Здравко Рафаиловски

македонски архитект

Здравко Рафаиловски (р. 26 август 1951 во с. Нистрово, Гостиварско) — македонски архитект.

Здравко Рафаиловски
Роден(а)Здравко Рафаиловски
26 август 1951(1951-08-26)(73 г.)
Нистрово, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонец
НаградиГран при БИМАС (1993)
АтелјеМавровопроект
Прима инженеринг
ЗданијаДТЦ Мавровка (Скопје)
ДТЦ Шехерезада (Битола)
Кули Убавици, Скопје

Животопис

уреди

Рафаиловски завршил основно училиште во селото Маврови Анови, додека со средно образование се стекнал во Градежниот училиштен центар во Скопје. Во 1975 година дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје на тема „Собрание на град Гостивар“ под менторство на професорот Борис Чипан.[1]

По дипломирањето се вработил во оперативата на Г.П. „Гранит“ во Неготино. Истата година преминал во проектантската организација „Мавровопроект“ на Г.П. „Маврово“ од Скопје. Од 2004 година продолжил да работи во истата организација под новото име „Прима инженеринг“ ДОО.[1]

Во „Мавровопроект“ работел со тамошните реномирани и искусни архитекти, од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Таму се стекнал со солидна подлога, работејќи од проектант соработник до главен проектант, оспособен да ја преземе водечката ролја во творечкиот процес и организацијата. Неговото творештво е богато и разновидно. Покрај бројните проекти реализирани во Македонија, се јавува како проектант на значајни објекти и надвор од нашата земја. Проектирал објекти во Сурдулица (СР Југославија), Мисрата (Либија) и Сочи (Русија).[1]

Покрај плодната проектантска активност од 1994 година, како технички директор раководел и со изработката на техничката документација на сите нивои на проектирањето.[1]

Конкурси

уреди
  • 1977 г. — Спомен-дом во Шавник, Црна Гора (откуп)
  • 1981 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче (прва награда, работа во тим, реализирани)
  • 1983 г. — Станбени објекти во Влае (откуп, работа во тим)
  • 1984 г. — Станбен објект во Ресен (втора награда)
  • 1992 г. — Деловен објект Алумина во Скопје (откуп)
  • 1993 г. — Соборна црква во Струмица (работа во тим)

Проекти и реализирани објекти

уреди
  • 1976 г. — Салон за чевли „Газела“, Мостар, Босна и Херцеговина
  • 1977-78 г. — Станбени објекти К2, К3 и К4 во Аеродром, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1978 г. — Управна зграда „Механизација“ на ГП „Маврово“, Скопје
  • 1978 г. — Станбени објекти С1, С2 и С3 во Струмица (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1978 г. — Станбен објект П+2, санација, Бар, Црна Гора
  • 1978-80 г. — Станбени објекти КП1, КП2 и КП3, Крива Паланка (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1979 г. — Клуб на пензионери, Драчево во Скопје
  • 1979 г. — Станбен објект Б-13 ул. „Џон Кенеди“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1979-82 г. — Станбено деловен комплекс „Карпош 4“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1981-83 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче, Скопје (со Д. Петкова - Костиќ и М. Митровиќ)
  • 1981-83 г. — Школски објекти во Мисрата, Либија
  • 1983 г. — Станбени објекти во СУ1 и СУ2, Сурдулица, Србија (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1984 г. — Народна библиотека, Сурдулица, Србија (со Б. Мандичевски)
  • 1985-90 г. — Деловно-трговски центар „Мавровка“, Скопје (со Д. Петкова-Костиќ)
  • 1989 г. — Управна зграда „Маврово“, Сочи, Русија
  • 1992 г. — Снек-бар „ИМ Фонтана“ во Деловно-трговски центар „Мавровка“, Скопје
  • 1992-94 г. — Деловно-трговски центар „Шехерезада“, Битола
  • 2000 г. — Деловен простор „Тријас“, Скопје
  • 2003 г. — Станбен објект „Импулс“ ул. „Теодосиј Гологанов“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2004 г. — Објект за дестилација на природни плодови „Импулс“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2008 г. — Станбен објект „Импулс“ ул. „Орце Николов“, Скопје (со Б. Рафаиловски)
  • 2016 г. — Станбено деловен објект „АА2“ ул. „Корушка“, Скопје (со А. Рафаиловска)

Награди и признанија

уреди

За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:

  • 1981 г. — Прва награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје
  • 1984 г. — Втора награда на конкурс за станбен објект, Ресен
  • 1993 г. — Гран при на БИМАС за Деловно трговски центар “Мавровка“, Скопје
  • 1982 г. — Благодарница од ГРО “Маврово“за повеќегодишно успешно работење

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Konstantinovski, Georgi, 1930- (2001–2007). Graditelite vo Makedonija. Skopje: Tabernakul. ISBN 978-9989-171-73-4. OCLC 318317039.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: датумски формат (link)

Користена литература

уреди
  • БИМАС 1983;1985;1987;1989;1991;1993;2000 и 2018
  • МАРХ
  • А:Списание за култура на просторот бр. 3, 1992 г.
  • Findings: Macedonian Pavilion, 14th International Architecture Exhibition - La biennale di Venezia 2014, J. Ivanovski, A. Ivanovska, V. Deskov, B. Karanakov, O. Marina, G. Mickovski, A. Radevski
  • Скопските вертикали, Ј. Ивановски, А. Ивановска, В. Десков

Надворешни врски

уреди