Лејтон Бејнс
Лејтон Бејнс (англиски: Leighton Baines; р. 11 декември 1984) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Евертон и на англиската фудбалска репрезентација.
Лејтон Бејнс | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 11 декември 1984 | ||
Роден во | Керкби, Англија | ||
Висина | м | 1,70||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Евертон | ||
Број | 3 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002-2007 | Виган Атлетик | 145 | (4) |
2007- | Евертон | 325 | (29) |
Репрезентација ‡ | |||
2010- | Англија | 30 | (1) |
* Ажурирано на: 26 јули 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Тој ја започнал својата кариера во Виган Атлетик, со кого ја освоил Првата дивизија во сезонатата 2002-2003 и бил второпласиран во Чемпионшип лигата во сезоната 2004-2005, а успеа да стигне и до финалето на Лига купот во 2006. Тој му се приклучил на Евертон во 2007 година, помагајќи им стигне да стигнат до финалето на ФА Купот во 2009. Тој играл за Англија во репрезентацијата до 21-на година и во сениорската репрезентација за која настапува од 2010 година.
Клупска кариера
уредиМладински кариера
уредиБејнс ја започнал својата кариера како лево крило во Ливерпул центарот на извонредност како навивач на Ливерпул во детството. Тој, исто така, ја претставувал Мерсисајдската младинска екипа, но неговата кариера отишла далеку од Ливерпул откако тој не успеал да се наметне во првата екипа. И покрај интересот од Вулверхемптон тој одлучил да му се приклучи на Виган Атлетик.
Виган Атлетик
уредиБејнс го направил своето деби за Виган Атлетик во 2002 година, и бил член на екипата која ја освоила Втората дивизија тогаш, во сезоната 2002-03. Тој беше редовен во првата екипа и кога Виган освои промоција во Премиер лигата во сезоната 2004-05. Таа сезона Бејнс го постигна својот прв гол за клубот, со шут од голема далечина против Ипсвич Таун.
Бејнс верува дека ќе биде песимист и често се сомневал во својата фудбалска способност, кога тој обезбеди промоција со Виган, тој се сомневал дека е доволно добар за да игра во Премиер Лигата: "Ние освојвме промоција во Премиер Лигата и јас веднаш размислував, 'Каде одам сега'? "Јас требаше да славам, но јас голем дел од тоа лето се грижев за она што би било кога најголемиот дел од следната сезона би требало да го потрошам седејќи на клупата за резерви.
Бејнс потпиша нов договор со Виган во февруари 2005 година и покрај тоа што беше поврзан со голем број на клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Манчестер Јунајтед, Арсенал и Евертон но тој го продолжи својот договор, повторно, по импресивните партии во својата прва сезона во Премиер Лигата. Во меѓувреме тој беше во почетната екипа на Виган кој играше во финалето на Лигата Купот 2006 година каде тие беа поразени од Манчестер Јунајтед.
Евертон
уредиВо јули 2007 година Бејнс ја отфрли понудата на Сандерленд, иако нивната понуда од 6.000.000 £ беше прифатена од страна на Виган. Следниот месец, всушност, тој потпиша за Евертон за почетен износ од 5.000.000 £, со можност за уште £ 1.000.000, а тој зависеше од бројот на настапите на Бејнс за Евертон.
Тој не играше редовно во својата прва сезона, со што направи само 29 настапи во сите натпреварувања, што поради повреда, а што поради добрата форма на Фил Џагиелка и Жозеф Јобо како централни одбранбени играчи поради што Џолеон Лескот играше на позицијата лев бек. Во неговата втора сезона во Евертон бројот на настапите на Бејнс драстично се зголемува. Поради повредата на Јобо, Лескот се пресели во центарот на одбраната и Бејнс игра на својата позиција лев бек. Тој беше прогласен за играч на месецот на Евертон два месеци по ред во сезоната 2008-09. Бејнс го постигна својот прв гол за Евертон против Портсмут на 21 март, на Фратон парк, по 57 меча (во сите натпреварувања) без погодок. На 30 август 2009 година, тој постигна погодок во последната минута со удар од белата точка во 2-1 победата над неговата поранешна екипа Виган. Еден месец подоцна, тој беше капитен на Евертон за првпат во натпревар од УЕФА Лига Европа против АЕК Атина.
Во кампањата 2010-11 Бејнс ги одигра сите можни минута за Евертон во Премиерлигашките натпревари и постигна седум гола во сите натпреварувања. Неговиот придонес беше награден со наградите: играч на сезоната на клубот, Players' Player of the Season, и гол на сезоната. Два од овие погодоци беа постигнати од слободен удар против Тотенхем и против Челзи. А, токму тој гол против Челзи беше изгласан за гол на сезоната на Евертон. Другите погодоци беа против Манчестер Сити, Сканторп, Астон Вила, Блекбурн Роверс и Виган Атлетик. Тој, исто така, придодаде и 11 асистенции во текот на сезоната и заврши како 5 асистент целокупно во лигата и беше највисоко рангираниот дефанзивец на листата.
Бејнс постигна пет гола во текот на сезоната 2011-12, и стигна до 99 последователни лигашки натпревари пред да ја заврши својата сезона прерано поради повреда. Неговите перформанси на позицијата лев бек биле доволно импресивни за тој да биде избран во Екипата на годината во Премиер Лигата во 2012 година, првиот играч на Евертон кој го сторил тоа после 22 години кога Невил Саутхал бил избран во Екипата на годината за сезоната 1989-1990.
Надворешни врски
уреди- Профил на Лејтон Бејнс Архивирано на 12 јануари 2016 г. на мрежното место на Евертон
- Профил на Лејтон Бејнс Архивирано на 27 јуни 2012 г. на мрежното место на Премиерлигата
- Лејтон Бејнс на soccerway
- Лејтон Бејнс на Transfermarkt
- Лејтон Бејнс на Goal.com Архивирано на 23 јануари 2014 г.
- Лејтон Бејнс на espn
- Лејтон Бејнс на whosocered