Црква „Св. Архангел Михаил“ - Бенче

црква во Бенче, Поречко

Св. Архангел Михаилцрква во поречкото село Бенче, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1]

Свети Архангел Михаил

Фреска на Богородица во црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Манастиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°41′31″N 21°5′59″E / 41.69194° СГШ; 21.09972° ИГД / 41.69194; 21.09972
Место Бенче
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Архангел Михаил
Изградба XVII век
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил поствизантиски

Храмот е гробишна црква изградена во XVII век и сместена на самиот источен влез во селото, од левата страна на патот. Претставува мала еднокорабна градба со правоаголен облик која на исток завршува со тристрана апсида од надвор. Како жртвеник служи мала полукружна ниша во источниот ѕид, која нема излез нанадвор. Црквата е засводена, со издолжен полуцилиндричен свод кој непосредно се потпира на страничните ѕидови. Над оваа конструкција е вообичаениот калкански покрив од камени плочки. Олтарната апсида е покриена со правилна полукалота и исто така со камени плочки. Влезот е од запад и над него има полукружна ниша. На јужната фасада има мало правоаголно прозорско окно. Ѕидаријата е од камен и кал.[2] Во поново време на запад е доградена припрата, со што западниот ѕид е срушен и оформен е целовит простор.[3]

Нема податоци за времето на изградба на храмот. По иконографските и стилистичите особености на зачуваниот фрескопис се смта дека е изграден и живописан во првата половина на XVII век.[3][4] Фрескоживописот во горните подрачја на сводот е делумно оштетен.[3]

Во 1988 г. археографот Михајло Георгиевски открил 5 стари ракописни книги од периодот меѓу XIV и XVI век. Денес тие се чувааат во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, под инвентарните сигнатури Мс 17, 167, 168, 169 и 171.[4] Меѓу нив се Бенчевскиот литургиски зборник[5] и Бенчевското четвероевангелие принадлежни на оваа црква.[6]

Фрески

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Митревски, Никола (2013). Фрескоживописот во црквата Свети Архангел Михаил во селото Бенче, Порече, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 187.
  3. 3,0 3,1 3,2 Митревски, Никола (2013). Фрескоживописот во црквата Свети Архангел Михаил во селото Бенче, Порече, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 188.
  4. 4,0 4,1 Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура – Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ – Познањ. стр. 74. Посетено на 14 март 2016. no-break space character во |publisher= во положба 35 (help)
  5. „Бенчевски литургиски зборник“. Средновековни словенски ракописи во Македонија. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 7 март 2014.
  6. „Бенчевско четвороевангелие“. Средновековни словенски ракописи во Македонија. Архивирано од изворникот на 2014-03-07. Посетено на 7 март 2014.

Надворешни врски

уреди