Никола Андреев (костурски војвода)
Никола Симеонов Андреев, познат како Алај беј и Кољо Мокренски (1879-1911) — македонски револуционер, костурски војвода, член на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.[1]
Никола Симеонов Андреев | ||
Роден | 1879 | |
---|---|---|
Починал | 11 август 1911 |
Животопис
уредиНикола Симеонов Андреев е роден во 1879 година, во селото Мокрени, Костурско. По завршувањето на 6-ти клас во Битола, школувањето го продолжил во Военото училиште во Софија,[2][3] но не го завршил.[4] Завршил гимназија во Варна, Бугарија, и стапил во бугарската воена служба.[се бара извор] По професија бил учител и новинар.[се бара извор] Во 1902 година бил назначен за војвода на чета во Костурско.
Активно се вклучил во македонското ослободително движење во Костурско и Леринско. За време на Илинденското востание учествувал во заземањето на Невеска и Клисура, заедно со здружените костурски востанички чети.[2][3] По востанието заминал во Бугарија, но во 1904 година, повторно се вратил во Костурско и дејствувал како војвода на чета до 1907 година.
За време на Младотурската револуција во 1908 година, се повлекол и работел како учител во родното село, но во 1910 година, повторно ја продолжил борбата против турската власт во Македонија.
Убиен е на 11 август 1911 година, од страна на врховистите,[2][3] а според бугарските извори тој бил убиен од свој соселанец, Турчето.[5]
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 11
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 23. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 60. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 31. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 9.