Надворешни односи на Јужна Кореја
Јужна Кореја одржува дипломатски односи со повеќе од 188 земји. Земјата, исто така, е членка на ООН од 1991 година, кога стана членка во исто време како и Северна Кореја. На 1 јануари 2007 година поранешниот јужнокорејски министер за надворешни работи, Бан Ки Мун, бил избран за Генерален секретар на Обединетите Нации и на таа функција се задржал до 2016 година. Исто така, Јужна Кореја има развиени врски со Асоцијацијата на југоисточни азиски земји како член на ASEAN Plus three.
Во 2010 година, Јужна Кореја и Европската унија склучиле договор за слободна трговија (ССТ) за намалување на трговските бариери. Јужна Кореја, исто така, преговара за Договор за слободна трговија со Канада[1], и со Нов Зеланд[2]. Во ноември 2009 година, Јужна Кореја се приклучила на Комитетот за помош на ОЕЦД за развој, и станала прва земја која некогаш примила помош од оваа организација, а денес е донаторска членка. Јужна Кореја била домаќин на Самитот на Г-20 во Сеул во ноември 2010 година.
Северна Кореја
уредиИ Северна и Јужна Кореја продолжуваат официјално да бараат сувереност над целиот полуостров и сите оддалечени острови. И покрај заедничката нетрпеливост, напорите за помирување продолжиле уште од првичната поделба меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја. Политичките личности, како што е Ким Ку, работеле на помирување на двете влади дури и по Корејската војна[3]. Со долготрајните непријателства по Корејската војна од 1950 до 1953 година, Северна Кореја и Јужна Кореја потпишале договор за продолжување на мирот[4]. На 4 октомври 2007 година, Ро Мо-Хун и севернокорејскиот водач Ким Џонг Ил потпишале договор со осум точки за прашања на траен мир, разговори на високо ниво, економска соработка, обновување на железничките услуги, автопат и авионски патувања, заеднички олимписки состав[4].
И покрај напорите за помирување, напредокот бил комплициран од тестовите на севернокорејските проектили во 1993, 1998, 2006, 2009 и 2013 година. Од почетокот на 2009 година, односите меѓу Северна и Јужна Кореја биле многу напнати. Северна Кореја била пријавена дека има распоредени проектили[5], ги поништила своите поранешни договори со Јужна Кореја[6], и се заканувала на Јужна Кореја и на САД да не се мешаат со лансирањето на сателитот што го планирале[7]. Северна и Јужна Кореја сè уште се технички во војна (никогаш не потпишале мировен договор по Корејската војна) и ја делат најсилно утврдената граница во светот[8]. На 27 мај 2009 година, севернокорејските медиуми објавиле дека примирјето повеќе не е валидно поради заложбата на владата на Јужна Кореја за дефинитивно да се приклучи на Иницијативата за безбедност во борбата против распространување на оружје за масовно уништување[9]. За дополнително да ги комплицираат и интензивираат проблемите помеѓу двете нации, тонењето на јужнокорејскиот воен брод во март 2010 година било потврдено од страна на владата на Јужна Кореја[10] и дека истото било предизвикано од севернокорејско торпедо, кое Северна Кореја го негира. Претседателот во мај 2010 година објавил дека Сеул ќе ја намали целата трговија со Северна Кореја, како дел од мерките кои првенствено се насочени кон дипломатско и финансиско отстранување на Северна Кореја, со исклучок на заедничкиот индустриски проект Кесонг и хуманитарната помош[11]. Северна Кореја првично се заканила дека ќе ги прекине сите врски, целосно ќе го укине претходниот договор за ненапаѓање и ќе ги истера сите Јужнокорејци од заедничката индустриска зона во Кесонг, но ги прекршила своите закани и одлучила да ги продолжи своите врски со Јужна Кореја. И покрај континуираните врски, индустриската зона забележала големо намалување на инвестициите и работната сила како резултат на овој воен конфликт. Во февруари 2016 година, комплексот бил затворен од Сеул, како реакција на ракетата на Северна Кореја порано во месецот[12], што било едногласно осудено од Советот за безбедност на Обединетите нации[13].
Кина
уредиИсториски гледано, Кореја имала блиски односи со династиите во Кина[14][15][16][17]. Во модерни времиња, пред формирањето на Јужна Кореја борците за корејската независност соработувале со кинески војници за време на јапонската окупација. Сепак, по Втората светска војна, Народна Република Кина го прифатил маоизмот, додека Јужна Кореја барала блиски односи со САД. Кина помогнала на Северна Кореја со работна сила и набавки за време на Корејската војна, а по нејзините последици речиси целосно ги прекинале дипломатските односи меѓу Јужна Кореја и КНР. Во последно време, Јужна Кореја и КНР повторно воспоставиле формални дипломатски односи на 24 август 1992 година. Двете земји се обиделе да ги подобрат билатералните односи и да го укинат четириесетгодишното трговско ембарго[18], и односите меѓу Јужна Кореја и Кина постепено се подобруваат од 1992 година[18]. Република Кореја ги прекинала официјалните односите со Република Кина (Тајван), добивајќи официјални односи со Народна Република Кина, која не го признава суверенитетот на Тајван[19].
Јапонија
уредиИако немало формални дипломатски врски меѓу Јужна Кореја и Јапонија по завршувањето на Втората светска војна, Јужна Кореја и Јапонија го потпишале Договорот за основни односи меѓу Јапонија и Република Кореја во 1965 година за воспоставување дипломатски врски. Има многу антијапонски чувства во Јужна Кореја поради голем број нерешени јапонско-корејски спорови, од кои многумина произлегуваат од периодот на јапонската окупација по јапонската анексија на Кореја. За време на Втората светска војна, повеќе од 100.000 Корејци служеле во Царската Јапонска Армија[20][21]. Корејските жени биле принудени на воениот фронт за да им служат на Царската Јапонска Армија како сексуални робови, наречени жени за утеха[22][23][24][25].
Долготрајните прашања како што се јапонските воени злосторства против корејските цивили, негатизмот при препишување на јапонските учебници во врска со јапонските злосторства за време на Втората светска војна, територијалните спорови околу карпите Лианкурт[26], и посетите на јапонските политичари во светилиштето Јасукуни, во чест на јапонскиот народ (цивили и војници) за време на војната, продолжуваат да ги нарушуваат корејско-јапонските односи. Карпите Лианкурт биле првите корејски територии кои во 1905 година биле насилно колонизирани од Јапонија. Иако повторно биле вратени на Кореја заедно со остатокот од нејзината територија во 1951 година со потпишувањето на Договорот од Сан Франциско, Јапонија не се откажала од своите барања дека карпите се јапонска територија[27]. Како одговор на посетата на тогашниот премиер Џуничиро Коизуми на светилиштето Јасукуни, поранешниот претседател на Кореја ги суспендирал сите разговори за самитот помеѓу Јужна Кореја и Јапонија во 2009 година[28].
Европска Унија
уредиЕвропската Унија (ЕУ) и Јужна Кореја се важни трговски партнери, преговарајќи за договор за слободна трговија многу години откако Јужна Кореја била прогласена како приоритетен партнер за слободна трговија во 2006 година. Договорот за слободна трговија бил одобрен во септември 2010 година и стапил на сила на 1 јули 2011[29]. Јужна Кореја е десетти најголем трговски партнер на ЕУ, а ЕУ станала четврто најголемо одредиште за извоз во Јужна Кореја. Трговијата со ЕУ со Јужна Кореја надминала 90 милијарди евра во 2015 година и ужива годишна стапка на раст од 9,8% годишно меѓу 2003 и 2013 година[30].
ЕУ е единствениот најголем странски инвеститор во Јужна Кореја од 1962 година и изнесува речиси 45% од сите приливи на странски директни инвестиции во Кореја во 2006 година. Сепак, компаниите во ЕУ имаат значителни проблеми при пристапувањето и работењето на пазарот во Јужна Кореја поради строгите стандарди. И во своите редовни билатерални контакти со Јужна Кореја и преку нејзиниот Договор за слободна трговија со Кореја, ЕУ се обидува да ја подобри оваа ситуација[30].
САД
уредиСАД се вклучиле во деколонизација на Кореја (главно на југ, со Советскиот Сојуз ангажиран во Северна Кореја) од Јапонија по Втората светска војна. По три години воена администрација од страна на САД, владата на Јужна Кореја била формирана. По почетокот на Корејската војна, американските сили биле испратени да се бранат од инвазијата од Северна Кореја на југот. По примирјето, Јужна Кореја и САД се согласиле на „Договор за заемна одбрана“, според кој нападот врз која било страна во областа на Тихиот Океан би го повикал другиот на помош[31]. Во 1967 година, Јужна Кореја се обврзила со договор за заемна одбрана, испраќајќи голем контингент на борбени единици за поддршка на САД во Виетнамската војна. Осмата армија на САД, Седмата воздухопловна сила и американските поморски сили се стационирани во Јужна Кореја. Двете земји имаат силни економски, дипломатски и воени врски, иако тие понекогаш не се согласуваат во однос на политиките кон Северна Кореја, и во врска со некои од индустриските активности на Јужна Кореја, кои вклучуваат употреба на ракетни или јадрени технологии. Исто така, постоеле силни антиамерикански чувства во одредени периоди, кои во голема мера се модерирани денес[32]. Во 2007 година, меѓу Јужна Кореја и САД бил потпишан договор за слободна трговија познат како Договор за слободна трговија меѓу Република Кореја и САД, но неговото официјално спроведување било постојано одложувано, во очекување на одобрување од страна на законодавните тела на двете земји. На 12 октомври 2011 година, Конгресот на САД го усвоил долгогодишниот трговски договор со Јужна Кореја[33] и истиот стапил на сила на 15 март 2012 година[34].
Наводи
уреди- ↑ „Canada-Korea – Free Trade Agreement Negotiations“. Foreign Affairs and International Trade Canada. January 5, 2009. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на March 5, 2009.
- ↑ „South Korea, New Zealand launch FTA negotiations“. People's Daily. March 3, 2009. Посетено на June 7, 2013.
- ↑ modern korean history – Home. Modernkoreanhistory.weebly.com. Retrieved April 17, 2015.
- ↑ 4,0 4,1 „North, South Korea pledge peace, prosperity“. Reuters. October 4, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-12-23. Посетено на February 17, 2009.
- ↑ „North Korea deploying more missiles“. BBC News. February 23, 2009.
- ↑ „North Korea tears up agreements“. BBC News. January 30, 2009. Посетено на March 8, 2009.
- ↑ „North Korea warning over satellite“. BBC News. March 3, 2009. Посетено на March 8, 2009.
- ↑ „Koreas agree to military hotline“. CNN.com. June 4, 2004. Архивирано од изворникот на 2009-11-30. Посетено на February 18, 2010.
- ↑ „Proliferation Security Initiation“. May 31, 2003. Посетено на May 8, 2012.
- ↑ Jung Sung-ki (September 13, 2010). „Seoul reaffirms N. Korea's torpedo attack in final report“. The Korea Times. Seoul.
- ↑ „Seoul Decides to Continue Kaesong Project, Humanitarian Aid“. The Chosun Ilbo. Seoul. May 25, 2010.
- ↑ „Seoul shuts down joint North-South Korea industrial complex“. The Guardian. February 10, 2016.
- ↑ „North Korea rocket launch: UN security council condemns latest violation“. The Guardian. February 7, 2016.
- ↑ Korea Herald. (2004) Korea now, p. 31; excerpt, "The Chinese also insist that even though Goguryeo was part of Chinese domain, Silla and Baekje were states subjected to China's tributary system."
- ↑ Pratt, Keith L. (1999). Korea: a historical and cultural dictionary. p. 482.
- ↑ Kwak, p. 99., p. 99, at Google Books; excerpt, "Korea's tributary relations with China began as early as the fifth century, were regularized during the Goryeo dynasty (918–1392), and became fully institutionalized during the Yi dynasty (1392–1910)."
- ↑ Seth, Michael J. (2006). A concise history of Korea, p. 64, p. 64, at Google Books; excerpt, "China found instead that its policy of using trade and cultural exchanges and offering legitimacy and prestige to the Silla monarchy was effective in keeping Silla safely in the tributary system. Indeed, the relationship that was worked out in the late seventh and early eighth centuries can be considered the beginning of the mature tributary relationship that would characterize Sino-Korean interchange most of the time until the late nineteenth century;"
- ↑ 18,0 18,1 „Asia Times – News and analysis from Korea; North and South“. Asia Times. Hong Kong. September 11, 2004. Архивирано од изворникот на 2009-04-02. Посетено на April 25, 2010.
- ↑ Kristof, Nicholas D. (August 24, 1992). „Chinese and South Koreans Formally Establish Relations“. The New York Times.
- ↑ A Brief History of the US-Korea Relations Prior to 1945. "While less than 100 Koreans in America enlisted in the US military during World War II, more than 100,000 Koreans served in the Japanese army as officers and soldiers. There were two Korean Lt. Generals in the Japanese Army: a Chosun prince, whose rank was honorary and who commanded no troops; and Lt. Gen. Hong Sa-Ik, who was a professional military man from the old Chosun army."
- ↑ „Truth Commission on Forced Mobilization under the japanese Imperialism Republic of Korea“. Архивирано од изворникот на February 14, 2009. Посетено на March 18, 2009.
- ↑ „従軍慰安婦の正体“. Архивирано од изворникот на July 12, 2012. Посетено на August 19, 2012.
- ↑ Soh, C. Sarah (May 2001). „Japan's Responsibility Toward Comfort Women Survivors“. San Francisco: Japan Policy Research Institute. Архивирано од изворникот на 2012-06-28. Посетено на February 3, 2012.
- ↑ „WCCW's Mission“. Washington Coalition for Comfort Women Issues. 2011. Архивирано од изворникот на May 2, 2010. Посетено на February 18, 2010.
- ↑ „朝日新聞が日韓関係を破壊した 慰安婦についての大誤報を謝罪することが関係修復の条件“. Посетено на August 19, 2012.
- ↑ „DYNAMIC-KOREA“. May 14, 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-14. Посетено на 2018-02-10.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Dokdo Takeshima Island Liancourt Rocks The Historical Facts of the Dokdo / Takeshima Island Dipute Between Korea and Japan“. www.dokdo-takeshima.com. 2012-06-28.
- ↑ „President Roh Moo-hyun will not hold a summit with Japanese Prime Minister Junichiro Koizumi until Koizumi stops visits to Japan's Yasukuni shrine“. Voice of America. March 17, 2006. Архивирано од изворникот на May 7, 2008. Посетено на February 15, 2009.
- ↑ „EU agrees free trade deal with S.Korea“. Agence France-Presse. September 16, 2009.
- ↑ 30,0 30,1 „South Korea-EU - trade in goods - Statistics Explained“. ec.europa.eu (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-09-23. Посетено на September 23, 2017. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ „Mutual Defense Treaty Between the United States and the Republic of Korea; October 1, 1953“. Yale Law School.
- ↑ Haesook Chae (2010). „South Korean Attitudes toward the ROK–U.S. Alliance: Group Analysis“. Cambridge University Press. Архивирано од изворникот на 2020-07-28. Посетено на 2018-02-10. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Appelbaum, Bintamin; Steinhauer, Jennifer (October 13, 2011). „Congress Ends 5-Year Standoff on Trade Deals in Rare Accord“. The New York Times.
- ↑ „New Opportunities for U.S. Exporters Under the U.S.-Korea Trade Agreement“. June 9, 2012.