Подножје (хералдика)
Подножје или основа — елемент на грбот во хералдиката кој лежи под штитот и обично има облик на карпи, тревесто ритче или поинакво природно тло на кое се застанати штитодржачите.[1] Постои разлика помеѓу вистинските подножја и други предмети или мотиви ставени на тоа место. По традиција, подножјето го претставува имотот на штитоносецот. Како официјален дел од блазонот, овој елемент се јавува подоцна во историјата, често поради потребата од разни штитодржачи за различни семејства или друштва, иако понекогаш подножјето во блазонот се води засебно од штитодржачите.
Background
уредиАко подножјето е споменато во блазонот, тоа сочинува дел од доделеното достигнување и претставува нераздоен дел од грбот.[2] Доколку подножјето не е заведено во блазонот, одлуката за негово вклучување ја носи уметникот.[3] Денешниот грб на Австралија обично се претставува на подножје од багремови гранки (државното растение), но сепак не е неисправно да се изостават гранките.
Украсното лисје или класје под или околу штитот не претставува подножје, дури и кога има официјална симболика и кога е изречно споменато во блазонот, како што е кај хералдички исправните грбови на општините во Македонија.[4]
Единствени случи кајшто штитодржачите стојат на свиокот со гесло се грбот на Њу Џерси.[5] и грбот на Холандија.
Вообичаена практика е кога еден грб добива штитодржачи, истиот да добие и подножје. Во ретки случаи, подножјето се доделува како подобрување. Подножјето без штитодржачи врз него е возможно, но практично непознато, со исклучок на Јужна Австралија.
Подножјето обично претставува некаков копнен или морски предел (кај шкотските главатари, тревест рид просеана со кланскиот цвет), и може да биде прилично сложено. Сложени примери особено наоѓаме кај поновите канадски грбови, како оној на Универзитетот на Северна Британска Колумбија, на кој Кермодова мечка и ирвас се застанати на шума, планински врвови и житно класје, сето над воибичаената хералдичка вода, која пак самата има кит-убиец како чесна фигура.[6]
Разните географски подрачја се одразуваат во различни подножја: како подножје на грбот на Кенија е претставена планината Кенија а пак градот Арбелаес во Колумбија за подножје ја има Земјината топка.[7]
Постојат и низа необични подножја. Здружението на универзитети и колеџи на Канада има четириаголник како подножје.[8] Грбот на поранешниот совет на грофовијата Камберленд во Англија има ѕид,[9] додека пак Канадската инженерска академија има мост преку вода.[10] Грбот на главатарот на кланот Донохи има окован човек како подножје, а главатарот на Дандас има „дождовник во пламени јазици“.
Постојат и грбови каде како подножје се претставени интересни елементи од неевропско потекло; таков е грбот на градот Гизборн во Нов Зеланд, чие подножје е маорски воен чун „вака“.[11]
Примери
уреди-
Морски предел како подножје на поранешниот [грб на Малта].
-
Тревест рид како подножје на грбот на британската кралска принцеза Ана.
-
Разгрането подножје на грбот на Австроунгарија, 1915 г.
-
Пиедестал како подножје на средната верзија на грбот на Германскиот цар до 1918 г.
-
Облаци како подножје на грбот на Кралството Франција.
-
Подножје од пресечен базалтен столб на грбот на Исланд.
Наводи
уреди- ↑ Woodcock & Robinson 1990, стр. 106.
- ↑ Fox-Davies 1909, стр. 444.
- ↑ Fox-Davies 1909, стр. 441.
- ↑ Општина Демир Хисар — Македонско хералдичко здружение (македонски)
- ↑ „U.S. Heraldic Registry » Registrations/New Jersey, The State of, United States of America“. usheraldicregistry.com.
- ↑ University Of Northern British Columbia. online Public Register of Arms, Flags and Badges. Vol. II, p. 321
- ↑ „Fotw.net“. www.fotw.net.
- ↑ Association of Universities and Colleges of Canada. Public Register of Arms, Flags and Badges. Vol. IV, p. 376
- ↑ Civil Heraldry - The arms of the Cumberland County Council
- ↑ Archives of Canada - Academy of Engineering coat of arms
- ↑ „Gisborne - Coat of arms (crest) of Gisborne“. www.ngw.nl.
Литература
уреди„Подножје (хералдика)“ на Ризницата ? |
- Fox-Davies, Arthur Charles (1909). A Complete Guide to Heraldry. London & Edinburgh: T.C. & E.C. Jack.
- Woodcock, Thomas; Robinson, John Martin (1990). The Oxford Guide to Heraldry. Oxford [England]: Oxford University Press.