Равња

село во Драмско, Егејска Македонија

Равња или Равна (грчки: Μακρυπλάγι, Макриплаги[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Равња
Μακρυπλάγι
Равња is located in Грција
Равња
Равња
Местоположба во областа
Равња во рамките на Драма (општина)
Равња
Местоположба на Равња во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°13′N 24°16′E / 41.217° СГШ; 24.267° ИГД / 41.217; 24.267
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000773000000773 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно40
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 3 километри источно од градот Драма, на надморска височина од 773 метри.

Историја

уреди

Потекло на името

уреди

Според Јордан Н. Иванов името на селото е изведено од денес исчезнатата именка *равь, со значење рамнина. Од ова е образувана денешната придавка рамен ('равен на тоа нарачје), потекната од старословенското равьнь.[3]

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители Турци[4].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 994 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 722 луѓе[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Макриплаги[6].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле населени 50 грчки бегалски семејства со вкупно 193 луѓе[5]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 193 лица, додека во 1940 година селото броело 445 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 212 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 297 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 72, жители, додека во 1991 година имало 70 жители[5]. Денеска, населението на селото е 40 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 445 212 297 142 72 70 74 40
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Μακρυπλάγι
  3. Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 91.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  5. 5,0 5,1 5,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 52.
  6. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.