Љубе Грујоски

Македонски бранител


Љубе Грујоски (Пашино Рувци, Прилеп, 1 ноември 1969 – на автопатот Скопје - Тетово, Карпалак, 8 август 2001) бил македонски бранител, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 8 август 2001 на автопатот Скопје - Тетово во масакрот кај Карпалак.[1]

Љубе Грујоски
01.11.1969 – 08.08.2001 (31 г.)

Роден во:Пашино Рувци, Прилеп, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Масакрот кај Карпалак
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Резервист во АРМ
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот, војната 2001 и сведоштва

уреди
 
Споменик на Љубе Грујоски во родното село Пашино Рувци

Љубе Грујоски е роден на 1 ноември 1969 година во прилепското село Пашино Рувци. За време на распаѓањето на СФР Југославија, Грујоски дејствувал во кризните жаришта во Хрватска. Претходно бил во Шабац. Учествува во војната во 2001 година. Позивот за во војска му го дадоа во четири часот изутрина, а два часа подоцна заминал. Кога му го дадоа позивот му се закануваа со затвор и со казна од 5.000 ДЕМ. Тој го зеде листето и им вели:Да имав толку пари досега ќе се оженев, а затвор не сум бил и нема да одам. Љубе прво бил во Прилеп во касарната и секоја вечер си идеше дома. По неколку дена замина за Тетово и веќе не се врати. Загинува во заседата кај Карпалак.

Конвојот во кој загина Љубе бил пречекан токму на местото каде што не можело ни да се сврти, ниту пак да се продолжи понатаму. Како што кажувала сопругата на возачот на автобусот, многу од војниците изгореле на самото место, а неколкумина биле убиени кога пробале да скокнат од камионите и да се засолнат крај патот. Возачот на автобусот бил погоден во рацете и автобусот застанал, се спречил патот за другите возила од конвојот, не можеле да се движат. Тогаш терористите ѕверски пукале од сите страни во македонските војници кои се обиделе да се засолнат. Неколкумина од нив загинале, а воопшто не успеале да ги наполнат пушките и да им вратат на убијците. Дури откатко дошле хеликоптерите, терористите биле разбиени и се повлекле во шумата над патот. Да не дошле тие, според преживеан војник, ќе изгинеле многу повеќе војници. Според кажувањето на некои од преживеаните војници, неколкумина од старешините викале и пцуеле по мобилните телефони, се заканувале дека ако се извлечат живи ќе се пресметаат со некои старешини во Прилеп и во Скопје, кои дале наредба за тргнување на конвојот без да се обезбеди патот кој треба да се движи.[2]

Денес во Прилеп постои една улица Љубе Грујоски која е именувана во негова чест. Грујоски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „13 години од загинувањето на македонските резервисти кај Карпалак“. Фокус. 8 август 2014. Посетено на 2015-06-03.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 118 – 120
  3. „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2019-03-29.