Васил Толи Цаноски (Нижеполе, Битолско, 26 декември 1922) - Кратовско, 10 мај 1944 бил македонски партизан, учесник во НОБ[1].

Животопис

уреди

Цаноски е роден на 26 декември 1922 година во битолското село Нижеполе. По завршувањето на основното училиште, бидејќи во фамилијата биле многу деца бил селски овчар во селото Брусник. По природа бл многу мирен. За време на окупацијата активно ја помагал НОВЈ, а на 10 јули 1943 година се приклучил кон партизанските одреди. Подоцна станал борец во составот на Третата македонска бригада. Зел учество во повеќе борби. На 10 мај 1944 година во една борба против фашистичките сили кај Кратово, Васил загинал.

Наводи

уреди
  1. „Настани 1944 година“. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 2011-01-09.