Големо Пелистерско Езеро
Големо Пелистерско Езеро познато и само како Големо Езеро — поледничко езеро кое се наоѓа во изворишниот дел на Езерска Река, лева притока на реката Сапунчица, источно од врвот Вртешка, на надморска висина од 2.218 м. Езерото е во рамките на Националниот парк Пелистер. Настанато е со заемно дејство на ерозивните и акумулативните леднички процеси, во преиздлабениот дел на циркот, кој од јужната и источната страна е заграден со моренски бедем, чија должина изнесува 320 м. Во правец југозапад-североисток езерото е долго 228 м, а најголемата ширина во правец ЈИ–СЗ изнесува 196 м. Вкупната должина на езерскиот брег изнесува 785,25 м, а во овие рамки тоа зафаќа површина од 42.000 м2. Најголемата длабочина при највисокиот водостој изнесува 17,2 м, додека при најнизок водостој таа е 13,8 м, односно просечната длабочина при среден водостој е 15,5 м според што тоа е трето по длабочина природно езеро, а најдлабоко планинско езеро во Македонија[1]. Во базенот на ова езеро се акумулираат вкупно 185.374 м3 вода.[2]. До езерото води добро обележана планинарска патека со почеток од с.Нижеполе кај месноста Лак Поток и ски-лифтот, преку пределот Дебел Рид, а исто така може да се стигне пеш или со теренско возило од хотелот „Молика“ преку месноста Јоргов Камен и Малото Пелистерско Езеро. Од планинарскиот дом крај Големото Пелистерско Езеро започнува и води директна добро обележана планинарска патека кон селото Брајчино во Преспа.
Големо Пелистерско Езеро | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Површина | 42.000 м2 |
Должина | 228 м |
Ширина | 196 м |
Обем | 785,25 м |
Длабочина | 17.2 м |
Надморска висина | 2.218 м |
Планина | Баба (Пелистер) |
Големо Пелистерско Езеро на Ризницата |
Галерија
уреди-
Глетка од Големото Езеро со планинарскиот дом во позадината
-
Големото Езеро од гребенот Чавкарник од север
-
Глетка од Големото Езеро
-
Големото Езеро
Поврзано
уреди„Големо Пелистерско Езеро“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Василески, Драган. Пелистерски езера. Напредок, Тетово. 2008. стр.30
- ↑ Македонска Енциклопедија, Македонска академија на науките и уметностите; 2009 ISBN 978-608-203-023-4