Црква „Св. Петар и Павле“ - Кичево

Свети Апостоли Петар и Павле е главната градска црква во Кичево.[1] Според податоците, таа е изградена на почетокот на дваесеттиот век, но на темели од постара црква. Нејзиното целосно обновување е извршено во 1974/75 година, кога го добива денешниот изглед. Обновувањето на иконите го извршил Кузман Фрчкоски од Галичник. Иконостасот е изработен во периодот на градењето на црквата, а иконите на него се од 1925/26 година. Во понов период, поради настанатите потреби, изграден е нов придружен објект, во кој се наоѓаат црковна трпезарија, крстилница и административни простории за свештениците. Црквата е главна парохиска црква на Првата кичевска парохија. По повод 100 години од изградбата на црквата, во 2010 година била издадена монографија со наслов „Црква на светите апостоли Петар и Павле во Кичево“ од страна на Сашо Цветковски. Исто така, тогаш е осветен новиот иконостас, изработен по повод јубилејот на храмот.

Свети Апостоли Петар и Павле

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Кичевско
Парохија Прва кичевска
Местоположба

Карта

Место Кичево
Општина Кичево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостол Петар и Апостол Павле
Изградба 1907
Архитектонски опис
Извештај за развојот на црковното прашање во Кичево, во периодот од 1831 година, кога е подигната од Петар Брушки и Илија Бела Цветиќ, до 1911 година. (14 ноември 1911)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди