Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Горни Манастирец
Рождество на Пресвета Богородица — главна и единствена манастирска црква во Поречкиот Манастир кој се наоѓа во поречкото село Горни Манастирец[1]. Црквата е градена во 1899 година на темели од постар објект.[2]
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Бродско |
Парохија | Манастиречка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Горни Манастирец |
Општина | Македонски Брод |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 11 век (старата); 1899 (новата) |
Архитектонски опис |
Особености
уредиМанастирската црква е градена од камен и од свежо гасена вар, а фрескоживописот е работен со природни бои и со жолчка од јајце. Во однос на архитектурата, се смета дека од првобитната градба на манастирот е останата само црквата со јужниот параклис и нартексот. Надворешниот дел на храмот е со архитектонски изглед кој е духовно привлечен.
Во храмот има живопис од два периода, од 12. и од 19. век. Првиот и најстариот е од времето кога е подигната и црквата, најверојатно од 12. век или порано. Овие фрески своевремено пострадале, па затоа дошло до ново живописување во 19. век. Импозантниот фрескоживопис од постсветиклиментовиот период го вместува овој манастир во значајните споменици. Манастирската црква ја красат преубавите сочувани фрагменти, кои зборуваат за недостижната уметничка убавина. Разнобојните фреско-остатоци ги има и во наосот, а и во олтарната апсида. Откако е симнат горниот слој на фрески, кои се од 19. век, јасно се виделе фреските од 12. век, кои зрачат со убавината на средновековната византиско-словенска уметност.
На западната страна, над западната врата, се распростира на цел ѕид огромна фреска со претставени сцени од Страшниот суд. Најгоре, во средината, е поставен ангел со отворена книга. Лево и десно од него се два ангела со труби. Под нив се наоѓаат есхатолошки фрескопрестави од воскресенито на мртвите. Тие сцени се поделени на два дела: на едната страна се оние што воскреснуваат од земјата и со нив е Спасителот како Цар на земјата, а од другата страна е како Цар на морето. Таму се нацртани разни риби и морски животни од чии усти излегуваат луѓе или делови од човечки тела на оние што се удавиле во водите и биле изедени од рибите и од водните животни. Нив ги враќа морскиот свет од водата, заради воскресението. Со рибите е прикажан и октопод со човечка рака во устата. Бог е претставен како Праведен Судија, Владетел и Цар на животот и смртта, Воскресител и Спасител. На јужниот ѕид била прикажана немирната атмосфера на пеколот изделена во рамки (сочувана тешко видлива претстава на Жената што спиела во неделите и Мерењето на душите), а на северниот, блаженството и мирот на рајот, од кој е сочуван само ликот на праведен Авраам. Претставата на Страшниот суд во западниот дел на црквата е силен печат за догмата за Второто пришествие на Христос на земјата, за патиштата на праведните и казните што ќе ги стигнат престапниците и неверните...
Наводи
уреди- ↑ Поречки манатир у селу Манастирцу у Македонији (о архитектури, програму и стилским одликама новооткривених фресака), -Мирјана М. Машнић [1] Архивирано на 30 октомври 2011 г.
- ↑ „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2010-09-09.
Поврзано
уреди„Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Горни Манастирец“ на Ризницата ? |