Елементарна математика

Елементарната математика, според условната поделба на математиката, е дел од математиката којшто се состои од математички области што се изучуваат во основните и средните училишта. Најосновните од нив се: алгебра, аритметика и Евклидова геометрија. Следното ниво погоре се тригонометријата, понапредната алгебра и основната аналитичка геометрија, за на крајот, обично да се заврши со основите на линеарната алгебра и математичката анализа. Иако овие математички области се „етикетирани“ како елементарни, сепак за да не дојде до недоразбирање, да напоменеме дека во нивни рамки постојат и многу „напредни“, неелементарни теории.

Колекција на геометриски облици. Сите облици кои имаат иста боја се слични. Облиците и основната геометрија се важни теми во елементарната математика.

Поврзано

уреди