Drackula1985
Мокрени |
Мокрени или Мокрене (грчки: Βαρικό, Варик̀о, : Βαρικόν, Варик̀он, до 1926 година Μόκρενη или Μόκραινα, Мокрени, Мокрена[1]) е село во Грција, општина Суровичево (Аминдео), област западна Егејска Македонија со 698 жители (2001).
Географија
уредиСелото се наоѓа на 65км јужно од градот Лерин (Флорина) и на 21 километар западно од Кајлари во близина на Руднишкото езеро во подножјето на планината Вич.
Историја
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиСелото се споменува за прв пат во османлиски тефтер од 1481 година под името Мокрени со 69 домакинства.[2]
Селото традиционално гравитира кон Костур, а не кон Лерин и кон крајот на 19 век 19 век е под власт на градот Костур. А. Синве ("Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique"), кој се повикува на грчки податоци, во 1878 година пишува, дека во Мокрина (Mokrina), Костурска епархија, живеат 900,[3] а во Мекрани (Mékrani), Мегленска епархија, живеат 540 Грци.[4] В "Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника", издадена во Константинопол во 1878 година и ја прикажува статистиката на машкото население од 1873 г., Мокрени (Mokreni) е прикажано како село со 90 домакинства и со 260 жители Македонци.[5]Кон крајот на 19 век во Мокрени се отвора училиште. Во него во учебната 1883 - 1884 година предава Никола Тошев.[6]
Атанас Шопов го посетува Мокрени и во 1893 година тој напишал за Мокрени дека ретки се таквите села, кои имаат толку убава местоположба како Мокрени.
Во 1900 година според Васил Кончов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Мокрени живеат 1 180 Македонци христијани.По податоци на тогашната бугарска егзархија,Димитар Мишев во своето дело („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото има 1 464 жители.[7]
Мокренци учествуваат активно воИлинденско востание и на 28 август 1903 год. селото е опожарено до темел оо турските војски и стотици мокренци емигрираат. Според соопштенијата на водачите на Илинденско востание во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите меѓународни конзулати во Битола на 30 август 1903 во Мокрени изгоруваат сите 200 куќи и се убиени околу 300 лица.[8] Во 1905 година селото настрада одт грчки андартски напади.[9] Според Горѓи Константинов во Мокрени пред Балканската војна има 250 македонски куќи.
Потпаѓање под Грција
уредиЗа време на војната селото е окупирано од страна на грчките војски и останува во нејзино владение. Грчките војници го уриваат и училиштето, ги ги запалуваат сите архиви кои се воделе. Кметот и свештеникот се принудени да се откажат од се што ги поврзува со Македонија. Во 1926 селото е преименувано во Варикон.[10] Во 1932 година во Мокрени има 195 македонски семејства. Во 1945 година во селото живеат 690 Македонци, 200 од кои се со „негрчко национално сознание“, 90 со грчко и 400 со "неустановено национално сознание". Таен допис на полицискиот началник во Лерин од април 1940 година го посочува Мокрени (Варико) заедно со Екшису, Загоричани и Буф како едно од селата с најголема концентрација на Македонци во регионот.
Откако Грција беше окупирана од нацистичка Германија во април 1941 година во Мокрени е формиран Централниот македонски комитет.
Селото страда значително во време на Грчката граѓнска војна, во која загинуваат околу 150 жители на селото, а многу емигрираат.
Култура и настани
уредиСелото традиционално е познато по висококвалитетниот грав. Секоја година на Успение на Св.Богородица - 15 август во Мокрени се слави фестивалот на гравот.
Попис на население
уредиЛичности
уредидесно|мини|Никола Милев. десно|мини|Димитар Стојанов Нанов.
- Родени во Мокрени
„Drackula1985“ на Ризницата ? |
- Предлошка:MKD-flag Горѓи Тасев (? - 1903), македонски револуционер
- Предлошка:MKD-flag Димитар Стојанов Нанов, македонски револуционер, деец на ТМОРО, учесник во Илинденското востание[11]
- Предлошка:MKD-flag Никола Андреев (1879 - 1911), македонски револуционер и учител
- Предлошка:MKD-flag Никола Милев (1881 - 1925), познат историчар и публицист
- Предлошка:MKD-flag Никола Сиин, македонски револуционер
- Предлошка:MKD-flag Симеон Сиин (1863 - 1929), македонски револуционер
- Предлошка:MKD-flag Ламбе Стојановски (Нанов) (1929-), македонски борец, комунист во Граѓанската војна во Грција
- Предлошка:MKD-flag Петар Статев(1914-2010), македонски борец, комунист во Граѓанската војна во Грција
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μόκραινα -- Βαρικό
- ↑ Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 301. ISBN 2283604524.
- ↑ Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 56.
- ↑ Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 52.
- ↑ „Македонија и Одринско. Статистика на населението од 1873 г.“ Македонски научен институт, Софија, 1995, стр.110-111.
- ↑ „Македонски дневник (спомени на отец Трпо Поповски)“ 2006, стр.48.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, p.180-181.
- ↑ Васил Чекаларов, Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билјарски, ИК „Синева” Софија, 2001, стр.296.
- ↑ Христо Силјанов. „Ослободителните борби на Македонија“, том II, Софија, 1993, стр.211.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971
- ↑ Илюстрација Илинден, година 6, книга 5-6, март-април 1934, стр. 7.