Пост Мелоун
Остин Ричард Пост (англ. Austin Richard Post; роден на 4 јули 1995), професионално познат како Пост Мелоун (англ. Post Malone) ― американски рапер, пејач, текстописец и продуцент.[3] Мелоун се истакнал и се здобил со признание за неговото мешање на различни музички жанрови, како: хип-хоп, поп, R&B и трап. Неговото уметничко име било изведено од платформа за генерирање на рап-имиња откако го внел неговото родено име.[4]
Пост Мелоун | |
---|---|
Мелоун на настап во 2021 | |
Роден(а) | Остин Ричард Пост 4 јули 1995[1] Сиракуза, Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2011–денес |
Деца | 1 |
Потпис |
Мелоун музичката кариера ја започнал во 2011 година, а бил забележан откако го објавил неговиот прв сингл „White Iverson“ (2015).[5] Тој потпишал со Republic Records[6] и го издал првиот студиски албум Stoney (2016).[7] Неговиот втор албум, Beerbongs & Bentleys (2018) дебитирал на врвот на Билборд 200 и поставил многу стриминг рекорди.[7] Неговиот сингл, „Sunflower“ (во соработка со Swae Lee) бил објавен за саундтракот за анимираниот филм Спајдермен: Паралелен свет (англ. Spider-Man: Into the Spider-Verse); „Sunflower“ станала највисоко сертифицирана песна во историјата на RIAA и прва песна што добила двоен дијамантски (20 пати платинест) сертификат. „Sunflower“ бил вклучен во третиот албум на Мелоун , Hollywood's Bleeding (2019). Неговиот четврти албум, Twelve Carat Toothache (2022) бил поддржан со сингловите „I Like You (A Happier Song)“ (со Дожа Кет ) и „One Right Now “ (со The Weeknd). Неговиот петти албум, Austin (2023) содржел поп-рок елементи и бил поддржан со водечкиот сингл „Chemical“. Две негови песни од 2024 година дебитирале на врвот на Billboard Hot 100: како гостин во песната од Тејлор Свифт „Fortnight“ и неговата прва кантри-поп-песна, „I Had Some Help“ (со Морган Вален).[8]
Мелоун продал на 80 милиони плочи.[9] Добил: 10 Музички награди „Билборд“, 3 Американски музички награди, една награда „MTV Video“ и девет пати бил номиниран за Греми.[10] Мелоун поставил неколку рекорди на Билбордовите топ-листи: тој е првиот соло-изведувач кој се искачил на врвот и на Rap Airplay и на Adult Contemporary, а „Circles“ го држи рекордот за најдолго искачување до прво место (41 недела) на Adult Contemporary топ-листата од соло-музичар.[11] Од 2024, Мелоун го држи рекордот за изведувач со најмногу песни со дијамантски сертификат, вкупно девет.[12]
Животопис
уредиОстин Ричард Пост е роден на 4 јули 1995 година, во Сиракуза, Њујорк.[13][14] Го одгледале неговиот татко Ричард Пост и неговата маќеа Џоди. Татко му во младоста бил диџеј и го запознал Мелоун со многу различни музички жанрови, вклучувајќи: хип-хоп, кантри и рок.[15] Кога Мелоун имал девет години,[16] со неговото семејство се преселил во Грејпвин во Тексас, откако неговиот татко станал менаџер за концесии за спортскиот клуб Далас Каубојс.[17][18] Мелоун почнал да свири на гитара и во 2010 година бил на аудиција за американската група Crown the Empire, но откако му пукнале жиците од гитарата за време на аудицијата, тој бил одбиен.
Мелоун се заинтересирал за алтернативна рок-музика и како диџеј во Емо Нит во Лос Анџелес во јуни 2017 година пуштал песни од американската алтернативна рок-група My Chemical Romance.[19] Според Мелоун, неговите први чекори во професионалната музика ги направил додека бил во хеви-метал група.[20] Тој рекол дека за брзо време преминал на помек рок, како и на хип-хоп, пред да почне да експериментира на FL Studio.[21]
Кариера
уреди2011–2016: Почетоци на кариерата
уредиСпоред Мелоун, тој го избрал псевдонимот „Пост Мелоун“ кога имал „14 или 15 години“.[22] Се шпекулирало дека името се однесува на професионалниот кошаркар Карл Мелоун,[23] но Мелоун подоцна објаснил дека „Пост“ е негово презиме и дека користел „генератор на рап-имиња“ кој го исфрлил презимето „Мелоун“.[4] На 16-годишна возраст, со помош на аудио-уредникот Audacity, Мелоун го снимил неговиот прв микс, Young and After Them Riches.[24]
Мелоун се запишал на колеџот „Тарант Каунти“, но се откажал.[25] По напуштањето на колеџот, заедно со неговиот долгогодишен пријател Џејсон Пробст, се преселил во Лос Анџелес.[26][27][28]
Откако се преселиле во Лос Анџелес, Мелоун, Пробст и неколку други продуценти и музичари ја основале музичката група BLCKVRD и снимале музика заедно.[29] Неколку членови од групата, меѓу кои бил и Мелоун, се преселиле во куќа во Сан Фернандо. Додека живеел таму, Мелоун се запознал со продуцентите од продуцентскиот тим FKi, како и со Рекс Кудо, кој подоцна продуцирал неколку песни за Мелоун, вклучувајќи ја и „White Iverson".[13] Мелоун ја снимил песната за два дена откако ја напишал.[30] Стиховите од „White Iverson“ се однесуваат на кошаркарот Ален Ајверсон.[31][32][23] Синглот добил пофалби од Мек Милер и Виз Калифа,[33][34][35] но бил исмејуван од Ерл Свитшрт.[36][37][38]
Откако песната „White Iverson“ за еден месец од објавувањето успеала да собере еден милион прегледи, Мелоун веднаш го привлекол вниманието од издавачките куќи.[32] Во август 2015 година, тој потпишал договор со Republic Records.[39][40] Мелоун почнал да соработува со многу истакнати рапери, како: 50 Cent, Young Thug, Кање Вест и други.[41][42] Во август 2015 година, тој настапил на забавата за 18-тиот роденден на Кајли Џенер,[43] каде што се запознал со Кање Вест, кој уживал во неговата музика, што довело до соработка со Мелоун на неговиот сингл „Fade“ од албумот The Life of Pablo (2016).[44] Мелоун подоцна се спријателил со канадскиот пејач Џастин Бибер, а поради тоа Мелоун бил воведен изведувач на светската турнеја од Бибер, „Purpose“ (2016–17).[45][46] На 20 април 2016 година, Мелоун го објавил новиот сингл „Go Flex“.[47]
На 12 мај 2016 година, тој го издаде неговиот прв целосен проект, албумот со миксови, насловен како August 26th,[48] чиј наслов упатувал на датумот на издавање на неговиот прв албум.
Неговиот прв студиски албум „Stoney“ бил објавен на 9 декември. Мелоун подоцна албумот го оквалификувал како „просечен“[17] и покрај успехот на синглот „Congratulations“ (во соработка со Quavo), прва песна на Мелоун во топ-10 на Billboard Hot 100.[49][50] Stoney, исто така, ги содржел топ-100 хитовите: „I Fall Apart“ и „Deja Vu“ (со Бибер), а албумот во октомври 2017 година бил сертифициран за двојно платинест од RIAA.[51]
2017–2019: Beerbongs & Bentleys и Hollywood's Bleeding
уредиНеговиот втор студиски албум Beerbongs & Bentleys бил издаден на 27 април 2018 година.[52] Во септември 2017 година, Мелоун го издал првиот сингл од албумот, „Rockstar“ (со 21 Savage). Песната се искачила на прво место на Billboard Hot 100 и се задржала таму осум последователни недели.[53] Поради ова Ролинг Стоун во 2017 година напишал дека Мелоун е „еден од најпопуларните музичари во земјата (САД)“. Музичкото видео за „Rockstar“, во режија на Емил Нава било објавено во ноември 2017 година.[54][55][56][57]
На 20 февруари 2018 година, Мелоун ја објавил неговата нова песна со Тај Дола Сајн насловена „Psycho“[58][59] и најавил турнеја со 21 Savage.[60] Песната дебитирала на второ место на Billboard Hot 100, а во јуни истата година се искачила на врвот на топ-листата.[61] По објавувањето на албумот Beerbongs & Bentleys, тој ги соборил рекордите за стриминг во првиот ден на Spotify, со 78,7 милиони стримови во светски рамки.[62] Дебитирал на прво место на Билборд 200, по четири дена бил сертифициран за платинест од RIAA[63] и од него произлегле три топ-10 песни и шест топ-20 песни.[64]
Во интервју за Билборд во мај 2018 година, менаџерот на Мелоун открил дека Мелоун планира да основа своја издавачка куќа и компанија за филмска продукција.[65] На Музичките награди „Билборд“, за песната „Rockstar“, Мелоун ја освоил наградата „Најдобра рап-песна“.[66]
Во август, Мелоун го соборил 34 години стариот рекорд од Мајкл Џексон за најмногу недели поминати на топ-листата за R&B/хип-хоп албуми; Stoney стигнал до својата 77-ма недела на топ-листата во споредба со 76-те недели кои ги поминал албумот Thriller (1983).[7] Во ноември 2018 година, било потврдено дека Мелоун го снима неговиот трет албум.[67]
Мелоун, за неговиот албум Beerbongs & Bentleys, бил номиниран за 4 награди на 61-то доделување на Греми наградите. Меѓу другото бил номиниран за „Албум на годината“ и за „Снимка на годината“. Во јули 2019 година, Мелоун го издал синглот „Goodbyes“ (во соработка со Young Thug).[68] На 26 август 2019 година, Мелоун на Твитер објавил дека неговиот трет албум се вика Hollywood's Bleeding и дека ќе биде објавен на 6 септември 2019 година.[69][70] Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200. Hollywood's Bleeding, исто така, бил номиниран за „Албум на годината“ на 63-то доделување на Греми наградите.
2020–Денес: Соработки, пауза и Twelve Carat Toothache
уредиНа 12 март 2020 година, концертот на Мелоун во Пепси центар во Денвер се одржал пред дваесет илјадна публика и веројатно бил последен голем затворен собир во САД пред заклучувањето поради COVID-19 пандемијата.[71] Мелоун бил жестоко критикуван затоа што не го откажал концертот поради стравот од COVID-19 пандемијата.[72][73]
Кон крајот на април 2020 година, Мелоун од неговиот дом извел сет во живо целосно составен од преработки на песни од Нирвана.[74] Тој бил придружуван од тапанарот Тревис Баркер, басистот Брајан Ли и главниот гитарист Ник Мек. Со овој настап Мелоун собрал над 5 милиони американски долари за фондот за помош на Светската здравствена организација за СОВИД-19.[75] Настапот добил пофалби и живите членови од групата Нирвана, Крист Новоселич[74] и Дејв Грол,[76] како и од вдовицата на Курт Кобејн, Кортни Лав.[77]
На 9 јули 2021 година, Мелоун го објавил синглот „Motley Crew“ и неговото придружно музичко видео во кое учествуваат неколку гости-ѕвезди, поранешни соработници и пријатели, како Томи Ли, Тајга Тајла Јаве и неговиот менаџер Дре Лондон. На 5 ноември, Мелоун го издал „One Right Now“ (со Weeknd), водечки сингл од неговиот тогаш необјавен четврти студиски албум.[78] Мелоун го издал вториот сингл од албумот, „Cooped Up“ со Роди Рич, на 12 мај 2022 година. Неговиот четврти студиски албум, Twelve Carat Toothache бил објавен на 3 јуни 2022 година.[79]
На 12 август 2022 година, премиерно бил прикажан документарниот филм Runaway. Филмот прикажувал моменти зад сцената моменти од првиот дел од турнејата Runaway во 2019 година, како и инсерти од некои од неговите концерти во Њујорк, Чикаго и на Пости Фест 2019 во Арлингтон.[80]
Во април 2023 година, Мелоун објавил дека работи на нов албум. На 14 април, Мелоун го издал „Chemical“, како главен сингл од неговиот претстоен петти студиски албум. На 21 април 2023 година, Мелоун го издал албумот The Diamond Collection , збирка од девет песни: неговите осум синглови со дијамантски сертификат од RIAA и синглот „Chemical“.[81]
На 16 мај 2023 година, Мелоун објави дека неговиот петти студиски албум, Austin, ќе биде објавен на 28 јули 2023 година. На 19 мај бил објавен вториот сингл од албумот, „Mourning“.[82] На 14 јули бил објавен третиот сингл, „Overdrive“,[83] а на 8 септември бил објавен и четвртиот сингл „Enough Is Enough“.[84]
На 11 февруари 2024 година, Мелоун ја извел „Ameriсa the Beautiful“ на Super Bowl LVIII.[85] [86] Пост Мелон бил гостин-пејач за првата песна *„Fortnight“) од 11-тиот студиски албум од Тејлор Свифт, The Tortured Poets Department. Албумот бил објавен на 19 април 2024 година, песната „Fortnight“ била избрана за водечки сингл, а музичкото видео било објавено истиот ден. На денот на објавувањето, „Fortnight“ поставил рекорд за еднодневен стриминг за која било песна на Spotify, истиснувајќи ја од врвот песната од Мараја Кери „All I Want For Christmas Is You“ (1994).[87]
На 29 март 2024 година, Мелоун соработувал со Бијонсе за песната „Levii's Jeans“ од нејзиниот осми студиски албум, Cowboy Carter.[88] На 10 мај 2024 година, Мелоун го објавил неговиот следен сингл под наслов „I Had Some Help“ (со Морган Вален).[89] Песната го срушила рекордот на Spotify за кантри-стриминзи во еден ден, со скоро 14 милиони пуштања; дебитирала на прво место на глобалната топ-листа на Spotify и станала прва песна со машка соработка која дебитирала на прво место. Исто така, песната се искачила на врвот на глобалната топ-листа од Apple Music и на топ-листите од Пандора.[90]
На 16 август 2024 година, Мелоун го објавил неговиот шести студиски албум, F-1 Trillion.[91]
Личен живот
уредиМелоун од 2015 до 2018 година бил во врска со Ешлен Дијаз.[92] Во мај 2022 година, Мелоун објавил дека очекува дете со неговата тогашна девојка.[93] Во јуни 2022 година, за време на гостувањето во Шоуто на Хауард Стерн, Мелоун открил дека се свршил со неговата девојка и дека добиле ќерка. На Мелоун на челото му се истетовирани иницијалите од неговата ќерка, „DDP“.[94][95] Песната „Yours“ од неговиот албум F-1 Trillion била инспирирана од неговата ќерка за тоа како тој замислува таа да се омажи кога ќе порасне.[96][97][98][99]
За време на интервју со Хауард Стерн во 2022 година, Мелоун открил дека долго време се борел со алкохолизмот, но ја победил зависноста со помош на неговата свршеница.[100]
Мелоун има многу тетоважи кои сам си ги истетовирал, а исто така истетовирал и неколку пријатели и познаници.[101] До почетокот на 2021 година, имал најмалку 78 тетоважи.[102]
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Stoney (2016)
- Beerbongs & Bentleys (2018)
- Hollywood's Bleeding (2019)
- Twelve Carat Toothache (2022)
- Austin (2023)
- F-1 Trillion (2024)
Наводи
уреди- ↑ Herbert, Geoff (October 20, 2017). „Rapper Post Malone's father talks Syracuse roots, musical influences—and haters“. syracuse.com. Архивирано од изворникот April 2, 2019. Посетено на April 1, 2019.
- ↑ Stanton, Christopher (May 18, 2021). „Post Malone is an actor now, whether you like it or not“. mic.com. Посетено на November 19, 2023.
- ↑ „How Post Malone Became The Most Random Success In Rap“. The FADER (англиски). Архивирано од изворникот на June 10, 2022. Посетено на 2022-06-10.
- ↑ 4,0 4,1 Wurzburger, Andrea. „Find Out How Post Malone Got His Name (and All of His Tattoos) in This Martha & Snoop Bonus Clip“. VH1 News. Архивирано од изворникот на November 21, 2017. Посетено на November 22, 2017.
- ↑ „White Iverson by Post Malone“. SoundCloud. Post Malone. Архивирано од изворникот на October 5, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ Schwartz, Danny (August 14, 2015). „Post Malone Signs With Republic Records“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на October 4, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Wang, Amy X. (August 18, 2018). „Post Malone Broke a 34-Year-Old Michael Jackson Record. How?“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на August 19, 2018. Посетено на August 19, 2018.
- ↑ „Post Malone's Journey Into Country Music Continues With Another Hit“. Forbes.com. May 9, 2024.
- ↑ Mendoza, Diego (2022-05-06). „'I'm the happiest I've ever been': Post Malone announces girlfriend's pregnancy“. khou.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-08-18. Посетено на 2022-08-17.
- ↑ „Post Malone“. GRAMMY.com. May 12, 2018. Архивирано од изворникот на February 8, 2019. Посетено на June 12, 2019.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Ahlgrim, Callie. „Only 23 artists have multiple songs that are certified diamond — here they all are“. insider.com. Посетено на 21 September 2023.
- ↑ 13,0 13,1 Blackburn, H. Drew (June 23, 2015). „Post Malone's Homecoming“. Pigeons & Planes. Архивирано од изворникот на October 26, 2015. Посетено на October 17, 2015.
- ↑ „Post Malone on Twitter: "I've never been anyone except for Austin Richard Post. i ain't never fold/break."“. Twitter. Архивирано од изворникот на January 21, 2017. Посетено на May 29, 2016.
- ↑ „Rapper Post Malone's father talks Syracuse roots, musical influences – and haters“. syracuse.com. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на December 1, 2017.
- ↑ h3h3Productions (May 22, 2017). „H3 Podcast #7 – Post Malone & Joji“ (Podcast). Случено во 11:48. Архивирано од изворникот June 26, 2019. Посетено на August 11, 2017.
- ↑ 17,0 17,1 Valentine, Claire (October 6, 2017). „Post Malone on Memes, Bieber Fans, and the Importance of Beer“. PAPER. Архивирано од изворникот на November 19, 2017. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ Figman, Adam (April 30, 2015). „The New 3“. SLAMonline. Архивирано од изворникот на October 2, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ Emo Nite (June 8, 2017). „Post Malone plays My Chemical Romance at Emo Nite“. Архивирано од изворникот на January 4, 2019. Посетено на June 20, 2018.
- ↑ westfesttv (February 9, 2016). „GGN Post Malone Has The Sauce“. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ westfesttv (February 9, 2016). „GGN Post Malone Has The Sauce“. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ Scare Wolf (August 15, 2017). „Post Malone – Stone Cold Podcast“. Архивирано од изворникот на March 5, 2021. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ 23,0 23,1 Markman, Rob (July 18, 2015). „Video Premiere: Watch Post Malone's 'White Iverson'“. MTV. Архивирано од изворникот на October 5, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ westfesttv (February 9, 2016). „GGN Post Malone Has The Sauce“. Архивирано од изворникот на May 9, 2021. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ „Post Malone Goes Undercover on Twitter, Facebook, Quora, and Reddit“. GQ. December 21, 2017. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на December 21, 2017.
I didn't go to Syracuse ... I went to Tarrant County College
- ↑ „Nardwuar vs. Post Malone“. December 10, 2017. Архивирано од изворникот на December 13, 2017. Посетено на December 13, 2017.
- ↑ „'Post Malone' exposed part of minecraft (Before He Was Famous)“. December 21, 2016. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на December 13, 2017.
- ↑ „GGN Post Malone Has The Sauce“. February 9, 2016. Архивирано од изворникот на August 28, 2021. Посетено на December 13, 2017.
- ↑ „How Post Malone Went From SoundCloud to Stadium Status“. Complex. Архивирано од изворникот на December 16, 2017. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ Golden, Zara (May 14, 2015). „How Post Malone Became The Most Random Success In Rap“. The FADER. Архивирано од изворникот на September 26, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ „Post Malone at The Breakfast Club: Talks White Iverson, Is He A Culture Vulture & More (August 24, 2015)“. TheBreakFastClub. August 24, 2015. Архивирано од изворникот на October 30, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ 32,0 32,1 Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Payne, Ogden. „Inside The Hidden Success Of Post Malone“. Forbes. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на November 20, 2017.
- ↑ Miller, Mac. „Mac Miller tweet“. Twitter. Посетено на November 20, 2017.
- ↑ Walsh, Peter (January 28, 2016). „Earl Sweatshirt Isn't a Fan of Post Malone“. XXL Mag. Архивирано од изворникот на November 16, 2017. Посетено на November 20, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Mench, Chris. „Earl Sweatshirt Finally Heard Post Malone's "White Iverson" and He Doesn't Seem to Be a Fan“. Complex. Архивирано од изворникот на November 23, 2017. Посетено на November 20, 2017.
- ↑ Schwartz, Danny (August 14, 2015). „Post Malone Signs With Republic Records“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на October 4, 2015. Посетено на October 3, 2015.
- ↑ Suarez, Gary. „Post Malone Scores With 'White Iverson'“. Forbes. Архивирано од изворникот на April 30, 2016. Посетено на April 29, 2016.
- ↑ Akubuilo, Nneoma (February 12, 2016). „Yeezy Season 3“. Архивирано од изворникот на March 1, 2016. Посетено на February 18, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Yuscavage, Chris. „Here's James Harden Helping Post Malone Perform "White Iverson" at Kylie Jenner's 18th Birthday Party“. Complex. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ Fleischer, Adam. „Without Kylie Jenner, This Buzzing Rapper Never Would Have Collaborated With Kanye West“. MTV News. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ „Justin Bieber at the Palace“. Detroit Free Press. Архивирано од изворникот на May 5, 2016. Посетено на April 29, 2016.
- ↑ Wood, Mikael (December 16, 2016). „Why Post Malone has been called 'the Donald Trump of hip-hop'“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на December 18, 2016. Посетено на December 19, 2016.
- ↑ Simmons, Ted (April 21, 2016) Post Malone's New "Go Flex" Single Sounds Like Another Hit Архивирано на 23 април 2016 г..
- ↑ Walker, Angus (May 12, 2016). „Post Malone's "August 26" Reportedly Dropping Today At Noon'“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на May 12, 2016. Посетено на May 12, 2016.
- ↑ India, Lindsey (June 7, 2017). „Post Malone Earns First Top 10 Hit on Billboard Hot 100 Chart – XXL“. XXL Mag. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ Morris, Jessie. „Post Malone Grabs Quavo for "Congratulations"“. Complex. Архивирано од изворникот на January 18, 2018. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ „Gold & Platinum – RIAA“. RIAA. Архивирано од изворникот на June 26, 2019. Посетено на November 19, 2017.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Orcutt, KC (November 22, 2017). „Post Malone and 21 Savage Drop Bloody Rockstar Video – XXL“. XXL Mag. Архивирано од изворникот на November 22, 2017. Посетено на November 23, 2017.
- ↑ Renshaw, David. „Post Malone and 21 Savage star in the blood-soaked "rockstar" video“. The FADER. Архивирано од изворникот на November 25, 2017. Посетено на November 23, 2017.
- ↑ Minsker, Evan (November 22, 2017). „Post Malone and 21 Savage Drop Ultra-Bloody New "rockstar" Video: Watch“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на November 23, 2017.
- ↑ „Here's a Preview of Post Malone's New Single With Ty Dolla Sign "Psycho"“. PigeonsandPlanes. Архивирано од изворникот на March 1, 2018. Посетено на March 1, 2018.
- ↑ Psycho (feat. Ty Dolla $ign) – Single by Post Malone on Apple Music, February 23, 2018, Архивирано од изворникот на March 1, 2018, Посетено на March 1, 2018
- ↑ „Post Malone Is Going on Tour With 21 Savage and SOB x RBE – XXL“. XXL Mag. February 20, 2018. Архивирано од изворникот на March 1, 2018. Посетено на March 1, 2018.
- ↑ „Drake's 'God's Plan' No. 1 on Billboard Hot 100 for Sixth Week, Post Malone's 'Psycho' Debuts at No. 2“. Billboard. Архивирано од изворникот на March 6, 2018. Посетено на March 6, 2018.
- ↑ Brandle, Lars (April 30, 2018). „Post Malone's 'beerbongs & bentleys' smokes Spotify records“. The Industry Observer. Архивирано од изворникот на November 15, 2018. Посетено на May 2, 2018.
- ↑ McIntyre, Hugh (April 30, 2018). „Post Malone's New Album Has Been Certified Platinum Just 4 Days After Being Released“. Forbes. Архивирано од изворникот на May 2, 2018. Посетено на May 2, 2018.
- ↑ „Post Malone Chart History“. Billboard. Архивирано од изворникот на May 7, 2018. Посетено на June 6, 2018.
- ↑ „Post Malone to establish his own record label“. Dancing Astronaut. May 23, 2018. Архивирано од изворникот на May 23, 2018. Посетено на May 25, 2018.
- ↑ „Post Malone & 21 Savage's "Rockstar" Wins Top Rap Song at BBMAs“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на June 7, 2018.
- ↑ „Post Malone and Girlfriend Ashlen Diaz Split After Three Years“. Us Weekly. November 2, 2018. Архивирано од изворникот на November 3, 2018. Посетено на November 3, 2018.
- ↑ „Post Malone Tour Guide: Runaway Setlist, Tickets, Media“. Stadium Help. July 15, 2019. Архивирано од изворникот на April 18, 2019. Посетено на July 15, 2019.
- ↑ Jenke, Tyler (August 27, 2019), „Post Malone formally announces upcoming album, 'Hollywood's Bleeding'“, Tone Deaf, Архивирано од изворникот на August 27, 2019, Посетено на August 27, 2019
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Skinner, Tom (March 14, 2020). „Post Malone criticised for not cancelling arena show amid coronavirus crisis“. NME. Архивирано од изворникот на March 29, 2020. Посетено на March 15, 2020.
- ↑ Osei, Sarah (March 14, 2020). „People Are Upset at Post Malone for not Canceling His Sold-Out Show“. Highsnobiety. Посетено на March 15, 2020.
- ↑ 74,0 74,1 Newstead, Al (April 27, 2020). „Post Malone's Nirvana Tribute livestream was pretty damn good, actually“. triple j. Australian Broadcasting Corporation. Архивирано од изворникот на January 25, 2021. Посетено на 29 September 2020.
- ↑ Greenwood, Koltan (April 28, 2020). „Here's how much money Post Malone's Nirvana tribute has already raised“. Alternative Press. Архивирано од изворникот на September 29, 2020. Посетено на 29 September 2020.
- ↑ Bruce, Jasper (May 11, 2020). „Dave Grohl says Post Malone's Nirvana livestream "sounded great"“. NME. BandLab Technologies. Архивирано од изворникот на August 4, 2020. Посетено на 29 September 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Strauss, Matthew (April 27, 2022). „Post Malone Reveals Release Date for New Album Twelve Carat Toothache“. Pitchfork (англиски). Архивирано од изворникот на April 28, 2022. Посетено на April 27, 2022.
- ↑ „'Post Malone: Runaway' Documentary to Debut August 12th Via Amazon Freevee“. July 30, 2022. Архивирано од изворникот на August 16, 2022. Посетено на August 12, 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Bras Nevares, Gabriel (May 16, 2023). „Post Malone Announces New Album Austin“. HotNewHipHop. Посетено на May 16, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Post Malone – Enough Is Enough (Radio Date: 08-09-2023)“. EarOne. September 4, 2023. Посетено на 2024-01-04.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ @postmalone (May 2, 2024). „I Had Some Help. May 10th @MorganWallen“ (Tweet). Посетено на May 3, 2024 – преку Twitter.
- ↑ Lorie Hollabaugh (May 14, 2024). „Morgan Wallen & Post Malone Make History With 'I Had Some Help'“. Music Row. Посетено на May 14, 2024.
- ↑ Nicholson, Jessica (June 18, 2024). „Post Malone Announces 'F-1 Trillion' Album & Release Date“. Billboard. Посетено на June 18, 2024.
- ↑ „Post Malone and Girlfriend Ashlen Diaz Split After Three Years“. Us Weekly. November 2, 2018. Архивирано од изворникот на November 3, 2018. Посетено на November 3, 2018.
- ↑ „Post Malone Announces He's Expecting His First Child: 'I'm the Happiest I've Ever Been'“. Complex (англиски). Архивирано од изворникот на May 3, 2022. Посетено на 2022-05-03.
- ↑ „Post Malone Announces Birth of Daughter – and His Engagement“. Yahoo (англиски). June 13, 2022. Архивирано од изворникот на June 13, 2022. Посетено на 2022-06-13.
- ↑ „Post Malone Confirms He Welcomed a Baby Girl With His Fiancée“. E! Online. 2022-06-13. Архивирано од изворникот на June 13, 2022. Посетено на 2022-06-13.
- ↑ Mason, Anthony (2024-08-11). „Post Malone on success, loneliness, and making his audience know they're loved - CBS News“. www.cbsnews.com (англиски). Посетено на 2024-08-14.
- ↑ „Post Malone on success, acceptance, and his new country album - CBS News“. www.cbsnews.com (англиски). Посетено на 2024-08-14.
- ↑ Galbraith, Alex (2024-08-11). „Post Malone Says His Daughter Saved His Life“. Us Weekly (англиски). Посетено на 2024-08-14.
- ↑ „Post Malone reveals how baby daughter saved his life“. Yahoo News (англиски). 2024-08-12. Посетено на 2024-08-14.
- ↑ „Post Malone Reveals Battle with Alcoholism: 'It Got to a Terrible Point'“. Mediaite. 20 June 2022. Архивирано од изворникот на July 2, 2022. Посетено на July 2, 2022.
- ↑ „Post Malone Shows The First Tattoo He's Ever Done Himself“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на May 24, 2018. Посетено на May 25, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Пост Мелоун — AllMusic (англиски)
- Пост Мелоун на Discogs (англиски)
- Пост Мелоун на Семрежната филмска база на податоци (англиски)