Маската е предмет во облик на човечки или животински облик или во вид на апстрактен симбол којшто се става на лицето служејќи за забава, за глума или за верски церемонии.

Развој

уреди

Традицијата на маските, се развила од свечените дворски забави и приредби на војводството Бургунду, на крајот на Средниот век. Маските биле типичен ласкав подарок за принцот од неговите гости и понекогаш се комбинирале со овчарски приредби, митолошки преданија и драматични елементи на етичка дебата. На овие собири, секогаш имало политичка и социјална употреба на алегоријата. На ваквите забави најчесто се прославувале родендени, свадби, доаѓање на нов владетел, и секогаш завршувале со слика на потполно блаженство и единство. Tематиката на маските, било пожелно да биде со класична содржина, а не христијанска, а вештината била дел од „Големиот танц“. Потоа, маските биле подложувани на третманот наречен „Манирист“, а овој третман бил спроведуван од рацете на врвни уметници, како: Џулио Романо и Иниго Џонс. Поддржувачите на теоријата „нова критика“, во дела како расказите на Бевингтон и Холбрук „The Politics of the Stuart Court Masque“ (1998 година), го посочиле политичкиот контекст на маските. Понекогаш, не било тешко да се најде политичкиот контекст, како на пример: „ Победата на мирот“ („The Triumph of Peace“), во кој била вложена голема сума на пари од парламентот на Чарлс I, што претставувало голема навреда за Пуританците. Дворските забави на Катерина де Медичи, кои често биле и отворено политички, биле меѓу најспектакуларните забави во нејзиното време, иако „интермецо“ забавите на дворецот на Медичи од Фиренца ѝ биле доста конкурентни.

Маските биле форма за изразување свечен и учтив начин на забава, кој почнал да се користи во 16 и на почетокот на 17 век во Европа, иако во Италија бил развиен и порано, но во форми како интермецо. Во маските биле вклучени и музика и танцување, пеење и глумење, со детална сценографија, каде што архитектонскиот облик и костимите ги дизајнирале познати архитекти, за внимателно да се претстави алегорија, со која му се додворуваат на господарот. Најмувани биле професионални глумци и музичари за деловите од свеченоста, во која се зборувало и се пеело. Често, учесниците во маската, кои не зборувале, ниту пееле, биле дворјаните: Џејмс I, сопругот на кралицата Ен од Данска која често танцувала со своите придружнички од маските, од 1603 до 1611 година; и Хенри VIII и Чарлс I, кои настапувале во маските во нивните дворци. Во традицијата на маските, Луј XIV танцувал балет во Версајската палата, со музика на Лили.

Пантомима

уреди

Во традицијата на англискиот театар, пантомимата е маска со тивка пантомима, обично со алегорична содржина, која зависи од поводот на драмата или нејзината тема. Најпознатата пантомима е онаа одиграна во „Хамлет“. Пантомимите можат да бидат спектакл на движења, како еден редослед, како во „Шпанската трагедија“ (Spanish Tragedy) од 80-ите години на XV век, или може да бидат како една сликовита, жива сцена, како во онаа од Шекспир, „Перикле, принцот на Тир“ (Pericles, Prince of Tyre), сцена која веднаш и многу детално ја разјаснува поетот-раскажувач, Говер. Пантомимите биле средновековни елементи, кои продолжиле со својата популарност во почетоците на „театарот на англиската ренесанса“, но додека дошле на сцена „Перикле“ (1607-1608 година) и „Хамлет“ (1600-1602 година), тие, веројатно, веќе биле старомодни. Во англиските маски, во сите делови, во кои имало само музика, таа била придружувана од пантомима.

Потекло

уреди

Маските имаат потекло од фолклорната традиција, каде маскирани танцувачи, неочекувано повикувале благородник во неговата сала во одредени вечери од годината, или кога се славеле некои настани, и танцувајќи му принесувале подароци. Со рустичната изведба на „Пирамус и Тисб“ (Pyramus and Thisbe), како свадбена забава во Шекспировата „Сон на летната ноќ“ (A Midsummer Night’s Dream), се прикажува сличен пример. Гледачите биле повикувани да се придружат во танцувањето. На крајот, изведувачите ги ваделе маските за да го откријат својот идентитет.

Англија

уреди

Во Англија, тјудорските дворски маски се развиле од „гајзинг“ (децата одат од врата на врата за празникот Халовин, и собираат овошје, бомбони,..), каде алегорично маскирана личност ќе се појавела со собрано друштво, сите маскирани на една тема, според поводот, и сето тоа, секако, придружено со музика. На пример, маските изведувани во дворецот на Елизабета I ги претставувале слогата и единството помеѓу кралицата и кралството. Пример за описна нарација во церемонијална маска има маската на „Седумте смртни гревови“ во „Волшебниот свет на кралицата“ (The Faerie Queen) на Едмунд Спенсер. Во романот „Кенилворт“ (Kenilworth) од Сер Волтер Скот, од 1821 година, е опишана посебно разработената маска, изведувана во времетраење од две недели за Елизабета.

Подоцна, во дворецот на Џејмс I, елементите на нарација во маската станале позначајни. Содржината, честопати, била со класични или алегорични теми, со величање на кралот или благородникот. На крајот, публиката, им се придружувала на танцувачите на сцената, за последниот танц. Бен Џонсон напишал голем број на маски, со кореографија на Индиго Џонс. Нивните дела се сметаат за најзначајни. Сер Филип Сидни, исто така, пишувал маски.

Вилијам Шекспир, исто така, напишал интермецо маски во „Бура“ (The Tempest), што модерните познавачи сметаат дека има големо внимание од текстот на маската на Бен Џонсон, со кореографија на Индиго Џонс. Исто така, во „Ромео и Јулија“ и „Хенри VIII“ има делови од маски. „Комус“ (Comus) на Џон Милтон (со музика на Хенри Лос), е опишувана како маска, иако, главно, се смета за овчарска драма.

Обновувањето на маските на Стјуарт не било толку успешно. Дел од проблемот, е, што само текстот не се сменил со времето, нема целосна музика, само делови, така што не може да се направи меродавна изведба, без обновување.

Англиската полуопера, која се развила во доцниот XVII век, опера во која соработувале Џон Драјен и Хенри Парсел, позајмува некои елементи од маската и елементи од „Француската опера“ на Жан Батист Лили.

Во XVIII век, маските не биле многу застапени. Патриотската песна „Да живее Британија!“ (Rule, Britannia), на почетокот била дел од „Алфред“ (Alfred), маска за Големиот Алфред (Alfred the Great), напишана од Џејмс Томсон и Дејвид Малет, која првпат била изведена во Кливеден (Cliveden), вилата на Фредерик, принцот на Велс. Била изведувана за прославата на третиот роденден на ќерката на Фредерик, Аугуста. Останала меѓу најдобрите британски патриотски песни сѐ до денес, а најзината маска, од која првично била дел, ја паметат само историчарите.

Наследство

уреди

Од сите уметности во ренесансата, маската, како уметничка форма, е најнепозната за денешната публика. Најисклучителните хуманисти, поети и артисти во тоа време, во најдобрите денови од својата креативност, се посветувале на пишувањето на маски, и додека Пуританците не ги затвориле англиските театри во 1642 година, маските биле највисоката форма на уметност во Англија. Но, поради нивната краткотрајна природа, нема останато голема документација за маските и сè што се раскажува за нив е дел од претпоставка.

XX век

уреди

Бидејќи не се повеќе популарни, има само некои подоцнежни примери на маските. Во XX век, Ралф Вон Вилијамс ја напишал „Џоб“ (Job), маска за танцување, со премиера во 1930 година, иако ова дело е поблиско до балетот, отколку до маската, како што е првично сфатена.

Констант Ламберт, исто така, напишал дело кое го нарекол маска, „Последната желба и тестаментот на летото“ (Summer’s Last Will and Testament), за оркестар, хор и баритон. Насловот го презел од Томас Неш, чија маска, веројатно била прва изведена, пред Архиепископот на Кентербери (Archbishop of Canterbury), во неговото седиште во Лондон, палатата Ламбет, во 1592 година.

Маската како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Маски“ — краток расказ на македонскиот писател Јозо Т. Бошковски.[1]
  • „Маскенбал“ — кус расказ на македонскиот писател Филип Јовановски.[2]
  • Маска (поетична комедија)“ — драма во стихови на српскиот писател Милош Црњански.[3]
  • „Маска“ (англиски: Mask) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[4]
  • „Кој беше маскираниот човек“ (англиски: Who Was That Masked Man) — песна на северноирскиот рок-музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1974 година.[5]
  • „Под маската на среќата“ (англиски: Under The Mask Of Happiness) — песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[6]
  • „Маска“ (англиски: The Mask) — песна на германската рок-група Ретлс (The Rattles) од 1970 година.[7]
  • „Сината маска“ (англиски: The Blue Mask) — песна од истоимениот албум на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1982 година.[8]
  • „Маска од мртва кожа“ (англиски: Dead Skin Mask) -—песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[9]

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 50-51.
  2. Современост број 3/2023, стр. 10.
  3. Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 129-186.
  4. YouTube, Bauhaus - Mask (пристапено на 18.2.2019)
  5. Van Morrison – Veedon Fleece (пристапено на 10.12.2023)
  6. Graham Parker ‎– The Mona Lisa's Sister (пристапено на 16.12.2017)
  7. The Rattles - The Witch (Full album) (HI-FI) (Stereo) 1970 (пристапено на 15.3.2024)
  8. YouTube, Lou Reed - The Blue Mask (Full Album) (1982) (пристапено на 18.2.2019)
  9. Discogs, Slayer ‎– Decade Of Aggression Live (пристапено на 6.10.2019)