Пазаруда

село во Лагадинско, Егејска Македонија

Пазаруда (грчки: Απολλωνία) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2].

Пазаруда
Απολλωνία
Пазаруда is located in Грција
Пазаруда
Пазаруда
Местоположба во областа
Пазаруда во рамките на Бешик
Пазаруда
Местоположба на Пазаруда во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМадитос
Надм. вис.&1000000000000006500000065 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно265
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 59 километри источно од Солун и на 20 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, на два километри јужно од Бешичко Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.

Селото опфаќа површина од 32 км2.[3].

Историја

уреди

Во XIX век Моди било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 200 жители Грци[4].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 150 Грци[5].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било мешано со 126 семејства и 344 лица бегалци[6], додека во 1940 година селото броело 268 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 335 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 474 жители, во 1971 година имало 442 жители, во 1981 година имало 443 жители, додека во 1991 година имало 624 жители[7]. Денеска, населението на селото е 316 жители според пописот од 2011 година, додека заедно со Кокала бројот на населението е 590 луѓе.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 268 335 474 442 443 624 613 590 265
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди