ЧФР Клуж
Фудбалски клуб ЧФР 1907 Клуж или скратено ЧФР Клуж е професионален романски фудбалски клуб од градот Клуж-Напока, Округот Клуж. Моментално се натпреварува во Лига 1, највиското ниво на романскиот фудбал. Клубот бил основан во 1907 година, со моменталното име ЧФР како акроним за Căile Ferate Române (што означува Романски железници).
ЧФР Клуж | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб ЧФР 1907 Клуж | |||
Држава | Романија | |||
Прекар |
| |||
Основан | 1907 | |||
Бои | бордо и бела | |||
Стадион | Д-р Константин Радулеску | |||
Капацитет | 23,500[1] | |||
Сопственици | Маријан Багацеан (62%) Арпад Пашкани (38%) | |||
Спортски директор | Даниел Станчиу | |||
Менаџер | Дан Петреску | |||
Лига | Лига 1 | |||
2023–2024 | Лига 1, 2-и | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Поголемиот дел од своето постоење ЧФР Клуж го поминал во пониските лиги, со исклучок на само шест сезони колку биле член на Првата лига на Романија од сезоната 1969-1970 до сезоната 1975-1976, кога повторно испаднале во понизок ранг. Таму се задржале сè додека клубот не добил голема финансиска поддршка во 2002 година од стопанственикот Арпад Пашкани. Клуж се вратил во елитниот ранг во 2004 година, и тогаш обезбедил учество во своето прво европско натпреварување, Интертото купот 2005, каде стигнале до финалето. Во сезоната 2007-2008, клубот првпат во историјата станал шампион во романската Лига 1, и по првпат после 17 година им ја одземал титулата на клубовите од Букурешт, а само шест година претходно се натпреварувале во третото ниво на романскиот фудбал.[2] Како шампион на земјата, Клуж директно се квалификувал за групната фаза од Лигата на шампионите 2008-2009, каде веќе во првото коло приредиле големо изненадување победувајќи ја Рома со 2-1 во Рим а во второто коло одиграле нерешено 0-0 на домашен терен со Челси, меѓутоа по добриот старт потоа ги загубиле сите натпревари и завршиле на четвртото последно место во групата. Од промената на сопственикот во 2002, клубот освоил дури единаесет трофеи: 4 пати првенството, 4 пати купот и 3 пати Суперкупот на Романија.
Својте домашни натпревари ЧФР Клуж ги игра на стадионот Д-р Константин Радулеску кој има капацитет од 23,500 седечки места. ЧФР има жестоко соперништво со Университатеја Клуж, а натпреварите помеѓу двата клуба се познати како Дерби на Клуж.
Откако се приклучил во првата лига во 2004 година, клубот се потпирал на странски играчи, највеќе на португалци, но исто така и на Африканци, јужноамериканци и во поново време Европејци.
Титули
уреди- Победник (8) : 2007-2008, 2009-2010, 2011-2012, 2017-2018, 2018-19, 2019-20, 2020/2021.
- Победник (2) : 1968-1969, 2003-2004
- Победник (7) : 1946-1947, 1982-1983, 1985-1986, 1988–89, 1990-1991, 1995-1996, 2001-2002.
- Победник (4) : 2007-2008, 2008-2009, 2009-2010, 2015-2016
- Победник (3) : 2009, 2010, 2018.
- Финалист : 2005.
Стадион
уредиКлубот својте домашни натпревари ги игра на стадионот Д-р Константин Радулеску во Клуж-Напока, кој е со капацитет од 23.500 седечки места.
Со инвестиција од 10 милиони евра, од есента 2006 до јуни 2007, била поставена нова поквалитетна трева, нови рефлектори и била унапредена самата инфраструктура на стадионот. Целата работа била завршена за стогодишнината на клубот, кога на него бил одигран првиот официјален пријателски натпревар против португалската Бенфика. Откако Клуж се квалификувал за групната фаза на Лигата на шампионите 2008-2009, стадион повторно бил реновиран во 2008 година и бил проширен капацитетот од 23.500 места. Стадионот спаѓа меѓу најмодерните во Романија, а постојат планови за негово понатамошно проширување.
На 6 септември 2008 романската репрезентација го одиграла својот прв официјален натпревар на овој стадион, и прва во Клуж после 85 години, а тоа бил натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2010 против Литванија, во кој жолтите победиле со 3-0.
Соперници
уредиЧФР Клуж има силно соперништво со своите локални противници Университатеја Клуж.[3] Според новинарот Разван Тома, првиот натпревар помеѓу двете екипи се одиграл на 13 октомври 1920 година, кога ЧФР ја прегазил Университатеја со 8-0 на централниот парк во Клуж-Напока.[4] Се верува дека дербито е засновано на етнички конфликт меѓу заедниците во градот; но ова тврдење, сепак, може да се побие бидејќи двете екипи имале играчи од унгарско потекло низ историјата.[4] Мрежното место за историја и статистика Romanian soccer смета дека поразот од 1-3 на ЧФР - кој штотуку се споил со Ферар Клуж - од Универистатеја на 7 декември 1947 бил првиот меѓусебен двобој помеѓу овие два клуба во Лига 1.[5] Оттогаш па наваму двата тима одиграле вкупно 36 натпревари (30 во Лига 1, 2 во Лига 2 и 4 во Купот на Романија), а ЧФР е поуспешен со 16 победи, наспроти 6 на Университатеја, додека 14 натпревари завршиле нерешено.
Натпреваување | Одиграно | Победи на ЧФР | Нерешени | Победи на Универистатеја |
---|---|---|---|---|
Лига 1 | 30 | 14 | 11 | 5 |
Лига 2 | 2 | 2 | 0 | 0 |
Куп на Романија | 4 | 0 | 3 | 1 |
Вкупно | 36 | 16 | 14 | 6 |
Клубот, исто така, има поблаги соперништва со Стеауа Букурешт, Динамо Букурешт, Рапид Букурешт, Университатеја Крајова и Политехника Темишвар.
Играчи
уредиМоментален состав
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ „Stadion – Info utile“ [Stadium – Useful info] (романски). CFR Cluj. Посетено на 2 јуни 2017.
- ↑ „Scolari forewarned“. BBC News. 28 септември 2008. Посетено на 28 април 2010.
- ↑ „ŢINE-ŢI RESPIRAŢIA! TOP 10 rivalităţi din fotbalul românesc“ [HOLD YOUR BREATH! TOP 10 rivalries in Romanian football] (романски). ProSport. 10 June 2010. Посетено на 5 September 2017.
- ↑ 4,0 4,1 „DESTINAȚIE: ROMÂNIA/ U Cluj - CFR 1907, povestea celei mai lungi rivalități din fotbalul românesc“ [DESTINATION: ROMANIA/ U Cluj - CFR 1907, the story of the oldest rivalry in Romanian football] (романски). Agerpres. 30 August 2014. Архивирано од изворникот на 2019-04-11. Посетено на 5 September 2017.
- ↑ „Divizia A Etapa 15 1947-1948 - Romania“ [Division A Fixture 15 1947-1948 - Romania] (романски). Romanian Soccer. Посетено на 5 September 2017.
Надворешни врски
уреди„ЧФР Клуж“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- ЧФР Клуж на Facebook
- ЧФР Клуж Архивирано на 9 јули 2019 г. на LPF