Тјудорски период
Тјудорскиот период е историски период помеѓу 1485 и 1558 год. во англиската историја. Тој соодветствува со владеењето на династијата Тјудори (Tudor). Поимот се користи и пошироко, вклучувајќи го владеењето на кралицата Елизабета I (1558 – 1603), но понекогаш ова време се смета за посебно, наречено Елизабетанско доба.
1485–1603 „Алегорија на Тјудорската династија“ (детал), припишано на Лукас де Хере (~1572). | |
Претходен | Плантагенетски период |
---|---|
Следен | Елизабетански период
|
Тјудорски период | (1485–1558) |
---|---|
Елизабетански период | (1558–1603) |
Стјуардски период | (1603–1714) |
Јакобински период | (1603–1625) |
Каролински период | (1625–1642) |
Џорџијански период | (1714–1830) |
Регентство | (1811–1820) |
Викторијански период | (1837–1901) |
Едвардијански период | (1901–1910) |
Здравје
уредиТјудорските општини била компаративно мали и пренатрупани. Калдрмисаните улици биле тесни и нечисти заради отворената канализација крај нив, носејќи нечистотии кон првата река. Стаорците и мувите биле сеприсутни, со тоа ширејќи зарази како тифус и чума. Само мал број на жители достигнувале возраст од 40 години, а децата често умирале пред да наполнат 5 години.
Дом и храна
уредиБогатите дворци на село. Овие биле многу големи зданија со до 150 души послуга. Куќите имале многу оџаци за многуте камини кои требале да ги топлат огромните простории и за готвење на храна за богатите гозби, кои имале и по десет јадења. Тие редовно јаделе срнешко месо, косови и чучулиги, но ретко јаделе компир бидејќи во тоа време компирот бил нова храна и ретко кој ја одгледувал. Како засладувач се употребувал медот; шеќерот бил ретко достапен, но кога го имало се ставал во сета храна, заклучно со месото. Сиромашните никогаш не јаделе шеќер и компири и реко јаделе месо. Понекогаш фаќале зајаци и риби, но главно јаделе леб и зеленчуци како зелка и репи.
Образование
уредиПосиромашните деца не оделе на училиште. Поимашните семејства вработувале приватни учители кои ги учеле децата читање и француски јазик. Момчињата често биле праќани во манстирски училишта каде учеле главно латински и веронаука во класови од по до 60 души. Училишниот ден траел од утро до мрак, а учителите често ги тепале децата. Аристократијата имала посебни учители за секое дете.
Разоноди
уредиБогатите оделе во лов и се натпреварувале во мечување и витешки двобој. Сиромашните гледале борби со мечки, кучиња и сл, и играле ран облик на рагби. Луѓето оделе и во театар и гледале претстави од автори како Вилијам Шекспир, Бен Џонсон и други.
Во овој период започнала Англиската реформација со т.н. Хенриевска реформација.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Тјудорска кујна Архивирано на 16 август 2010 г. — Британска библиотека (англиски)