Црква „Св. Варвара“ - Ковач

црква во Ковач, Поречко

Св. Варвара — поствизантиска црква во поречкото село Ковач, Општина Македонски Брод. Му припаѓа на Бродското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.[1]

Света Варвара
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Манастиречка
Местоположба
Место Ковач
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Варвара
Изградба 1620-ти
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил поствизантиски

Оваа гробишна црква е еднокорабен храм изграден од делкан камен и глина. Има делумно зачуван живопис чии стилистички особености укажуваат на третото десетилетие на XVII век (1620-тите).[2] Од овие фрески мошне впечатлива е огромната риба која служи како евхаристична симболика.[3] Овој ист мотив, нацртан од истиот зограф, е застапен во соседните цркви „Свети Атанасиј“, исто така во Ковач, и „Св. Архангел Гаврил“ во Ореовец.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Велев, Илија (1990). Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија. Наша Книга. стр. 57.
  2. Smiljanić, T. Kičevija. Naselja i poreklo stanovništva, SKA/Srpsi Etnografski Zbornik LI, Beograd 1935, 328.
  3. Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура - Прилеп, Инсититут за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 73. Посетено на 7 март 2014.
  4. Велев, Илија (2013). Средновековната духовна и книжевна традиција во Поречието, во: Луческа, Ели, Звонко Димоски, уредници. Сто години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Прилеп-Poznan: Институт за старословенска култура - Прилеп, Инсититут за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 74. Посетено на 7 март 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)