The B-52s

американска рок-група

The B-52s (до 2008 година се пишувало како the B-52's (со апостроф)) ― американска новобранова група основана во Атенс, Џорџија, во 1976 година.[8] Оригиналната постава се состоела од Фред Шнајдер (пејач, удирачки инструменти), Кејт Пирсон (пејачка, клавијатури, синт-бас), Синди Вилсон (пејачка, удирачки инструменти), Рики Вилсон (гитара) и Кит Стрикленд (тапани, гитара, клавијатури). Рики Вилсон починал од СИДА во 1985 година,[9] а Стрикленд од тапани бил префрлен на водечка гитара.

The B-52s
The B-52s настапуваат во живо во Атина, Џорџија, на 18 февруари 2011 година. Од лево кон десно, прво горе па долу: Фред Шнајдер, Кејт Пирсон, Синди Вилсон, Кит Стрикленд
Животописни податоци
ПотеклоАтина (Џорџија), САД
Жанрови
Период на активност1976–денес
Издавачи
Мреж. местоtheb52s.com
Членови
  • Кејт Пирсон
  • Фред Шнајдер
  • Кит Стрикленд
  • Синди Вилсон
Поранешни членови
Рики Вилсон

Нивни најпопуларни песни биле: „Rock Lobster", "Private Idaho", "Love Shack", "Roam" и "(Meet) The Flintstones". На светската поп-сцена се пробиле по објавувањето на албумот Cosmic Thing (1989). За музичкото видео за „Love Shack“ ја освоиле наградата за „Најдобро видео од група“ на MTV Video Music Awards во 1990 година.

Историја на групата

уреди

Групата „the B-52's“ била основана во 1976 година откако Синди Вилсон, Рики Вилсон (нејзин постар брат), Пирсон, Стрикленд и пејачот Шнајдер одржале импровизирана џем-сесија во Атенс, Џорџија. Нивниот прв концерт (со Вилсон на гитара) го одржале во 1977 година на забава за Денот на вљубените за нивните пријатели.[10]

Името "B-52's" потекнува од фризурата во форма на кошница за пчели (која потсеќа на конусот на носот од авионот Боинг B-52) која Пирсон и Синди Вилсон ја носеле на настапите во текот на првата деценија од постоењето на групата.[11]

Првиот сингл на групата, „Rock Lobster“, снимен во 1978 година, станал хит на андерграунд сцената и бил продаден во над 2.000 примероци, што им овозможило настап во легендарниот панк-клуб CBGB во Њујорк и ноќниот клуб Макс во Канзас Сити.

 
The B-52's во 1980 година

Нивниот прв албум, The B-52’s, бил објавен на 6 јули 1979 година и содржел преснимени верзии на „Rock Lobster“ и „52 Girls“, шест оригинални песни снимени само за албумот и преработка на хитот од Петула Кларк, „Downtown“. Во 1980 година, Џон Ленон ги навел B-52s како негова омилена група и конкретно ја навел песната „Rock Lobster“ како инспирација за неговата Double Fantasy.[12][13]

На 27 август 1980 година, групата го објавила албумот Wild Planet кој бил пофален од критичарите. Синглот „Private Idaho“ бил особено успешен. Групата се појавила во филмот со Пол Сајмон „One-Trick Pony“. Во јули 1981 година, го издале Party Mix!, збирка од шест песни составена од песни од првите два албума ремиксирани и секвенционирани за да формираат две долги песни, по една на секоја страна.

Објавен на 27 април 1983 година, албумот Whammy! стигнал до 29-то место на Билборд 200.[14] Проблемите со авторските права со Јоко Оно довеле до тоа преработката на песната „Don't Worry“[15] да биде отстранета од албумот и заменета со „Moon 83“ - преуредена верзија на „There's a Moon in the Sky (Called the Moon)“ од нивниот прв албум.[14] Ова бил последен албум кој B-52s го објавиле со гитаристот и основачки член Рики Вилсон кој во 1985 година умрел од СИДА,[16] иако тој постхумно се појавил на нивниот следен студиски албум, Bouncing Off the Satellites (1986).

По пауза од три години, во 1989 година, групата го издала албумот Cosmic Thing, со кој се пробиле на светската поп-сцена. Албумот ги содржел сингловите „Love Shack“, „Roam“ и „Deadbeat Club“, кои се пласирале во топ-10, 20 и 30 на американските топ-листа Billboard Hot 100, соодветно.

 
Пирсон и Шнајдер во Бостон за време на турнејата Cosmic Thing, 1989 година

Групата имала успешна светска турнеја за поддршка на албумот и во март 1990 година се појавиле на насловната страница на Ролинг Стоун.[17] Во 1990 година, B-52s биле номинирани за четири MTV Video Music Awards, а музичкото видео за „Love Shack“ ја освоило наградата за „Најдобро видео од група“.

Кон крајот на 1990 година, Синди Вилсон накратко се повлекла од групата, а Џули Круз била нејзина замена на турнејата. The B-52s како трио го објавиле албумот Good Stuff во 1992 година - ова бил нивен единствен албум во кој не била вклучена Синди Вилсон. Албумот стигнал до 16-то место во САД.[18]

Во 1998 година бил објавен албумот со најголеми хитови, Time Capsule: Songs for a Future Generation. Потоа групата имала голема турнеја (заедно со The Pretenders) за промоција на албумот. Синди Вилсон повторно станала постојан член на групата и исто така била дел од промотивната турнеја. Во 2000 година, тие биле на уште една голема турнеја со The Go-Go's и ја снимиле песната „The Chosen One“ за филмот Покемон 2000.[19]

Во 2002 година, била издадена пообемна антологија, Nude on the Moon: The B-52’s Anthology, а во февруари истата година групата одржала серија концерти за да ја прослави 25-годишнината од основањето на групата. Тогаш била објавена и The B-52's Universe: The Essential Guide to the World's Greatest Party Band, прва и единствена официјално овластена биографија на групата. Книгата била номинирана за наградата Ламбда Лит и била финалист на наградите за книги во Минесота.

Пред 2008 година, групата користела апостроф во нивното име, но тогаш групата се откажала од апострофот и станала „The B-52s“.[8] Запрашан за промената, Пирсон рекла: „Тоа не беше граматички точно. Не треба да е посесивно. Едноставно изгледаше излишно“.[8]

Funplex, првиот оригинален албум на групата по 16 години (од Good Stuff од 1992 година), бил издаден на 25 март 2008 година.[20][21][22] Албумот бил продуциран од Стив Озборн, кого групата го повикала да работи на албумот врз основа на неговата работа со New Order на албумот Get Ready.

На 18 февруари 2011 година, the B-52s имале концерт во Класик сентер во нивниот роден град Атенс. Концертот бил снимен и во октомври 2011 година бил објавен како албум во живо под наслов With the Wild Crowd! Live in Athens, GA.

Групата продолжила да настапува во живо. Кон крајот на 2012 година, Стрикленд објавил дека повеќе нема да оди на турнеја со B-52s, но дека и понатаму ќе биде член на групата.[23] Без Стрикленд, B-52s продолжиле да одржуваат концерти низ светот со групи како: The Go-Go's,[24] Tears for Fears, The English Beat, The Psychedelic Furs, Simple Minds,[25][26] Boy George и Culture Club и Том Бејли од Thompson Twins. Покрај турнеите, групата ја преработила тематската песна Squidbillies за 10-тата сезона од серијата Adult Swim и се појавиле како гости во скеч-комедијата <i id="mwAc8">Portlandia</i>.[27]

Во април 2022 година, групата објавила дека ќе тргне на последна проштална турнеја, која требало да трае од 22 август до 11 ноември 2022 година.[28] Концертите биле одложени за јануари 2023 година,[29] а B-52s последниот концерт од нивната турнеја го одржале на 10 јануари 2023 година во нивниот роден град Атина, Џорџија.[30]

По завршувањето на прошталната турнеја, B-52s станале резидентни музичари во The Venetian Las Vegas во градот Парадајс, Невада.[31]

На 15 мај 2024 година, Градот Атенс објавил дека нивната екипа која се натпреварува во Федералната хокеарска лига (FPHL) ќе го носи името Rock Lobsters, во чест на групата и нивната хит-песна.[32]

Членови

уреди

 Сегашни членови

  • Фред Шнајдер  – пејач, удирачки инструменти (1976-денес)
  • Кејт Пирсон  – пејачка, удирачки инструменти, клавијатури, бас (1976-денес)
  • Кит Стрикленд  – гитари, клавијатури, програмирање, придружни вокали (1976-денес; не оди на турнеи од 2013 година) , тапани, бас (1976-1989)
  • Синди Вилсон  – вокал, удирачки инструменти (1976–1990, 1996–денес)

Поранешни членови

  • Рики Вилсон  – гитари, бас, клавијатури, придружни вокали (1976–1985; починал во 1985 година)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • The B-52's (1979)
  • Wild Planet (1980)
  • Whammy! (1983)
  • Bouncing Off the Satellites (1986)
  • Cosmic Thing (1989)
  • Good Stuff (1992)
  • Funplex (2008)

Наводи

уреди
  1. „The B-52s | Biography & History“. AllMusic.
  2. Spitz, Mark (March 16, 2008). „Return of the Rock Lobsters“. The New York Times. Посетено на 3 March 2017.
  3. „The B-52s, Bringing Back the Party“. NPR Music. April 10, 2008. Посетено на December 15, 2014.
  4. Hermes, Will (October 2005). „The Definitive Guide to: Dance Rock“. Spin. том 21 no. 10. ISSN 0886-3032.
  5. „The B-52's: The B-52's“. Pitchfork.
  6. Sawdey, Evan. „Dance This Mess Around The B-52's – "Lava". PopMatters. Архивирано од изворникот на October 29, 2016. Посетено на 28 October 2016.
  7. Gendron, Bernard (2002). Between Montmartre and the Mudd Club: Popular Music and the Avant-Garde. University of Chicago. стр. 289.
  8. 8,0 8,1 8,2 Bream, John (June 8, 2008). „Fun house“. Star Tribune. Посетено на August 12, 2016.
  9. „The B-52s: The stories behind the hit songs“. EW.com (англиски). Посетено на 2020-02-05.
  10. Azerrad, Michael (March 22, 1990). „Mission Accomplished“. Rolling Stone. Бр. 574. стр. 46.
  11. Riggs, Ransom (July 20, 2007). „A history of bad hairstyles“. CNN. Посетено на August 12, 2016.
  12. Larkin, Colin, уред. (2011). The Encyclopedia of Popular Music (5th. изд.). London: Omnibus Press. B-52's. ISBN 9780857125958.
  13. „The 100 Best Albums of the Eighties“. Rolling Stone (565). November 16, 1989.
  14. 14,0 14,1 „Whammy! > Charts & Awards > Billboard Albums“. AllMusic. 2006. Посетено на May 10, 2010.
  15. Christgau, Robert (1983). „B-52's: Whammy!. Robert Christgau. Посетено на March 16, 2010.
  16. „AIDS and the Arts: A Lost Generation“. Newsweek Health – MSNBC.com. Архивирано од изворникот на June 26, 2007. Посетено на August 12, 2016.
  17. Празен навод (help)
  18. „Dela Font Agency“. Delafont.com. Посетено на December 10, 2011.
  19. "The Chosen One".
  20. „Anticipated Funplex Release Date“. Архивирано од изворникот на November 18, 2007. Посетено на August 12, 2016.
  21. Празен навод (help)
  22. „B-52s Ready First Album in 16 Years“. Digital Spy. October 25, 2007. Посетено на August 12, 2016.
  23. „Timeline Photos“. Facebook. Посетено на February 20, 2013.
  24. Pingel, Mike (March 26, 2013). „Belinda Carlisle Shines as Bright as the Sun“. FrontiersLA.com. Архивирано од изворникот на December 22, 2013. Посетено на April 1, 2013. We are touring from mid-June to mid-July with the B-52's for a lot of the dates.
  25. Rockman, Lisa. „Simple Minds and The B-52s at Bimbadgen Estate“. The Herald. Fairfax. Архивирано од изворникот на February 16, 2017. Посетено на 16 February 2017.
  26. Collins, Hugh. „Review: Vibrant Simple Minds and B-52s light up Vector Arena“. Stuff.co.nz. Fairfax Media. Посетено на 16 February 2017.
  27. Празен навод (help)
  28. „The B-52s to launch a US farewell tour this summer“. AP News (англиски). 2022-04-26. Посетено на 2022-04-26.
  29. Shearer, Andrew. „B-52s postpone sold-out Athens concert due to illness, rescheduled for January“. Athens Banner-Herald. Посетено на 14 November 2022.
  30. Ho, Rodney. „CONCERT REVIEW: The B-52s return to Athens to dance this mess around and say goodbye“. Georgia Entertainment Scene Blog (The Atlanta Journal-Constitution) (англиски). Посетено на 2 October 2023.
  31. Jones, Abby (29 November 2022). „The B-52s Announce 2023 Las Vegas Residency“. Consequence. Посетено на 2 October 2023.
  32. Mathis, Andy.

Надворешни врски

уреди