Битка кај Чалдиран
39°05′19.87″N 44°19′37.19″E / 39.0888528° СГШ; 44.3269972° ИГД
Битка кај Чалдиран | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиско-персиски војни | |||||||
Битка кај Чалдиран |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Отоманско Царство | Сафавидско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Селим I | Исмаил I | ||||||
Сила | |||||||
60,000[2] или 100.000[3] или 212,000,[4] artillery and muskets[5] | 12,000[4] или 40,000[5] или 55,000[6] или 80,000[3] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
големи загбуи[7] помалку од 2,000 [8] | големи[7] или најмногу до 5,000 [9] |
Битката кај Чалдиран — битка помеѓу Отоманското Царство и Сефевидското Царство која се одвила на 23 август 1514 година во која Османлиите победиле. Како резултат од оваа битка Османлиите стекнале постојана контрола на териториите во Источна Анадолија и северен Ирак, како и привремена контрола на северозападен Иран.
Биткта претставувала почеток на четириесетгодишната војна меѓу двете земји која завршила во 1555 година со потпишување на договорот од Амасија. Во битката Османлиите имале поголема и подобро опремена армија која броела од 60.000 до 200.000 војници додека Персија имала најмногу 80.000 војници. Во битката бил ранет Исманил I и побегнал од бојното поле а султанот Селим I ги заробил неговите жени кои подоцна биле донесени во неговиот дворец.
По успешната борба на Селим I против своите браќа и татко за престолот, тој веќе бил слободен за да го сврти своето внимание кон шиитските муслимани кои претходно во текот на војната за превласт се присоединиле кон силите на неговиот татко Бајазит. Селим се плашел дека е можно овие племиња во иднина да го насочат населението против него и за помош да го повикат персискиот шах како водач на шиитскиот ислам. Првиот чекор му бил да му објасни на Исмаил дека кизилвашите се неверници и кривоверци но Исмаил му одговорил дека не треба да се бори против други муслимански народи. Османлиите ја распоредиле својата тешка артилерија и илјадниците јаничари биле опремени со барутско оружје. Во нападот на персиската коњаница шах Исмаил имал големи загуби. Како една од причината за поразот се смета оружјето кое било користено од страна на Османлиите наспроти традиционалното персиско и големата недисциплина на персиските војници. По крајот на битката бил освоен главниот град Тебриз. По победата над Персија, Селим своите сили ги пренасочил кон Мамелуците.
Наводи
уреди- ↑ David Eggenberger, An Encyclopedia of Battles, (Dover Publications, 1985), 85.
- ↑ Keegan & Wheatcroft, Who's Who in Military History, Routledge, 1996. p. 268 "In 1515 Selim marched east with some 60,000 men; a proportion of these were skilled Janissaries, certainly the best infantry in Asia, and the sipahis, equally well-trained and disciplined cavalry. [...] The Azerbaijanian army, under Shah Ismail, was almost entirely composed of Turcoman tribal levies, a courageous but ill-disciplined cavalry army. Slightly inferior in numbers to the Turks, their charges broke against the Janissaries, who had taken up fixed positions behind rudimentary field works."
- ↑ 3,0 3,1 Encyclopedia of the Ottoman Empire, ed. Gábor Ágoston,Bruce Alan Masters, page 286, 2009
- ↑ 4,0 4,1 Ghulam Sarwar, History of Shah Isma'il Safawi, AMS, New York, 1975, p. 79
- ↑ 5,0 5,1 Roger M. Savory, Iran under the Safavids, Cambridge, 1980, p. 41
- ↑ Keegan & Wheatcroft, Who's Who in Military History, Routledge, 1996. p. 268
- ↑ 7,0 7,1 Kenneth Chase, Firearms: A Global History to 1700, 120.
- ↑ Serefname II
- ↑ Serefname II s. 158
Надворешни врски
уреди„Битка кај Чалдиран“ на Ризницата ? |