Манастиречка парохија

црковна парохија на МПЦ-ОА

Манастиречка парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Бродското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Богородица“ во селото Горни Манастирец.

Црквата „Св. Богородица“ во селото Горни Манастирец е парохиско седиште

Оваа сегашна парохија е составена од шест поранешни парохии, коишто згаснале поради отселувањето на населението од овие села (миграција село-град во 1970-тите години). Поранешни парохии кои денес се во состав на манастиречката парохија: Локвичка парохија, Томиноселска парохија, Ковачка парохија, Бенечка парохија и Требовска парохија. Парохиски свештеник e Боге Богески.

Парохијата ги опфаќа селата: Белица, Бенче, Битово, Близанско, Брезница, Брест, Вир, Волче, Горни Манастирец, Горно Ботушје, Горно Крушје, Долни Манастирец, Долно Ботушје, Долно Крушје, Звечан, Здуње, Зркле, Инче, Калуѓерец, Ковач, Ковче, Косово, Локвица, Лупште, Могилец, Модриште, Рамне, Растеш, Самоков, Слатина, Сушица, Тажево, Томино Село, Тополница, Требовље и Црешнево.

Цркви

уреди

Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Богородица“ Горни Манастирец
(парохиско седиште)
 
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Горни Манастирец 1899  
Црква „Св. Пантелејмон“ Белица 1873  
Црква „Св. Никола“ Белица XVI век  
Црква „Вознесение Христово“ Белица  
Црква „Св. Троица“ Белица
Црква „Св. Талалеј“ Белица
Црква „Св. Архангел Михаил“ Бенче 1875
Црква „Св. Никола“ Битово 1912  
Црква „Св. Петар и Павле“ Битово  
Црква „Св. Архангел Михаил“ Близанско 1947  
Црква „Св. Петка“ Близанско  
Црква „Св. Петка“ Населба Близанска  
Црква „Св. Никола“ Брезница 1901
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Брезница
Црква „Св. Талалеј“ Брест 1891  
Црква „Св. Јован Крстител“ Брест 2004  
Црква „Св. Петка“ Брест 1891  
Црква „Св. Преображение“ Брест 2004  
Црква „Св. Никола“ Вир 1891
Црква „Св. Атанасиј“ Вир
Црква „Св. Архангел Михаил“ Волче  
Црква „Св. Никола“ Горно Ботушје 1905
Црква „Св. Талалеј“ Горно Крушје 1871  
Црква „Св. Ѓорѓи“ Долни Манастирец 1920
Црква „Св. Никола“ Долно Ботушје 1915  
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Долно Ботушје  
Црква „Св. Никола“ Долно Крушје 1902  
Црква „Св. Илија“ Долно Крушје 1935
Црква „Вознесение Христово“ Звечан 1946  
Црква „Св. Недела“ Здуње
Црква „Св. Петар и Павле“ Здуње
Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ Здуње 1922  
Црква „Св. Никола“ Зркле 1838  
Црква „Св. Талалеј“ Инче 1918
Црква „Св. Никола“ Калуѓерец 1920  
Црква „Св. Илија“ Калуѓерец  
Црква „Св. Недела“ Калуѓерец  
Црква „Св. Теодор Тирон“ Ковач 1934  
Црква „Св. Јован Крстител“ Ковач 1802  
Црква „Св. Атанасиј“ Ковач 1891  
Црква „Св. Варвара“ Ковач
Црква „Св. Кузман и Дамјан“ Ковче 1973
Црква „Св. Ѓорѓи“ Косово 1895  
Црква „Св. Димитриј“ Локвица 1872  
Црква „Св. Атанасиј“ Локвица  
Црква „Св. Петар и Павле“ Лупште 1879  
Црква „Вознесение Христово“ Могилец 1560
Црква „Св. Архангел Михаил“ Могилец 1919  
Црква „Возкресение Христово“ Могилец 2005  
Црква „Св. Атанасиј“ Модриште 1728  
Црква „Св. Петка“ Рамне 1849  
Црква „Св. Никола“ Растеш 1925  
Црква „Св. Јован“ Растеш 1920  
Црква „Св. Илија“ Самоков 1993  
Црква „Св. Ѓорѓи“ Слатина 1867  
Црква „Св. Талалеј“ Слатина
Црква „Св. Никола“ Сушица 1890  
Црква „Св. Илија“ Тажево 1903
Црква „Св. Никола“ Тажево
Црква „Св. Константин и Елена“ Томино Село 1831  
Црква „Св. Атанасиј“ Тополница 1899  
Црква „Вознесение Христово“ Требовље 1892  
Црква „Вознесение Христово“ Црешнево 1898  
Црква „Св. Никола“ Црешнево 2000  
Црква „Св. Троица“ Црешнево

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди

41°37′03″N 21°11′35″E / 41.61750° СГШ; 21.19306° ИГД / 41.61750; 21.19306