Кочо Чолаковски
Кочо Чолаковски - Станко (Нижеполе , Битолско, 1923 - 9 септември 1942) — македонски партизан, учесник во НОБ[1].
Животопис
уредиЧолаковски е роден во селото битолското Нижеполе во 1923 година. По занимање бил земјоделец. Како младинец се истакнал со непосредни идеи поради што бил примен за член на младинска воспитна група во селото, непосредно после окупацијата. Нешто подоцна бил примен за член на КПЈ. Кога била формирана четата „Јане Сандански“, Чолаковски бил еден од нејзините борци. Само ден подоцна од формирањето на 9 септември 1942, загинал при несреќен случај, т.е. при недоволно внимателен пренос на пушки.
Наводи
уреди- ↑ „Загинати во Народноослободителната војна и Револуцијата (1941-1945)“. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-01-09.