Earth, Wind & Fire
Earth, Wind & Fire (EW&F или EWF) ― американска музичка група. Нивниот стил опфаќа различни музички жанрови како: џез, R&B, соул, фанк, диско, поп, латино и афропоп.[4] Со продадени преку 90 милиони плочи ширум светот, тие се меѓу најпродаваните музички изведувачи на сите времиња.[5][6] [7]
Earth, Wind & Fire | |
---|---|
Earth, Wind & Fire на настап во 2009 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Чикаго, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1969–денес |
Издавачи |
Групата била основана во Чикаго во 1969 година и е позната по нејзиниот калимба звук, динамичната секција со дувачки лимени инструменти, енергичните и спектакуларни сценски изведби и контрастот меѓу фалсетот на Бејли и баритонот на Морис.[8][9]
Бендот освоил 6 Греми награди од 17 номинации[10] и четири Американски музички награди од 12 номинации.[11] Тие се примени во Куќата на славата на рокенролот, Куќата на славата на вокалните групи, Куќата на славата на NAACP наградите и Холивудската рок-патека, и добиле своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Групата Aмериканското друштво на композитори ја добила Наградата за ритам и соул наследство, награда BET за животно дело, Награда за соул легенда,[11][12] наградата Гувернерски потпис од NARAS, [11] Греми награда за животно дело,[11][10] Наградата конгресен хоризонт за 2012 година,[13] и почести од Кенедиевиот центар во 2019 година.[14] Списанието Ролинг Стоун ги опишало како „иновативни, прецизни ама сензуални, пресметани ама галванизирачки“ и напишале дека групата „го променила звукот на црниот поп“. Според VH1, EWF биле „една од најдобрите групи“.[15]
Историја
уредиГрупата била формирана во 1969 година по иницијатива на тапанарот Морис Вајт (1941-2016), кој претходно работел со Ramsey Lewis Trio and Salty Peppers. Први членови на групата биле: Шери Скот (вокал), Филард Вилијамс (перкусии), Вердин Вајт (бас), Мајкл Бил (гитара), Честер Вашингтон (саксофон), Лесли Дрејтон (труба), Алекс Томас (тромбон, аранжман) и Вејд Флемонс (клавијатури, вокал).[16][17][18] Првите два албума на Earth, Wind And Fire биле позитивно оценети од критиката, а синглот „I Think About Lovin' You“ се пласирал во топ-40 на топ-листата за ритам и блуз.[19][20] Сепак, и покрај успехот немало единството во групата, и таа брзо се распаднала; Морис одлучил да ја возобнови со нова постава.[21]
Во текот на 1972 година, Морис во групата ги повикал вокалистката Хелена Дејвис, Рони Лос на флејта и саксофон, ритам гитаристот Роланд Баутиста, клавијатуристот Лери Дан, вокалистот Филип Бејли и перкусионистот Ралф Џонсон. Хелена Дејвис за брзо била заменета со Џесика Кливс, поранешна членка на R&B групата The Friends of Distinction.[17][22]
По настапот во њујоршкиот Рокфелер центар групата била забележана од Клајв Дејвис, тогашен претседател на Columbia Records. Дејвис бил импресиониран од групата и го откупил нивниот договор од Ворнер Брос.[17][18][23]
Во мај 1972 година, EWF го објавиле нивниот прв албум со Columbia Records, Head to the Sky; албумот покрај оригиналниот материјал, содржел и преработки од Пит Сигер и „Bread“. Албумот се искачил на 2-ро место на Billboard топ-листата Top Soul Albums и 27-мо место на Билборд 200.[24] Head to the Sky бил сертифициран со платинест тираж од RIAA.[25] Албумот бил пропратен со два хит сингла, „Evil“ и „Keep Your Head To The Sky“.[26] Џесика Кливис ја напуштила групата по објавувањето на албумот.[27]
Плочата Open Our Eyes била издадена во март 1974 година.[28] Кен Емерсон од Ролинг Стоун за Open Our Eyes рекол дека е „пријатна разновидност на африкански, латино ритми, добро искоординиран фанк, пријатен џез, Слај Стоун, Стиви Вондер и the Fifth Dimension“. Роберт Кристгау од Village Voice албумот го опишал како целосна „турнеја на моќта“. [29] Албумот се искачил на прво место на Billboard Top Soul Albums и 15-то место на Билборд 200.
Во 1975 година EWF се искачиле на самиот врв на американската поп-лис со албумот „That's The Way Of World“.[30] Стивен Кервуд од The Boston Globe албумот го нарекол како „звук што не смее да се пропушти“. Дерил Исли од Би-Би-Си рекол дека „That's The Way Of World“ е „ремек дело на соулот“. Албумот бил сертифициран со троен платинест тираж во САД.[31][32][33]
На албумот била песната „Shining Star“, кој се искачила на прво место на Billboard Hot 100 и Hot Soul Singles. Со ова EWF станале први црни изведувачи кои се искачиле на врвот на топ-листата за албуми и на топ-листата за синглови. Песната добила Греми награда за најдобра R&B изведба од дуо или група со вокали.[34] [30] [32]
По успехот на албумот, групата ангажирала своја секција со дувачки инструменти, наречена Phenix Horns.[35]
Издавачката куќа намирисала големи пари и од групата побарала итно да снимат уште една плоча. И покрај брзањето, „Gratitude“ која била објавена во јуни 1975 била успешна;[36] албумот станал тројно платинест,[37] што било многу големо достигнување за „црна“ група.
Во втората половина на 70-тите за Earth, Wind And Fire објавиле уште три успешни албуми: Spirit, All 'N All и I Am. Концертите на EWF од тоа време биле спектакуларно изведувани: пиротехнички и ласерски ефекти, летечки пирамиди и гитаристи кои се издигнуваат во воздухот. Во 1979 година, групата била на турнеја низ Европа и Јапонија и сите концерти биле пред време распродадени, а нивниот денс-хит „Boogie Wonderland“ се нашол на врвот на топ-листите во многу земји. По ова, популарноста на групата почнала да опаѓа и нивниот следно издание, „Faces“, стигнал до само златен тираж. По овој албум, Мекеј ја напуштил групата, а Батиста се вратил на своето претходно место.
Следните две плочи биле придружени со неколку хит синглови, меѓу кои и песната со која освоиле Греми награда, „I Wanna Be With You“. Сепак, нивната плоча „Electric Universe“, објавена во 1983 година, била толку неуспешна што групата паузирала со својата музика цели четири години. Во 1987 година, Колумбија успеала да ги убеди Морис Вајт и Филип Бејли да ја активираат групата. Во нивната постава бил новиот гитарист Шелдон Рејнолдс, а албумот Touch The World исфрлил два хита, „System Of Survival“ и „Thinking Of You“ (и двете се најдоа на топ-листите за денс и за ритам и блуз). Во 1988 година, групата ја издала компилацијата „The Best of Earth, Wind & Fire Vol II“, а во 1990 година бил објавен последниот албум под Columbia, „Heritage“.
Во текот на 90-тите, Earth, Wind And Fire објавија само два студиски албуми, ограничени од возраста на музичарите и нивното здравје. Сепак, публиката не ги заборавила. Во 1995 година, била поставена ѕвездата на EWF на Булеварот на славните во Холивуд, а во 2000 година групата била примена во Куќата на славата на рокенролот. На почетокот од новиот милениум, Морис Вајт објавил неколку албуми од неговата група со неговата издавачка куќа Kalimba Records: „Live In Rio“ (снимки во живо од 1980 година) и првиот студиски албум по шест години, „The Promise“. Во 2005 година било објавено нивното издание, „Illumination“, за кое групата била номинирана за Греми награда во неколку категории.
Во 2019 година, EWF го добиле признанието од Кенедиевиот центар,[38] и EWF станала прва „црна“ група која добила почести од Кенедиевиот центар.[39]
На 24 април 2022 година, поранешниот саксофонист на групата, Ендрју Вулфолк, починал на 71-годишна возраст [40] Групата подоцна тргнала на заедничка летна турнеја со Карлос Сантана и гостувала на албумот од Isley Brothers од септември 2022 година Make Me Say It Again, Girl.[41] [42]
На 1 јануари 2023 година, било објавено дека поранешниот тапанар Фред Вајт починал на 67-годишна возраст [43]
Earth, Wind & Fire за летото 2023 година објавиле заедничка турнеја со Лајонел Ричи.[44]
Членови
уреди- Филип Бејли Сениор – главен вокал, конга, перкусии, калимба (1972–1984; 1987–денес)
- Вердин Вајт – бас гитара, придружен вокал (1970–1984; 1987–денес)
- Ралф Џонсон – перкусии, придружни вокали (1972–1984; 1987–денес); тапани (1972–1984)
- Б. Дејвид Виртворт – ударни инструменти, вокал (1996-денес)
- Мајрон Мекинли – клавијатури, музички директор (2001–денес)
- Џон Парис – тапани, вокал (2001–денес)
- Филип Бејли Џуниор – вокал, перкусии (2008–денес)
- Морис О'Конор – главна гитара, вокал (2008–денес)
- Серг Димитријевиќ – ритам гитара, вокал (2012–денес)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Earth, Wind & Fire (1971)
- The Need of Love (1971)
- Last Days and Time (1972)
- Head to the Sky (1973)
- Open Our Eyes (1974)
- That's the Way of the World (1975)
- Spirit (1976)
- All 'n All (1977)
- I Am (1979)
- Faces (1980)
- Raise! (1981)
- Powerlight (1983)
- Electric Universe (1983)
- Touch the World (1987)
- Heritage (1990)
- Millennium (1993)
- In the Name of Love (1997)
- The Promise (2003)
- Illumination (2005)
- Now, Then & Forever (2013)
- Holiday (2014)
- The Classic Christmas Album (2015)
Наводи
уреди- ↑ „Earth, Wind & Fire Drummer Fred White has died, aged 67“. Mixmag.
- ↑ „Earth Wind & Fire's 10 greatest songs ever, ranked“. Smooth.
- ↑ King, Jason (February 5, 2016). „Maurice White: The Audacity of Uplift“. NPR Music. Посетено на January 23, 2021.
- ↑ „Maurice White“. songhall.org. Songwriters Hall of Fame.
- ↑ „Earth, Wind & Fire“. rockhall.com. Rock & Roll Hall of Fame.
- ↑ „Earth, Wind & Fire“. Hollywood Walk of Fame. October 25, 2019.
- ↑ „The Vocal Group Hall Of Fame“. Vocal Group Hall of Fame.
- ↑ O'Keefe, Meghan (April 22, 2014). „Happy Earth, Wind & Fire Day!“. VH1.
- ↑ Nathan, David (1992). The Eternal Dance. Columbia Records.
- ↑ 10,0 10,1 „Earth, Wind & Fire“. National Academy of Recording Arts and Sciences. June 28, 2023.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 „Maurice White“. songhall.org. Songwriters Hall of Fame.
- ↑ „Legendary R&B Group Earth, Wind & Fire Inducted into Hollywood's Rockwalk“. ascap.com. ASCAP. July 7, 2003.
- ↑ Totland, Colton (June 20, 2012). „Congressional medals awarded to community-driven youths“. The Washington Times.
- ↑ „Celebrate the 2019 Honorees“. Kennedy Center. December 8, 2019.
- ↑ O'Keefe, Meghan (April 22, 2014). „Happy Earth, Wind & Fire Day!“. VH1.
- ↑ „Earth, Wind & Fire“. rockhall.com. Rock & Roll Hall of Fame.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Nathan, David (1992). The Eternal Dance. Columbia Records.
- ↑ 18,0 18,1 Chuck, Miller. „Earth Wind and Fire I'll Write a Song for You“. Goldmine Magazine. Посетено на May 6, 2009.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: The Need Of Love“. 45worlds.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: The Need of Love (Top Soul Albums)“. Billboard.
- ↑ Nathan, David (1992). The Eternal Dance. Columbia Records.
- ↑ Huey, Steve. „Earth, Wind & Fire“. AllMusic. Посетено на November 26, 2017.
- ↑ Lloyd, Jack (January 9, 1975). Lack of Pop-Music Trend is Healthy Sign to Producer. The Philadelphia Inquirer. стр. 27.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Head to the Sky“. 45worlds.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Head to the Sky“. RIAA.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Keep Your Head to the Sky (Hot Soul Songs)“. Billboard.
- ↑ Nathan, David (1992). The Eternal Dance. Columbia Records.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Open Our Eyes“. 45worlds.
- ↑ Christgau, Robert (1974). „Earth, Wind & Fire: Open Our Eyes“. The Village Voice.
- ↑ 30,0 30,1 Flans, Robyn (December 1, 2004). „Classic Tracks: Earth, Wind & Fire's "Shining Star"“. Mix.
- ↑ Curwood, Stephen (July 18, 1975). „Records: Nelson, Earth etc., Bee Gees“. The Boston Globe. стр. 11.
- ↑ 32,0 32,1 Easlea, Daryl (2010). „Earth, Wind & Fire: That's the Way of the World Review“. BBC Music.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: That's the Way of the Worldb“. RIAA.
- ↑ „Earth, Wind & Fire“. National Academy of Recording Arts and Sciences. June 28, 2023.
- ↑ Hagwood Stafford, Ron (June 14, 2010). „Earth, Wind & Fire in their element“. Sun Sentinel.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Gratitude“. 45worlds.
- ↑ „Earth, Wind & Fire: Gratitude“. RIAA.
- ↑ „Celebrate the 2019 Honorees“. Kennedy Center. December 8, 2019.
- ↑ „Earth, Wind & Fire Makes History By Becoming The First Black Group Inducted Into Kennedy Honors“. NewsOne. December 15, 2019. Посетено на December 15, 2020.
- ↑ Irvin, Jack (April 26, 2022). „Earth, Wind & Fire Saxophonist Andrew Woolfolk Dead at 71 After 6-Year Illness: 'Great Talent'“. People.
- ↑ C. Johnson, Kevin (June 28, 2022). „Santana says tour with Earth, Wind & Fire is a 'spiritual revival'“. stltoday.com. St. Louis Post Dispatch.
- ↑ Samuels, Keithan (September 30, 2022). „The Isley Brothers Share New Album 'Make Me Say It Again, Girl'“. ratedrnb.com. Rated R&B.
- ↑ „Earth, Wind & Fire Drummer Fred White Dies at 67“. Pitchfork. January 2, 2023.
- ↑ Kreps, Daniel (March 8, 2023). „Real Earth, Wind & Fire Sues Fake Earth, Wind & Fire for Trademark Infringement, Deceiving Fans“. Rolling Stone. Посетено на March 8, 2023.