other users.

Mk-wiki has become a problem across projects in this respect, because we often get copyvio uploads from here spilling over to other wikis such as commons and en-wiki, where we have to do the cleanup, so I'd appreciate it if you could join forces with Brainmachine and INkubusse, who seem to intend cleaning up as much as possible.

(Sorry for the English, I still don't speak your language... )

Future Perfect at Sunrise 13:16, 17 јуни 2008 (UTC)

Could you help us there? You said that it is the oldest coat of arms of the city? How old is it? DO you got any source for this thesis? Otherwise we may need to delete it.

(As above: Sorry for the English, I still don't speak your language... ) Forrester 17:32, 6 август 2008 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:СалаСкопје.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:СалаСкопје.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 00:40, 19 август 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 00:40, 19 август 2008 (UTC)

Не беше посочен извор за Слика:Vladika.jpg

уреди
 

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:Vladika.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.

Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.

Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 13:42, 8 септември 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор или обратете се до Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 13:42, 8 септември 2008 (UTC)

Иницијатива

уреди
Иницијатива
           Здраво, Guitardemon666/Архива 2!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--MacedonianBoy (разговор) 19:24, 16 септември 2008 (UTC)

Граматика

уреди

Здраво, дали ти си славист? Што е правилно? Топката е во голот. Или Топка е во голот? Значи Топката во голот или топка во голот?! Исто е со Македонци во Бугарија или Македонците во Бугарија? Поздрав--Makedonij (разговор) 14:24, 5 октомври 2008 (UTC)

Здраво

уреди

Welcome back најпрво! За азбучниот ред ќе ги подредам подоцна кога ќе ги завршам статиите (мислам уште една има). Наредно, за зборот дистрикт, сакав да го користам монголскиот збор ама во превод одговара со зборот дистрикт па затоа го користам него. Не е проблем за менување на зборот зошто во ниеден наслов на дистрикт не се користи зборот како на пример дистриктот се вика само со името негово и понекогаш заедно со името на провинцијата. Запирката не ја користам туку ставам целосна бројка со точка одделени, всушност така сум ги користел секогаш. Данке за коментарите и мислам ова се мали забелчешки што лесно се корегираат. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 10:55, 24 октомври 2008 (UTC)

PS:За шаблоните незнам дали се поклопуваат бидејќи на мојот монитор ги дава супер, едно до друго.
Ок нема проблем за сугестиите и буквата е наша маќедонска З :) Поз -- MacedonianBoy  Oui? 11:11, 24 октомври 2008 (UTC)
Хах хахах, седи раат бе не си досаден. Јас надворешните врски ги преведувам на македонски а мислам и повеќето од активните сериозни корисници го прават истото. Што се однесува за референците, е тоа тешко некој дека го преведува на мк. Ставаме сите копи паст и готово. Мислам дека добра ти е забелешката, треба и тоа да се средува.-- MacedonianBoy  Oui? 11:19, 24 октомври 2008 (UTC)

Прашање и молба

уреди

Дали ќе можеш да ги смениш имињата на градовите од Егејска Македонија на македонски јазик, мислам на тие на твојата корисничка страна бидејќи се на грчки а на македонски јазик не се познати како така. Мислам дека Солун и Воден ти беа на грчки. Поздрав и извини вака за не толку важна замерка ама ме .... иритираат тие топоними. -- MacedonianBoy  Oui? 18:41, 24 октомври 2008 (UTC)

OK, as you say. Не дека страшно многу ме нервира ама мислев убаво е да ги негуваме нашите македонски имиња и да спречиме нивно исчезнување. Сепак ок е. Поздрав-- MacedonianBoy  Oui? 21:14, 25 октомври 2008 (UTC)

Предлог: „Википедија: Рецензија“ и систем за оценување на квалитетот на статиите

уреди

Здраво! Ве повикувам да го разгледате овој предлог. Прашањето е отворено за дискусија. Благодарам, Brainmachinewtf? 12:31, 25 октомври 2008 (UTC)

Здраво

уреди

Зошто го смени местото на шаблонот и сликата кај Јасновидост? Јас сметам дека шаблонот е поарно да стои долу кај делот „Види исто така“ Виолетова 12:20, 26 октомври 2008

Бидејќи тоа е стандард на некој начин (не само на нашата википедија, туку на повеќето ако не и сите) тие шаблони кои се дел од некој серијал да стојат најгоре во статијата, за да се забележуваат веднаш и другите статии од серијалот, т.е. дека воопшто е дел од серијал. Видете за пример Христијанство, Ислам и слично. И на нашата википедија го правиме тоа така. Ако сметате дека треба да се промени може да го предложите на гласање :)

  гитардэмон   говори со мной   11:22, 26 октомври 2008 (UTC)

На повеќето статии е така, ама не на сите. Сум видела такви примери во англсиката Википедија, затоа така го ставив... Во случајов логично ми е да стои кај „Види исто така“, бидејќи откако ќе го заинтересираш читателот на темата, таман му предлагаш што друго да види. Но, добро, каков терк имате овде - така нека биде... Виолетова 12:30, (македонско време) 26 октомври 2008

Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:55, 28 октомври 2008 (UTC)

Оддржување или одржување

уреди

Здраво, Guitardemon666. И јас мислев дека е правилно со едно „д“, но подоцна откога подразмислив ми текна дека „одржување“ всушност значи организирање или пчретставување (на пр. одржување на концерт, претстава и сл.), а „оддржување“ значи чување или негување. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:02, 28 октомври 2008 (UTC)

Добро тогаш. Само сега ни преостанува дали даго смениме „оддржување“ во некој друг посоодветен термин или да го избришеме едното „д“. Јас сепак мислам дека доколку го избришеме едното „д“ ќе се отвори дебата околу тоа. Те молам, баш најди некој соодветен правописен збор во правописот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:20, 28 октомври 2008 (UTC)

Здраво, Guitardemon. Гледам дека сте ја вратиле Слика:Apple-logo.png. Имајте во предвид дека Википедија не смее да хостира слики кои не се под слободна лиценца (како на пр. слободните лиценци Creative Commons или ГЛСД). Сите слики кои се подигнати, а чии авторски права сѐ уште се поседувани од нивните сопственици (како оваа слика, чиј сопственик е Apple Inc.) може да се искористат исклучиво под услови на праведна употреба за илустрација на енциклопедиска содржина. Ова значи дека заштитната трговска марка на Apple можеме да ја користиме само за статијата за Apple и евентуално за продуктите. Не смееме да ги користиме овие слики надвор од главниот именски простор, а особено не во потписи. За повеќе информации, прочитајте en:WP:IUP, en:WP:NONFREE, а и статијата en:Fair use (на англиски се сите). Поздрав, Brainmachinewtf? 14:31, 28 октомври 2008 (UTC)

Ве молам, убаво прочитајте го овој текст кој претходно го напишав горе. Oвој пат внимателно го прочитајте. --Brainmachinewtf? 15:01, 28 октомври 2008 (UTC)
Да, така е. :) Само побрзајте со статијата. За корисничката кутија, можеби мислите на оваа слика од оваа кутија? Сликата е дериват на оригиналот, но пак ја предложиле за бришење. (!) Brainmachinewtf? 15:42, 28 октомври 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222

уреди
Иницијатива 22.222
         Здраво, Guitardemon666/Архива 2!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

 ОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Иран ре

уреди

Абе а кога е правено тоа? Цел век има поминато. Тука сум јас. Големиот брат гледа се, само што е помалку активен, оти има и други работи. --Raso mk (разговор) 20:39, 13 ноември 2008 (UTC)

Назад на корисничката страница на „Guitardemon666/Архива 2“.