Запро Запров (Пиперево, Струмичко, 1947) — македонски диригент, сликар[1], композитор и универзитетски професор.

Запро Запров
Запро Запров
Роден(а)1947
Пиперево, Струмичко
НационалностМакедонец

Животопис уреди

Запров е роден во 1947 година во село Пиперево, Струмичко. Основно училиште завршил во просениковското училиште „Герас Цунев“, а средно музичко училиште во Штип. Факултет за музичка уметност завршил во Скопје, додека магистрирал на Музичката академија во Белград[1]. Проф. Запро Запров е истакнат хорски диригент кој континуирано настапува во државава и во Светот. Резултат од неговата севкупна музичка дејност се вкупно 109 (53 меѓународни и 56 државни) врвни награди и признанија, меѓу кои и наградата 11 Октомври за особен придонес во културата и уметноста. Зад себе има над 2500 концерти и настапи, над 1000 минути трајни аудио и видеозаписи, околу 20 радио и ТВ емисии, околу 700 изведени вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од врвната светска музичка литература. Основач е на Детскиот хор „Изворче”, Женскиот хор „Рустико” и Хорското Студио „Рустико”, во чиј состав се Детскиот хор „Развигорче” и Женскиот Младински Хор. Предава по преметот Основи на музичкото воспитание со методика на педагошкиот факултет во Скопје[1]. Компонира и аранжира хорска, детска и друг вид на музика.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Изложба на Запро Запров во Струмица“. IDIVIDI.com. Посетено на 2010-01-11.

Надворешни врски уреди