Најл Роџерс

американски музички продуцент, композитор и музичар
(Пренасочено од Нил Роџерс)
Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Најл Грегори Роџерс Помладиот (англ. Nile Gregory Rodgers; роден на 19 септември 1952 година)[2] ― американски музичар, текстописец и музички продуцент кој се вбројува меѓу највлијателните фигури во музичката индустрија. Во 1972 година бил соосновач на диско-групата Chic.

Најл Роџерс
Најл Роџерс vo 2023
Животописни податоци
Родено имеНајл Грегори Роџерс Помладиот
Роден(а)19 септември 1952(1952-09-19)(72 г.)
Њујорк, САД
Жанрови
Занимања
  • Музичар
  • текстописец
  • музички продуцент
  • филантроп
Инструменти
  • Гитара
  • глас
Период на активност1972–денес[1]
Издавачи
Мреж. местоnilerodgers.com

Со Бернард Едвардс, Роџерс напишал и продуцирал музика за други музичари, вклучувајќи ги песните: „He's the Greatest Dancer“ и „We Are Family“ (од Sister Sledge) и „I'm Coming Out“ и „Upside Down“ (од Дајана Рос).[3] По распадот на Шик во 1983 година, Роџерс продуцирал албуми и песни за други изведувачи, вклучувајќи ги: Let's Dance од Дејвид Боуви, „Original Sin“ од INXS, „The Reflex“ и „Notorious“ од Дуран Дуран и албумот Like a Virgin од Мадона.[4] Исто така соработувал со музичари како Кајли Миног, Nervo, Џејк Ширс, В-52, Кит Урбан, Џеф Бек, Дафт Панк, Мик Џегер, Колдплеј, Грејс Џонс, Браќата Вон, Брајан Фери, Кристина Агилера, Лејди Гага и Бијонсе. Во 2014 година освоил три Греми награди за работата на албумот Random Access Memories од Дафт Панк,[5][6] и две Греми-награди во 2023 година за неговата соработка со Бијонсе на нејзиниот албум Renaissance. Во 2018 година, Роџерс бил соосновач на Hipgnosis Songs Fund, јавно тргувана инвестициска компанија за музичка интелектуална сопственост.

Роџерс бил член на Куќата на славата на текстописците и бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 2017 година. Добил шест Греми-награди, вклучувајќи ја и наградата Греми за животно дело/посебна заслуга. Во 2023 година, списанието Ролинг Стоун го ставило Роџерс на седмо место на списокот од 250 најдобри гитаристи на сите времиња.[7]

Живот и кариера

уреди

Рани години

уреди

Најл Роџерс бил роден на 19 септември 1952 година во Њујорк. Неговата мајка имала 14 години кога го родила. Неговиот биолошки татко, Најл Роџерс Постариот, бил патувачки перкусионист и често бил отсутен додека Роџерс бил дете; Роџерс го видел неговиот татко само неколку пати пред неговата смрт во 1970 година.[8] Во 1959 година, мајка му се омажила со Боби Гланцрок. Гланцрок и мајка му биле зависни од хероин, а Роџерс почнал да користи дрога на 13 години.[9]

Научил да свири гитара на 16 години, а дотогаш веќе свирел на флејта и на кларинет.[10] Како тинејџер свирел гитара со африкански, персиски, латино, џез и бугалу-групи.[11] Бил воспитан како католик.[12]

1970-ти: Основање на Chic, „Le Freak“, Sister Sledge

уреди

Во 1970 година, додека работел како музичар за сценското шоу Улицата Сезам, Роџерс се запознал со бас-гитаристот Бернард Едвардс. Заедно ја основале групата The Big Apple Band и на почетокот работеле како резервни музичари за вокалната група New York City. Во 1973 година, со групата New York City направиле голема турнеја како предгрупа за Џексон 5.[13][14] Групата се распаднала откако нивниот втор албум не исфрлил хит.

Бидејќи друг музичар од Њујорк, Волтер Марфи, имал група наречена The Big Apple Band, во 1977 година Роџерс и Едвардс го смениле името на нивната група во Chic.

Инспирирани од Roxy Music, со групата Шик правеле музика која била спој на џез, соул и фанк, а мелодиите и стиховите биле под влијание на европската музика.[15] Тие ја снимиле песната „Dance, Dance, Dance“, првично издадена од Buddah Records, која станала хит откако била реиздадена од Атлантик во летото 1977 година.

Групата објавила многу топ-десет хитови, вклучувајќи ги: „Le Freak“, „I Want Your Love“, „Everybody Dance“,[16] „Dance, Dance, Dance (Yowsah, Yowsah, Yowsah)“,[17] „My Forbidden Lover“, и „Good Times“.[18][19] „Le Freak“ бил единствен тројно платинест сингл од Atlantic Records во тоа време.[20]

Успехот на првите синглови од Шик го навело луѓето од Атлантик да им понудат можност на Роџерс и Едвардс да продуцираат музика за изведувач по нивен избор од музичарите кои имале договор со Атлантик. Тие ја избрале групата Sister Sledge, чиј албум од 1979 година, We Are Family,[21] стигнал до трето место на Билбордовата топ-листа во 1980 година. Првите два сингла, „He's the Greatest Dancer“ и „We Are Family“ се искачиле на прво место на R&B топ-листата, и шесто и второ место, соодветно на поп-листата.[22][23][24] Во април 2018 година, „We Are Family“ била избрана за презервација од Конгресната библиотека.[21]

1980-ти: Дајана Рос, Дејвид Боуви, INXS, Мадона, Duran Duran

уреди

Оцрнувањето на диско-музиката од 1979 година ја извадило од колосек на групата Шик; Едвардс се повлекол од музиката,[25] а Роџерс почнал почесто да употребува дрога.[9] Роџерс и Едвардс го испорачале нивниот последен албум, Believer, во 1982 година.[26] Тие го завршиле еден од нивните последни заеднички проекти заедно во 1980 година, пишувајќи и продуцирајќи го албумот Diana за Дајана Рос, од кој произлегле хитовите „Upside Down“[27] и „I'm Coming Out“.[21] Тие го продуцирале соло-албумот од Дебора Хари од 1981 година, Koo Koo и го продуцирале хитот „Spacer“ за француската диско-група Sheila and B. Devotion.[28] Речиси истовремено, песната од Шик „Good Times“ била семплована во „Rapper's Delight“ од Sugarhill Gang, првиот повеќекратно платинест хип-хоп сингл. Песната влијаела врз звукот на други песни, вклучувајќи го хитот од Квин од 1980 година „Another One Bites the Dust“ и „Rapture“ од групата Блонди. [20] По распаѓањето на Шик, Роџерс го издал неговиот прв соло-албум, Adventures in the Land of the Good Groove.[29]

Најл Роџерс го продуцирал најпродаваниот албум од Дејвид Боуви, Let's Dance, кој ги исфрлил хит-сингловите: „Let's Dance“, „China Girl“ и „Modern Love“. Тој го продуцирал синглот „Original Sin“ од INXS, а во 1984 година го продуцирал албумот Like a Virgin од Мадона кој забележал четири хит синглови, вклучувајќи ги: насловната песна, „Material Girl“ и „Dress You Up“.[30][31] Тој интензивно соработувал со Дуран Дуран, ремиксирајќи го нивниот најпродаван сингл „The Reflex“, продуцирајќи го „Wild Boys“ за нивниот албум во живо од 1984 година, Arena, и бил копродуцент на албумот Notorious.[32]

Во 1985 година, Роџерс продуцирал албуми за Шина Истон, Џеф Бек, Томпсон Твинс, Мик Џегер и други музичари,[16] а настапил и на Лајв ејд со Мадона и Томпсон Твинс.[33] На крајот од 1985 година, списанието Билборд го прогласило Роџерс за најдобар продуцент на синглови во светот.[34] Кон крајот на деценијата, Роџерс продуцирал албуми за Грејс Џонс, Ал Жаро (L is for Lover), пејачот од Earth Wind и Fire, Филип Бејли и бил гостин-пејач на песната „Higher Love“ од Стив Винвуд, како и на музички записи од Синди Лопер и други музичари.[35][36] Во 1989 година, тој го копродуцирал мултиплатинестиот албум од B-52, Cosmic Thing, од кој што биле објавени сингловите „Love Shack“ и „Roam“.[37] Тој го продуцирал албумот Workin' Overtime, со кој Дајана Рос се вратила во Motown,[38] и саундтрак-албумите за: Alphabet City, Гремлини,[39] Бели ноќи [40] и Мува.[41] Подоцна го компонирал неговиот прв оркестарски саундтрак за филмот Доаѓање во Америка.[42][43]

1990-ти: Продукција, возобновување на групата Шик и смртта на Едвардс, Sumthing Else

уреди
 
Најл Роџерс во неговото студио Le Crib, 1999 година

Во септември 1990 година, по смртта на Стиви Реј Вон, бил издаден албумот Family Style од браќата Вон во продукција на Роџерс.[44] На почетокот од деценијата продуцирал плочи за: Дејвид Боуви, Ерик Клептон,[45] B-52s, Дејвид Ли Рот,[46] Рик Окасек,[47] Stray Cats[48] и други музичари, а работел и на саундтракот за Телма и Луиз, Кул свет,[49] и Искуството на Бивис и Батхед.[36]

Роџерс и Едвардс повторно ја составиле групата Chic во 1992 година и снимиле нов материјал за албумот Chic-Ism.[50] Во 1996 година, издале албум само за Јапонија (Chic Freak и More Treats) кој се состоел од стари песни од Шик, преснимени со гости-пејачи.

Едвардс починал по концертот на 17 април 1996 година. Роџерс го нашол неговото тело. Подоцна рекол дека „плачел како бебе и многу пател, но на крајот сфатил дека најдобрата почит кон него би била да продолжи и да биде што е можно подобар“.[51] [52] Една година подоцна, Роџерс се вратил во Јапонија за да му оддаде почит на Едвардс, а во 1999 година, Роџерс го објавил Live at the Budokan, снимка во живо од последниот настап на Едвардс. Албумот не бил пресинхронизиран или променет со цел снимката да остане чиста.[53][54]

Роџерс повторно почнал да одржува концерти во живо, а истовремено компонирал и продуцирал музика за филмовите: Полицаецот од Беверли Хилс 3,[55] Blue Chips,[56] Флинстонови[57] и Feeling Minnesota, притоа соработувајќи со Боб Дилан, меѓу другите.[58]

Во 1998 година, Роџерс ја основал издавачката куќа Sumthing Else Music Works и Sumthing Distribution, независен дистрибутер на музички издавачки куќи. Sumthing била насочена на дистрибуција на саундтракови за видео игри.[59] Ги дистрибутирала сериите: Halo, Resident Evil, Gears of War и Borderlands.[60]

2000-ти: Саундтракови за филмови и видео игри, Фондација „Ние сме семејство“.

уреди

На почетокот од 2000-тите, Роџерс интензивно работел на саундтрак-албуми за филмови и видео игри, вклучувајќи ги: Halo 2, Rush Hour 2,[61] Snow Dogs,[62] и Полупрофесионално со Вил Ферел, кој заедно со Роџерс ја напишал насловната песна „Love Me Sexy“.[63]

Во 2002 година, Роџерс повторно соработувал со оригиналните пет члена од Дуран Дуран и бил копродуцент на албумот Astronaut.[64] Албумот се искачил на трето место во Обединетото Кралство.[65]

По нападите од 11 септември, Роџерс собрал преку 200 музичари и славни личности за да ја сними „We Are Family“. Снимена била во Њујорк во студиото Аватар (претходно позната под името The Power Station, каде што била оригинално снимена „We Are Family“ во 1978 година), и во Лос Анџелес во Record Plant. Придружното музичко видео го режирал Спајк Ли. 80-минутниот документарен филм, The Making and Meaning of We Are Family, во режија на Дени Шехтер,[66] бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс во 2002 година. Во соработка со Disney, Nickelodeon и PBS, повеќе од 100 детски телевизиски ликови учествувале во видеото за деца „We Are Family“, а на 11 март 2002 година, Disney Channel, Nickelodeon и PBS го емитувале видеото за промовирање на толеранцијата и различноста по повод 6 месеци од настаните од 11 септември.[67] Во јули 2002 година, Роџерс и неговата животна партнерка, Ненси Хант, ја основале фондацијата „Ние сме семејство“.[68] Непрофитната организација ја промовирала „културна разновидност додека ги негува и насочува визијата, талентот и идеите на младите луѓе кои позитивно го менуваат светот“, а е посветена на визијата за светско семејство.[69]

2010-ти: Автобиографија, Дафт Панк, Куќа на славните на текстописците, It's About Time

уреди
 
Роџерс во 2010 година

Во 2010 година, Rhino Records објавил кутија со четири ЦД-а, Nile Rodgers Presents The Chic Organization, Volume 1: Savoir Faire, која за прв пат содржела песни од сите изведувачи продуцирани од The Chic Organization до нивното прво распаѓање во 1983 година.

Автобиографијата на Роџерс, Le Freak: An Upside Down Story of Family, Disco, and Destiny била објавена кон крајот на 2011 година.[70] Списанието Ролинг Стоун ја вброило меѓу првите 10 од вкупно 25 најдобри рок-мемоари на сите времиња.[71]

Во февруари 2012 година, Роџерс објавил дека соработува со електронската група Дафт Панк за нивниот следен албум.[72] Албумот, Random Access Memories бил објавен во 2013 година.[73]

Роџерс и Бернард Едвардс биле номинирани за прием во Куќата на славата на текстописците во октомври 2013 година.[74] Во јануари 2014 година, Роџерс ја извел „Get Lucky“ со Дафт Панк на церемонијата на доделување на Греми наградите, заедно со Фарел Вилијамс и Стиви Вондер. Роџерс освоил три Греми-награди за неговата работа на албумот Random Access Memories од Daft Punk: Најдобра изведба од поп-дуо или групна, запис на годината и албум на годината.[75] Во март, Ролинг Стоун го прогласи Роџерс за еден од 50-те најважни луѓе во електронската дигитална музика.[76] Во декември, НАРАС објавиле дека „Le Freak“ ќе биде примена во Гремиевата куќа на славата.[77]

Во март 2015 година, Роџерс го издал првиот сингл на Шик по повеќе од 23 години, „I'll Be There“.[78] Песната се искачила на прво место на топ-листата за денс-музика од Билборд на 20 јуни 2015 година.[79] Во август, Роџерс го лансирал FOLD фестивалот (FreakOut! Let's Dance), повеќедневен настан со разновидна постава на уметници вклучувајќи ги: Бек, Дуран Дуран, Чака Кан, Кит Урбан, Жанел Мона, Џинџер Мињ, Шик и други.[80]

Роџерс соработувал со Лејди Гага за да го преработи хитот од Шик, „I Want Your Love“ за видеото за колекцијата пролет/лето 2016 од Том Форд.[81]

Роџерс и Бернард Едвардс биле примени во Куќата на славните на текстописците на 9 јуни 2016 година.[82] Во 2017 година, по 11 номинации за Шик, Роџерс бил примен во Куќата на славните на рокенролот со награда за музичка извонредност.[83]

Во јули 2018 година, Роџерс станал соосновач на Hipgnosis Songs Fund, компанија инвестирање во интелектуална сопственост и менаџирање на песни. Hipgnosis Songs Fund се појавила на берза подоцна истата година.[84]

2020-ти: Кит Урбан, Бијонсе, Греми, Колдплеј

уреди
 
Роџерс настапува на БСТ Хајд Парк 2022 година
Роџерс на Светскиот економски форум во 2024 година

Роџерс е домаќин на подкаст на Apple Music од август 2020 година, насловен како Deep Hidden Meaning, во кој интервјуирал гости меѓу кои биле: Дејвид Фостер, Керол Баер Сагер, Брајан Адамс, Тимбаленд и Пол Макартни.[85][86] Бил номиниран за британска награда за подкаст во 2024 година.[87]

Покрај со други музичари, во 2021 година, Роџерс соработувал со Џек Саворети (за неговиот албум Europeana) и со Кит Урбан. Во април 2021 година тој се здружил со Урбан и Бреланд на музичкото видео за „The Cage“, песна од албумот на Урбан од 2020 година The Speed of Now Part 1.[88] Тој го продуцирал The Big Decider, албум од групта The Zutons.[89]

Во јули 2022 година, Hipgnosis Songs Fund бил проценет на 2,69 милијарди американски долари. [90]

Астероид на приближно 300 милиони милји оддалечен од Земјата бил наречен најлроџерс (191911) по повод 70-тиот роденден на Роџерс во 2022 година.[91] Роџерс донирал 1 милион долари на фондацијата „Ние сме семејство“, организацијата што тој ја основал, за да го одбележи и неговиот роденден и 20-годишнината од основањето на фондацијата.[92]

Во 2023 година, Роџерс освоил две Греми-награди: најдобар електронски/денс албум и најдобра ар-ен-би песна („Cuf It“); двете биле за неговата работа на албумот Renaissance (2022) од Бијонсе. Во истата прилика ја добил и наградата Греми за животно дело.[93][94] Истата година, бил вклучен на насловната песна од албумот <i id="mwAtQ">Unforgiven</i> од Кеј-поп групата Le Sserafim.[95] Исто така, соработувал со Дуран Дуран на нивниот сингл „Black Moonlight".[96] Во 2023 глумел во рекламниот спот од Шанел за реклама на очила.[97]

Во јануари 2024 година, Светскиот економски форум објавил дека Роџерс ќе ја добие „Кристалната награда“ за 2024 година.[98] Во март, бил прогласен за лауреат на наградата Polar Music Prize, заедно со Еса-Пека Салонен.[99] Истата година, ја напишал песната „Levii's Jeans“ од Бијонсе.[100] Тој бил меѓу многуте ѕвезди-гитаристи кои придонеле за новата верзија на „Going Home: Theme of the Local Hero“ од Марк Нопфлер за да се помогне на Трустот во борба против рак кај тинејџери,[101] ја продуцирал песната „Electric Energy“ (со Ариана Дебоз и Бој Џорџ) за филмот од Метју Вон Аргајл,[102] и соработувал со Алфи Темплман на неговиот втор студиски албум, Radiosoul, на песната „Just A Dance“.[103][104] Свирел на гитара на истоимениот петти студиски албум од норвешкиот диџеј Киго, на песната „For Life“, во која се појавува и англискиот пејач Зак Абел. Исто така, свирел на гитара на песната од британската поп-рок група Колдплеј „Good Feelings“ на која пее нигериската пејачка Ајра Стар.

Творештво

уреди

Избрана дискографија

уреди

Chic

  • Chic (1977)
  • C'est Chic (1978)
  • Risqué (1979)
  • Real People (1980)
  • Take It Off (1981)
  • Soup for One (саундтрак, Chic/различни музичари) (1982)
  • Tongue in Chic (1982)
  • Believer (1983)
  • Chic-ism (1992)
  • It's About Time (2018)

Соло

  • Adventures in the Land of the Good Groove (1983)
  • B-Movie Matinee (1985)
  • Chic Freak and More Treats (1996)

Outloud

  • Outloud (1987)

Саундтрак-албуми

  • Soup for One (1982)
  • Alphabet City (1984)
  • Coming to America (1988)
  • Earth Girls Are Easy (1988)
  • White Hot (1989)
  • Beverly Hills Cop III (1994)
  • Blue Chips (1994)
  • Curdled (1996)
  • Public Enemy (1999)
  • Rise of Nations (2003) Видео-игра
  • Halo 2 Soundtrack (2004) Видео-игра
  • Conker: Live & Reloaded (2005) Видео-игра
  • Perfect Dark Zero (2005) Видео-игра
  • Halo 3 Soundtrack (2007) Видео-игра

Албуми во живо

  • Live at the Budokan (1999)
  • Up All Night (Chic, различни музичари) (2013)

Избрана дискографија како продуцент

уреди
  • Norma Jean, Норма Џин Рајт (1978)
  • We Are Family, Sister Sledge (1979)
  • King of the World, Sheila B. Devotion (1980)
  • Love Somebody Today, Sister Sledge (1980)
  • diana, Дајана Рос (1980)
  • I Love My Lady, Џони Матис (1981, објавен во 2017)
  • KooKoo, Деби Хари (1981)
  • Let's Dance, Дејвид Боуви (1983)
  • Talkback, Spoons (1983)
  • "Trash It Up", Саутсајд Џони (1983)
  • "Original Sin", INXS (1984)
  • Like a Virgin, Мадона (1984)
  • "The Reflex", "The Wild Boys", Duran Duran (1984)
  • "Out Out'", Питер Гејбриел (1984)
  • Flash, Џеф Бек (1985)
  • She's the Boss, Мик Џегер (1985)
  • Here's to Future Days, Thompson Twins, (1985)
  • Do You, Шина Истон (1985)
  • When The Boys Meet The Girls, Sister Sledge (1985)
  • Home of the Brave, Лори Андерсон (1986)
  • Notorious, Duran Duran (1986)
  • Inside Story, Грејс Џонс (1986)
  • Cosmic Thing, The B-52's (1989)
  • Workin' Overtime, Дајана Рос (1989)
  • Family Style, Vaughan Brothers (1990)
  • "Real Cool World", Дејвид Боуви (1992)
  • Good Stuff, The B-52's (1992)
  • Black Tie White Noise, Дејвид Боуви (1993)
  • Your Filthy Little Mouth, Дејвид Ли Рот (1994)
  • "We Are Family", Nile Rodgers All Stars (We Are Family Foundation) (2001)
  • Only a Woman Like You, Мајкл Болтон (2002)
  • Astronaut, Duran Duran (2004)
  • "Hotel Room Service" (Текстописец за Питбул) (2009)
  • "Shady", Адам Ламберт ft. Сем Спаро и Најл Роџерс (2012)
  • "Get Lucky" ft. Фарел Вилијамс и Најл Роџерс, Random Access Memories, Daft Punk (2013)
  • "Give Life Back to Music", Random Access Memories, Daft Punk (2013)
  • "Lose Yourself to Dance" ft. Фарел Вилијамс и Најл Роџерс, Random Access Memories, Daft Punk (2013)
  • "Lay Me Down", Avicii со Адам Ламберт и Најл Роџерс True, (2013)
  • "The Other Boys", NERVO со Калји Миног, Џејк Ширс и Најл Роџерс, Collateral (2015)
  • "Pressure Off", Duran Duran со Џенел Моне и Најл Роџерс, Paper Gods (2015)
  • "Sun Don't Let Me Down", Кит Урбан со Најл Роџерс и Питбул (2016)
  • "Telepathy", Кристина Агилера со Најл Роџерс (2016)
  • "Fantasy", Џорџ Мајкл со Најл Роџерс (2017)
  • "Roses", Адам Ламберт со Најл Роџерс (2020)
  • "Cielo", Мануел Медрано со Најл Роџерс (2020)
  • "One More", Times, SG Lewis (2020)
  • "Agua", Деди Јенки со Раув Алехандро и Најл Роџерс (2022)
  • "Unforgiven", Le Sserafim со Најл Роџерс (2023)
  • "Freak 54 (Freak Out)", Питбул со Nile Rodgers (2023)
  • "lock / unlock", j-hope of BTS со Бени Бланко и Најл Роџерс (2024)
  • "Levii's Jeans" со Бијонсе и Пост Мелоун (2024)
  • "Exodus - Blue Nile Mix -"Akiko Moriyako со Најл Роџерс (2024) 

Автобиографија

уреди
  • Nile Rodgers (2011). Le Freak: An Upside Down Story of Family, Disco, and Destiny. Spiegel & Grau. ISBN 978-0-385-52965-5.

Наводи

уреди
  1. Andy Kellman. „Nile Rodgers“. AllMusic. Посетено на January 16, 2020.
  2. Clerc, Benoit (2022). David Bowie: All the Songs. Running Press. ISBN 9780762474721.
  3. „5 takeaways from Nile Rodgers' Grammy tribute“. USA TODAY (англиски). Посетено на October 4, 2018.
  4. „Nile Rodgers | Biography & History“. AllMusic. Посетено на October 4, 2018.
  5. „Nile Rodgers | Biography & History“. AllMusic. Посетено на October 8, 2018.
  6. „Daft Punk wins Album of the Year at the Grammys“. The Verge. Посетено на October 4, 2018.
  7. Празен навод (help)
  8. Rodgers, Nile (September 7, 2011). „Mr. Rodgers's Neighborhood“. The New York Times Magazine. Посетено на September 19, 2018.
  9. 9,0 9,1 Hattenstone, Simon (June 22, 2018). „Nile Rodgers: 'My family were high-functioning addicts. I inherited that gene'. The Guardian. Посетено на August 14, 2018.
  10. „Nile Rodgers on Writing 'Le Freak,' Grace Jones, and the Disco Backlash“. Vulture. Посетено на October 7, 2018.
  11. Ratliff, Ben (October 19, 2011). „Nile Rodgers's New Music Memoir Is 'Le Freak'. The New York Times. Посетено на September 28, 2018.
  12. Baltin, Steve. „Who I Am Part 1: Nile Rodgers On The Beatles, Frank Sinatra And Timothy Leary“. Forbes. Посетено на 2023-01-27.
  13. „Groove is in his heart: Chic's Nile Rodgers on the unlikely“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот на June 21, 2022. Посетено на August 8, 2018.
  14. „Nile Rodgers – Interview Magazine“. Interview Magazine (англиски). November 6, 2013. Посетено на September 19, 2018.
  15. Rodgers, Nile (October 18, 2011). "Le Freak" by Nile Rodgers Book Excerpt“. GQ (англиски). Посетено на October 7, 2018.
  16. 16,0 16,1 Reid, David (July 23, 2018). „Chic's Nile Rodgers says many musicians often don't understand the value of their songs“. CNBC. Посетено на September 4, 2018.
  17. Bloom, Steve (January 28, 2018). „Chic's Nile Rodgers: 'We're the Grateful Dead of Dance Music'. Variety. Посетено на September 4, 2018.
  18. Van Nguyen, Dean (June 18, 2018). „Nile Rodgers and Chic at Malahide Castle: Disco is life“. Irish Times. Посетено на September 4, 2018.
  19. Monroe, Jazz (April 13, 2018). „Grace Jones Talks Nile Rodgers, Studio 54, More on "Fallon": Watch“. Pitchfork. Посетено на September 4, 2018.
  20. 20,0 20,1 Hobart, Mike (February 5, 2016). „The Life of a Song: 'Good Times'. Financial Times (англиски). Архивирано од изворникот на December 10, 2022. Посетено на October 8, 2018.
  21. 21,0 21,1 21,2 Setaro, Shawn (April 26, 2018). „Nile Rodgers Talks Making Music With Avicii and Explains Why He's 'Maybe the Best I've Ever Worked With'. Complex. Посетено на September 4, 2018.
  22. Празен навод (help)
  23. Cordova, Randy (March 12, 2017). „Joni Sledge of R&B group Sister Sledge has died at 60“. USA Today. Посетено на September 4, 2018.
  24. „Obituary: Joni Sledge“. Irish Times. March 13, 2017. Посетено на September 4, 2018.
  25. Sturges, Fiona (July 28, 2018). „Lucky man: Legendary hit-maker Nile Rodgers on disco, drugs and Daft Punk“. Independent UK. Архивирано од изворникот на June 21, 2022. Посетено на September 4, 2018.
  26. Henderson, Alex. „Chic Believer“. allmusic.com. Посетено на September 4, 2018.
  27. „9 of Nile Rodgers' best songs, from David Bowie to George Michael“. Smooth Radio. June 24, 2018. Посетено на September 4, 2018.
  28. Vincentelli, Elisabeth (February 23, 2015). „7 times Nile Rodgers saved some of his best work for lesser lights“. NY Post. Посетено на September 4, 2018.
  29. „Robert Christgau: CG: nile rodgers“. Robertchristgau.com. Посетено на October 8, 2018.
  30. Levine, Nick (June 10, 2013). „Nile Rodgers recalls unusual question from Madonna: 'Why don't you want to fuck me?“. NME. Посетено на September 4, 2018.
  31. „Nile Rodgers viene a México en abril“. El Financiero. February 23, 2018. Посетено на September 4, 2018.
  32. Chiu, David (November 21, 2016). 'Notorious' Turns 30: How Nile Rodgers Conducted Duran Duran's Reinvention“. Medium. Посетено на September 4, 2018.
  33. Празен навод (help)
  34. Dingwall, John (July 3, 2012). „Chic founder Nile Rodgers vows to perform all the hits as band prepare for RockNess“. Daily Record. Посетено на September 4, 2018.
  35. Празен навод (help)
  36. 36,0 36,1 Zaleski, Annie (July 27, 2016). „WE GOT LUCKY: OUR SIT-DOWN WITH A LEGEND, CHIC'S NILE RODGERS“. Las Vegas Weekly. Архивирано од изворникот на 2024-01-29. Посетено на September 4, 2018.
  37. Празен навод (help)
  38. Hurt, Edd (March 1, 2012). „Don't let the glamorous sheen of Diana Ross' career prevent you from looking a bit deeper“. Nashville Scene. Посетено на September 4, 2018.
  39. „Le Freak: The best Nile Rodgers collaborations you never knew existed“. Fact Mag. April 23, 2013. Посетено на September 4, 2018.
  40. „White Nights Soundtracks“. IMDB.com. Посетено на September 4, 2018.
  41. „The Fly Soundtracks“. IMDB.com. Посетено на September 4, 2018.
  42. Golding, Shenequa (April 6, 2016). „Nile Rodgers Declares 'Coming To America's' "Soul Glo" As His Greatest Composition“. Vibe. Посетено на September 4, 2018..
  43. Ferraro, Pietro (April 10, 2018). „Stasera in tv: "Il principe cerca moglie" su Italia 1“. Cineblog. Посетено на September 4, 2018.
  44. Fanelli, Damian (March 30, 2016). „See Stevie Ray Vaughan and Jimmie Vaughan in the Studio Together“. Guitar World. Посетено на September 5, 2018.
  45. „Music legend Niles Rodgers tries theater“. Associated Press. May 15, 2011. Посетено на September 5, 2018.
  46. Gottlieb, Jed (August 4, 2017). „Nile Rodgers will have everyone dancing when Chic hits TD Garden“. Boston Herald. Посетено на September 5, 2018.
  47. Kampert, Patrick. „Ric OcasekFireball Zone (Reprise) (STAR)(STAR)(STAR)The idea of ...“. chicagotribune.com (англиски). Посетено на November 4, 2018.
  48. „Stray Cats“. MTV.it. Архивирано од изворникот на November 5, 2018. Посетено на September 5, 2018.
  49. Zaleski, Annie (March 12, 2017). „The "Wayne's World" soundtrack at 25: "Bohemian Rhapsody," Alice Cooper and how the album became secretly influential“. Salon. Посетено на September 5, 2018.
  50. Празен навод (help)
  51. „Nile Rodgers struts his stuff in his new gig at Abbey Road“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот на June 21, 2022. Посетено на September 20, 2018.
  52. Perrone, Pierre (April 27, 1996). „Obituary: Bernard Edwards – People“. The Independent. Архивирано од изворникот на June 21, 2022. Посетено на August 10, 2014.
  53. Alex Henderson (February 23, 1999). „Live at the Budokan“. AllMusic. Посетено на August 10, 2014.
  54. Sylvester, Daniel (January 25, 2009). „Chic Live at Budokan“. Exclaim. Посетено на September 5, 2018.
  55. Празен навод (help)
  56. Edgington, K (December 29, 2010). Encyclopedia of Sports Films. Scarecrow Press. ISBN 9780810876538. Посетено на September 5, 2018.
  57. „Legendary Producer & Hit-Maker Nile Rodgers at Canadian Music Week 2014“. cmw.net. Посетено на September 5, 2018.
  58. Raihala, Ross (July 26, 2017). „Nile Rodgers talks about Chic, Prince and his doorman mistaking Bob Dylan for the Unabomber“. Twin Cities Pioneer Press. Посетено на September 6, 2018.
  59. Battino, David; Richards, Kelli (2005). The Art of Digital Music. Backbeat Books. стр. 96. ISBN 0-87930-830-3.
  60. „Composer Jesper Kyd to receive the Nile Rodgers Global Creators Award at 2018 Canadian Music Week“. Audio Media International. April 25, 2018. Архивирано од изворникот на November 5, 2018. Посетено на September 6, 2018.
  61. Barraco, Brett (August 18, 2018). „COLPO GROSSO AL DRAGO ROSSO RUSH HOUR 2, CANALE 20/Info streaming del film (oggi, 18 agosto 2018)“. Ilsussidiario. Архивирано од изворникот на 2018-10-23. Посетено на September 16, 2018.
  62. „Nile Rodgers“. IMDB. Посетено на September 15, 2018.
  63. „Semi-Pro“. Blu-Ray. Посетено на September 15, 2018.
  64. Празен навод (help)
  65. Gerard, Chris (April 24, 2015). „Duran Duran: Ranking their albums Worst to First“. Metro Weekly. Посетено на September 18, 2018.
  66. Holden, Stephen (March 8, 2002). „FILM IN REVIEW; 'The Making and Meaning Of We Are Family '. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на February 4, 2019.
  67. Thaddeus), Stepanek, Mattie J. T. (Mattie Joseph (2006). Just peace : a message of hope. Carter, Jimmy, 1924-, Stepanek, Jennifer Smith. Kansas City: Andrews McMeel. ISBN 0740757121. OCLC 61652898.
  68. Harrison, Alexa (April 29, 2017). „LL Cool J, Dikembe Mutombo, A Tribe Called Quest Unite for Nile Rodgers' We Are Family Gala“. Variety (англиски). Посетено на February 4, 2019.
  69. „We Are Family Foundation“. We Are Family Foundation (англиски). Посетено на February 4, 2019.
  70. Christopher Silvester (November 18, 2011). „Le Freak by Nile Rodgers“. Daily Express. UK.
  71. Празен навод (help)
  72. „Daft Punk in Talks With Nile Rodgers for New Album“. Pitchfork Media. February 7, 2012. Посетено на March 26, 2012.
  73. „Get Lucky becomes one of the UK's biggest selling singles of all-time!“. Officialcharts.com. June 27, 2013. Посетено на August 10, 2014.
  74. „Songwriters Hall of Fame 2014 Nominees For Induction Announced“. SongHall. Посетено на July 15, 2014.
  75. Празен навод (help)
  76. Празен навод (help)
  77. „GRAMMY Hall Of Fame Class Of 2015“. GRAMMY.com. February 8, 2015. Посетено на July 26, 2016.
  78. Jeremy Gordon (March 20, 2015). „Nile Rodgers Enlists Supermodel Karlie Kloss for Chic's "I'll Be There" Video“. Pitchfork. Посетено на July 26, 2016.
  79. Празен навод (help)
  80. „FOLD Festival Announcement“. FOLD Festival. Посетено на June 13, 2015.
  81. Празен навод (help)
  82. Празен навод (help)
  83. Празен навод (help)
  84. Reid, David (2018-07-11). „Investment fund backed by song royalties signs up hits from major stars“. CNBC (англиски). Посетено на 2024-01-11.
  85. Amadour (June 20, 2023). „Idina Menzel Doesn't Mind if You Call Her 'Drama Queen'. Lamag - Culture, Food, Fashion, News & Los Angeles.
  86. Dye, Robert (2021-01-08). „Paul McCartney Reveals Secrets Behind Writing 'A Day In The Life' And More In Apple Music's 'Deep Hidden Meaning Radio With Nile Rodgers'. American Songwriter (англиски). Посетено на 2023-06-21.
  87. „British Podcast Awards nominees revealed“. britishpodcastawards.uk (англиски). Посетено на 2024-07-25.
  88. Празен навод (help)
  89. Daly, Rhian (2021-10-13). „The Zutons' Dave McCabe on working with Nile Rodgers on the band's first album in 13 years“. NME (англиски). Посетено на 2024-07-23.
  90. „Hipgnosis Songs Fund didn't buy a single catalog in the 6 months to end of March. It still grew in value by $140m“. Music Business Worldwide (англиски). 2022-07-14. Посетено на 2022-08-08.
  91. Hussey, Alison (2022-09-27). „Nile Rodgers Got a Namesake Asteroid for His 70th Birthday“. Pitchfork (англиски). Посетено на 2023-12-10.
  92. Празен навод (help)
  93. Празен навод (help)
  94. The New York Times (2023-02-05). „Grammys 2023: Winners List“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2023-02-09.
  95. Yeo, Gladys (2023-04-18). „LE SSERAFIM tease new single 'Unforgiven' featuring Nile Rodgers“. NME (англиски). Посетено на 2023-04-18.
  96. Duran, Anagricel (2023-09-21). „Duran Duran share new single 'Black Moonlight' featuring Nile Rodgers and Andy Taylor“. NME (англиски). Посетено на 2023-10-27.
  97. „Your First Look At Chanel's 2023 Eyewear Campaign With Nile Rodgers“. Grazia Middle East (англиски). Посетено на 2024-07-23.
  98. Празен навод (help)
  99. Празен навод (help)
  100. Празен навод (help)
  101. Dunworth, Liberty (8 February 2024). „Mark Knopfler recruits Bruce Springsteen, Brian May, Ronnie Wood and more for Teenage Cancer Trust single“. NME. Посетено на 4 March 2024.
  102. Tangcay, Jazz (2024-01-26). „Listen to Ariana DeBose, Nile Rodgers and Boy George's Disco 'Argylle' Single 'Electric Energy' (EXCLUSIVE)“. Variety (англиски). Посетено на 2024-07-23.
  103. Празен навод (help)
  104. Jamieson, Sarah (3 June 2024). „Alfie Templeman shares funky Nile Rodgers-featuring 'Just A Dance'. DIY. Посетено на 4 June 2024.

Надворешни врски

уреди