Холандска Источна Индија

Холандска Источна Индија [3](холандски: Nederlands(ch)-Indië; индонезиски: Hindia Belanda) била холандска колонија која ја опфаќала денешна Индонезија. Државата била формирана во 1800 година, откако холандската влада под своја управа ги презела национализираните трговски испостави на Холандската источноиндиска компанија.

Холандска Источна Индија
Nederlandsch-Indië  (холандски)
Hindia-Belanda  (индонезиски)
1800–1806
1816–1942
1945-1949
Flag of Холандска Источна Индија
Flag
Coat of arms of Холандска Источна Индија
Coat of arms
Химна: "Wilhelmus" (холандски)
"'William"
Карта на Холандска Источна Индија која ја покажува нејзината територијална експанзија од 1800 до Јапонската окупација во 1942
Карта на Холандска Источна Индија која ја покажува нејзината територијална експанзија од 1800 до Јапонската окупација во 1942
СтатусКолонијална администрација
(1816-1942, 1945-1949)
Влада во егзил
(1942-1945)
Главен градБатавија
Capital-in-exileМелбурн
(1942–1944)
Бризбејн
(1944–1945)
Largest cityСурабаја[1][2]
Official languagesХоландски
Говорени јазициМалајски (Лингва франка)
Јавански
Кинески
Домородни јазици
Вероисповед
Ислам (Мнозинство)
Христијанство
Хиндуизам
Будизам
Шеф на држава 
• 1800
Аугустијн Герхард Бесие
• 1948–1949
Јулијана
Генерален гувернер 
• 1800–1801 (прв)
Пјетер ван Оверстратен
• 1949 (последен)
Тони Ловинк
Историја 
1603–1800
• Создавање на Холандска Источна Индија
1 Јануари 1800
• Француско и Британско меѓувладение
1806–1816
1942–1945
• Прогласена е независност
17 Август 1945
• Признавање од Холандија
27 Декември 1949
Население
• 1930
60,727,233
ВалутаГулден од Холандска Индија
Денес дел одИндонезија
Малезија

Историја

уреди

Холандската источноиндиска компанија

уреди
 
Проширувањето на Холандска Источна Индија во индонезискиот архипелаг

Островите во Индонезискиот архипелаг им биле познати на Европејците многу векови пред да започне нивната колонизација и биле повремено посетувани од експедиции како онаа на Марко Поло во 1292 година и Италијанецот Одорик од Порденоне во 1321 година. Првите Европејци кои се населиле во Индонезија биле Португалците во 1512 година. Откако на Холанѓаните им бил оневозможен пристапот до зачините,[4] во 1595 година испловила првата холандска експедиција за Источните Инди. Откако оваа експедиција остварила 400% профит, набрзо следеле и други холандски експедиции. За да се искористи потенцијалот на трговијата со Источните Инди, холандската влада ја основала Обединетата источноиндиска компанија или скратено ОИК (Vereenigde Oost-Indische Compagnie или VOC).[4]

На ОИК со повелба ѝ било дозволено да води војна, да гради тврдини и да склучува договори низ Азија.[4] Основана била престолнина во Батавија (денешна Џакарта), која станала центар на азиската трговска мрежа на ИОК.[5] Шверцот на стоки, трошоците на војната, корупцијата и лошото управување биле причините за банкрот на компанијата на крајот од 18 век. Компанијата било формално распуштена во 1800 година и нејзините колонијални поседи во Индонезискиот архипелаг (меѓу кои и голем дел од Јава, делови од Суматра, голем дел од Малуку и пристаништата како Макасар, Манадо и Купанг) биле национализирани од Холандската Република под името Холандска Источна Индија.[6]

Холандски освојувања

уреди

Во 1806 година, откако Холандија потпаднала под Француското Царство, Наполеон Бонапарт на холандскиот престол го поставил својот брат Луј Бонапарт, кој во 1808 го назначил маршалот Херман Вилем Денделс за генерален гувернер на Холандска Источна Индија.[7] Во 1811 година Денделс бил заменет од Јан Вилем Јансенс, но за кратко време по неговото пристигнување британските сили окупирале неколку холандски пристаништа во Источните Инди. По поразот на Наполеон кај Ватерло во 1815 година и Виенскиот конгрес, на Холандија ѝ била вратена контролата врз островите.[8] Во 1824 година бил склученАнгло-холандскиот договор, според кој Холанѓаните ги добиваат британските населби во Суматра, а на Британците им ја отстапуваат контролата поседите на Малајскиот Полуостров (Малаја) и Холандска Индија. Со овој договор всушност се поставиле границите меѓу поранешните британски и холандски територии, кои подоцна станува граница меѓу модерна Малезија и Индонезија.

Од 1840 година, Холандија почнала да води политика на национален експанзионизам и влегла во серија војни за проширување и консолидација на поседите на надворешните острови.[9] Повеќето од надворешните острови биле под директна контрола или влијание на холандската влада.

 
Поднесувањето на принцот Дипо Негоро на генералот Де Кок к , од Николас Пинеман

Холанѓаните го потчиниле народот Минангкабау од Суматра во војната со Падријците (1821–38) [10] и Јаванската војна (1825–30) со што ставиле крај на големиот јавански отпор.[11] Во 1849 година, северниот дел на Бали бил ставен под холандска контрола. Најдолга траела војната во Аче. Таа започнала со холандската инвазија на Аче во 1873 година, но се соочиле со домородниот герилски отпор, и војната завршила со капитулација на Ачените во 1912 година.[11]

Втора светска војна и независност

уреди
 
Тјарда ван Старкенборг Стахоувер и БЦ де Јонге, последниот и претпоследниот генерален гувернер на Холандска Источна Индија, пред јапонската инвазија

На 14 мај 1940 година, Холандија капитулирала и ја предала својата европска територија на Германија. Кралското семејство побегнало во Британија. На 27 септември 1940 година, Германија, Унгарија, Италија и Јапонија потпишале договор во кој се наведени „сферите на влијание“. Холандската Источна Индија ѝ била доделена на Јапонија.

Холандија, Велика Британија и Соединетите Држави се обиделе да ја одбранат колонијата од јапонските сили додека тие во потрага по холандска нафта напредувале кон југ кон крајот на 1941 година.[12][13] На 10 јануари 1942 година, за време на кампањата на Холандска Источна Индија, јапонските сили ја нападнале Холандска Источна Индија како дел од Тихоокеанската војна.[14] Сојузничките сили биле многу брзо совладани од Јапонците и на 8 март 1942 година, Кралската холандска источноиндиска армија се предадала во Јава.[15][16]

Поттикнати од јапонската воена пропаганда „Азиска светлина“ [17] и од Индонезиското национално будење, огромно мнозинство од домородното население ги пречекало Јапонците како ослободители од колонијалната Холандска империја, но со текот на времето се покажала како порепресивна и поугнетувачка.[18] За разлика од холандската репресија на индонезискиот национализам, Јапонците им дозволиле на домородните лидери да создаваат врски меѓу масите и тие ги обучуваа и вооружуваа помладите генерации.[19]

Според извештајот на ОН, во Индонезија загинале четири милиони луѓе како резултат на јапонската окупација.[20]

По капитулацијата на Јапонија во август 1945 година, националистичките водачи Сукарно и Мохамад Хата прогласиле независност на Индонезија. Следела четири и пол годишна војна затоа што Холанѓаните се обиделе да ја обноват својата колонија; иако холандските сили повторно го окупирале поголемиот дел од територијата на Индонезија, имало герилска борба, а мнозинството Индонезијци, и подоцна меѓународниот фактор, се залагале за независност на Индонезија. Холандија извршила бројни воени злосторства : групни и произволни убиства на индонезиски селани и земјоделци, тортура врз индонезиските затвореници и погубување на затвореници. Ад ван Лимпт го документирал масовното убиство на 364 Индонезијци од страна на холандски војници во селото Галоенг Галоенг. Алфред Еделштајн и Карин ван Коеворден, подоцна ја документирале погубувањата на стотици мажи во селото Равагеде.[21]

Во декември 1949 година, Холандија формално го признала индонезискиот суверенитет со исклучок на Холандска Нова Гвинеја (Западна Нова Гвинеја). Владата на Сукарно водела кампања за таа територијата да се присоедини кон Индонезија, а под притисок од САД, во мај 1963 година Холандија го потпишала Њујоршкиот договор со кој Западна Нова Гвинеја ја отстапува на индонезиската администрација.[22]

Во 2013 година, холандската влада се извинила за насилството врз индонезискиот народ, а ова извинување го повторил кралот Вилем-Александар при државната посета во 2020 година.[23]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Dick, Howard W. (2002). Surabaya City Of Work: A Socioeconomic History, 1900–2000 (Ohio RIS Southeast Asia Series): Howard Dick: 9780896802216: Amazon.com: Books. ISBN 978-0896802216.
  2. „Page:The New International Encyclopædia 1st ed. v. 18.djvu/816 - Wikisource, the free online library“. en.wikisource.org. Архивирано од изворникот 24 декември 2018. Посетено на 27 декември 2018.
  3. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 27 May 2015. Посетено на 27 May 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Ricklefs (1991), p. 27
  5. Vickers (2005), p. 10
  6. Ricklefs (1991), p. 110; Vickers (2005), p. 10
  7. Kumar, Ann (1997). Java. Hong Kong: Periplus Editions. стр. 44. ISBN 962-593-244-5.
  8. Ricklefs (1991), pp. 111–114
  9. Vickers (2005), p. 10; Ricklefs (1991), p. 131
  10. Ricklefs (1991), p. 142
  11. 11,0 11,1 Friend (2003), p. 21
  12. Jack Ford, "The Forlorn Ally—The Netherlands East Indies in 1942," War & Society (1993) 11#1 pp: 105-127.
  13. Herman Theodore Bussemaker, "Paradise in Peril: The Netherlands, Great Britain and the Defence of the Netherlands East Indies, 1940–41," Journal of Southeast Asian Studies (2000) 31#1 pp: 115-136.
  14. Morison (1948), p. 191
  15. Ricklefs (1991), p. 195
  16. L., Klemen, 1999–2000, The Netherlands East Indies 1941–42, "Forgotten Campaign: The Dutch East Indies Campaign 1941–1942 Архивирано на 26 јули 2011 г.".
  17. Shigeru Satō: War, nationalism, and peasants: Java under the Japanese occupation, 1942–1945 (1997), p. 43
  18. Encyclopædia Britannica Online (2007). „Indonesia :: Japanese occupation“. Архивирано од изворникот на 9 February 2007. Посетено на 21 January 2007. Though initially welcomed as liberators, the Japanese gradually established themselves as harsh overlords. Their policies fluctuated according to the exigencies of the war, but in general their primary object was to make the Indies serve Japanese war needs.
  19. Ricklefs (1991), p. 199
  20. Cited in: Dower, John W. War Without Mercy: Race and Power in the Pacific War (1986; Pantheon; ISBN 0-394-75172-8)
  21. „How the Netherlands Hid Its War Crimes for Decades“. 31 August 2020.
  22. Ricklefs, M C (1991). A History of Modern Indonesian since c.1300 (Second. изд.). Houndmills, Baingstoke, Hampshire and London: The Macmillan Press Limited. стр. 271, 297. ISBN 0-333-57690-X.
  23. Jatmiko, Andi. „Dutch king apologises for colonial killings in Indonesia“. Belfasttelegraph.