Османлиско-персиска војна (1623–1639)
Османлиско-персиската војна од 1623-1639 е војна меѓу Османлиското Царство и Сафавидско Царство, двете најголеми сили на Блискиот Исток за контрола над Месопотамија. Во претходната војна (1603-1618) Османлиите го изгубиле Багдад и поголемиот дел од денешен Ирак. Војната завршила во 1639 година со османлиска победа. Месопотамија била повторно заземена и во составот на империјата останала до Првата светска војна.
Отоманско-персиска војна (1623–1639) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Отоманско-персиски војни | |||||||||
|
|||||||||
Завојувани страни | |||||||||
Сафавидско Царство | Османлиско Царство | ||||||||
Команданти и водачи | |||||||||
Абас I Шах Сафи (од 1629) Георги Сакадзе | Мурат IV Хафиз Ахмед-паша Гази Хусрев-паша |
Заднина
уредиПочнувајќи од 1514 година, повеќе од еден век Персија и Отоманското Царство се бореле за контрола над Кавказ и Месопотамија. Двете земји биле најголемите сили на Блискиот Исток, Османлиите биле сунити а Персијците шиити и од Отоманците биле сметани како кривоверци[1] . По Битката кај Чалдиран Сефевидите го загубиле своето влијание во Анадолија, а за време на војната од 1532-1555 Османлиите ги зазеле денешните територии на Ирак и Багдад. Со договорот од Амасија во 1555 година[2], Персија ги признала османлиските освојувања.
Мирот траел две децении кога била започната друга војна во 1578 година. Таа завршила со Цариградскиот мировен договор во 1590 година според кој Османлиите ги добиле Грузија, Ереван и Тебриз. Новиот шах Абас I ја реорганизирал армијата и во 1603 година започнал офанзива во која тој ги вратил Тебриз, Азербејџан и Грузија. Османлиите биле зафатени со војна против Хабсбуршката монархија[3].
Војна
уредиМожноста на шахот дошла со востанијата во тоа време во Османлиското Царство. Багдад паднал во рацете на еден јаничарски офицер Беќир и неговите следбеници кој барал да биде признаен од Високата порта како локален паша а султанот го избрал Хафиз Мехмед Паша, управителот на Дијарбекир за да го организира походот кон Багдад. За да го спречи персиското освојување на Багдад, Хафиз Мехмед Паша ги продолжил добрите односи со Беќир кој се вратил на османлиска страна. Персија сепак ја започнала опсадата на Багдад и на 14 јануари 1624 година градот паднал со помош на синот на Беќир, Мохамед</ref>[4][5]. Зазимањето било проследено со масовно колење на сунитските муслимани.
Падот на Багдад бил голем удар за отоманскиот престиж. Персијците наскоро ги зазеле градовите Киркук и Мосул, како и светите за шиитите градови Карбала и Наџаф. Во 1625 година, Хафаз Мехмед-паша како голем везир заминал кон Багдад и во ноември го ставил под опсада од три страни. Но градот не успеал да го заземе пред доаѓањето на главните персиски сили под команда на шахот Абас. Во 1629 година Османлиите склучиле мировен договор со Австрија и започнале да се подготвуваат за нова офанзива. На 4 мај 1630 година на чело со Гази Хусрев-паша се одвила Битката кај Махидашт во која Османлиите победиле. По ова започнала нова опсада на Багдад. Поради неуспешната опсада главниот везир Хусрев-паша бил разрешен од функцијата во 1631 година.
По војната
уредиСледните неколку години имало уште неколку воени конфликти кои не донеле никакво територијално проширување. Шахот испратил делегација со предлог за мир во османлискиот двор, но новиот голем везир го одбил предлогот. Во 1635 султан Мурат IV го презел водството на својата армија. На 8 август Османлиите го зазеле Ереван и се насочиле кон Тебриз. Султанот по овој успех се вратил триумфално во Истанбул, но следната година шахот повторно си го вратил Ереван под своја команда, па во 1638 година султанот повторно заминал со својата армија и го зазел градот Багдад.
Војната завршила со потпишување на договор во градот Зухаб во 1639 година според кој Ереван останал персиски а Ирак бил отстапен на Османлиите.