Портал:Хералдика
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
ХЕРАЛДИКА
Хералдиката е наука за грбовите која се занимава со правилата кои владеат при нивното дизајнирање, спојување, наследување, како и блазонирање (опишување, читање) на грбовите.
Во почетокот на времето на хералдиката, луѓето, односно благородниците сами одлучувале за дизајнот на грбот. Во тоа време положбата на обичните луѓе не им дозволувала да имаат грбови. Набргу, големите великодостоинственици го земаат правото за доделување на грб. Со јакнењето на монархијата, правото на доделување на грб го задржува царот.
Со појавата на републиките и крајот на монархизмот, во најголемиот дел од државите, се губи и постоењето на официјални хералдички тела кои би се занимавале со давање на грбови, како и со грижа за тоа кој користи грб, како тело на дворот. Прочитајте повеќе
Избрана статија
Во хералдиката, држачи (т.е. штитодржачи) се фигури кои обично стојат од обете страни на штитот и се прикажани како го држат. Овие фигури можат да бидат вистински или измислени животни, луѓе, а во ретки салучаи растенија и предмети. Тие честопати имаат локално значење, како европската жена и маорскиот поглавар на грбот на Нов Зеланд, или пак се историска врска, како на пример лавот на Англија и еднорогот на Шкотска на двете варијанти на грбот на Обединетото Кралство. Грбот на нутриционистот Џон Бојд Ор има два житни снопа како држачи, грбот на американскиот воен брод Доналд Кук го држат проектили, а грбот на сојузната држава Северно Рио Гранде, Бразил има две дрва. Шпанскиот град Валенсија на својот грб има две букви кои служат како држачи. Прочитајте повеќе
Дали сте знаеле...
- ... дека знамето на Данска е најстарото знаме кое сѐ уште е во употреба? Неговото постоење датира од 14. век.
- ... дека грбот на Русија е дизајниран од Евгениј Ухнаљов, поранешен политички заробеник и е дизајниран според грбот на царска Русија?
- ... дека двоглавиот орел кој денес е дел од многу грбови во светот е со потекло од Византија?
Работи кои може да ги направиш
Еве неколку работи кои се потребни: :
|
Предлошки
Избран грб
Кралскиот грб на Обединетото Кралство (англ. Royal Coat of Arms of the United Kingdom) е официјален грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office). Прочитајте повеќе