Антакија
Антиохија ( турски: Antakya, грчки: Αντιόχεια) е град во Јужна Турција, центар на покраината Хатај. Се наоѓа на реката Оронт, во близина на вливањето на реката во Средоземното Море. Населението на градот иознесува 144,910 од пописот во 2000 година. Градот е основан во 300 п.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 п.н.е., кога бил преземен од страна на Римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римското Царство тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патријаршии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.
Mестоположба | |
---|---|
Општи податоци | |
Име - изворно |
Антакија Antakya |
Поштенски број | 31 |
Повикувачки број | (0)326 |
Портал | http://www.antakya.bel.tr/ |
Управа | |
Земја | ![]() |
Градоначалник | Лутву Саваш |
Географија | |
Население | |
Население | 144,910 жители година: |
