Покраини во Индонезија

првостепена административна единица на Индонезија

Покраините се првостепени административни единици во Индонезија. Имаат месна управа, сочинета од управник (Gubernur) и регионално законодавно тело (Dewan Perwakilan Rakyat Provinsi). Управникот и пратениците се бираат на избори со петгодишен мандат, со тоа што управниците имаат право на само два мандата. Покраинските управи се овластени да ги уредуваат и вршат сопствените работи во рамките на ограничувањата поставени од државната влада.

Покраини во Индонезија
Provinsi di Indonesia
Категоријапрвостепена административна единица на децентрализирана унитарна држава
МестоИндонезија
Создадена на18 август 1945
Број38
НаселенијаЈужна Папуа (534.400) – Западна Јава (49.860.300)
ПовршиниЏакарта 661 км2Централен Калимантан 153.444 км2
Управауправник
Подединицинамесништва

Денес земјата е поделена на 38 покраини, од кои 9 имаат посебен автономен статус (istimewa / khusus). Покраините понатаму се делат на намесништва и градови, кои пак се поделени на окрузи (kecamatan).

Надлежности

уреди

Според Законот за регионална управа (UU 23/2014), покраинската управа ги има следниве надлежности:

  1. Планирање и контрола;
  2. Урбанистика, наменување и јавен простор;
  3. Спроведување на јавен ред и мир;
  4. Обезбедување на јавни услуги и инфраструктура;
  5. Здравство;
  6. Образование и распределба потенцијални човечки ресурси;
  7. Справување со општествени проблеми во намесништвата/градовите;
  8. Услуги поврзани со работната сила во намесништвата/градовите;
  9. Развивање на задругарството, малите и среди претпријатија, вкл. во окрузите/градовите;
  10. Контрола врз животната средина;
  11. Одбрана вкл. во намесништвата/градовите;
  12. Водење на матичните книги;
  13. Служби за општо управување;
  14. Служби за вложување, вкл. во намесништвата/градовите;
  15. Спроведување на други основни услуги кое не можат да го вршат намесништвата/градовите; и
  16. Други работи овластени со закони и уредби.

Список на покраини

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Џакарта е град кој претставува посебен регион со покраински статус сочинет од пет општини и едно намесништво. Нема де јуре седиште, но многу управни згради се смстени во центарот на Џакарта.

Наводи

уреди
  1. „Data Wilayah – Kementerian Dalam Negeri – Republik Indonesia“. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2012. Посетено на 16 февруари 2011.
  2. Buku Induk—Kode dan Data Wilayah Administrasi Pemerintahan per Provinsi, Kabupaten/Kota dan Kecamatan Seluruh Indonesia (PDF), Kementerian Dalam Negeri [Ministry of Home Affairs], Архивирано од изворникот (PDF) на 19 ноември 2016
  3. ISO 3166-2:ID (кодови по 3166-2 за покраините во Индонезија)
  4. Badan Pusat Statistik/Statistics Indonesia, Jakarta, 2024.
  5. Бројките се прилагодени заради одвојувањето на градот Таракан и четири намесништва, од кои е образувана новата покраина Северен Калимантан, одделно наведена на табелава.
  6. Покраината Западна Папуа е создадена со одземање на западниот дел на покраината Папуа во февруари 2003 г., првично под името Западен Иријан Џаја, а преименувана во Западна Папуа на 7 февруари 2007 г.