Македонија на Евровизија 2021

Македонија учествуваше на Евровизија 2021 во Ротердам, Холандија, со Васил Гарванлиев и песната Here I Stand. Тој требаше да се натпреварува на Евровизија 2020 со песната You, но изданието беше откажано. Македонија не успеа да се квалификува од првото полуфинале во финалето, завршувајќи 15та од 16 учесници со 23 поени.

Евровизија 2021
Држава Македонија
Национален избор
Изборен процесИнтерен избор
Дата на изборИзведувач: 20 јануари 2021
Песна: 11 март 2021
Избран учесникВасил Гарванлиев
Избрана песна"Here I Stand"
Избран текстописецВасил Гарванлиев
Борче Кузмановски
Давор Јордановски
Изведба во финале
Полуфинален резултатне се квалификуваше
(15та, 23 бодови)
Македонија на Евровизија
◄2019 2021 2022►

Интерна селекција уреди

На 20 јануари 2021, МРТ потврди дека Васил ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2021. Период на поднесување на песни беше објавен за заинтересирани композитори да ги поднесат своите песни до 27 јануари 2021.[1] На 16 февруари 2021, беше објавено дека Васил ќе настапи со песната Here I Stand, напишана и компонирана од Борче Кузмановски, Давор Јордановски и Васил Гарванлиев.[2] Here I Stand беше претставена на јавноста на 11 март 2021 преку официјалниот евровизиски YouTube канал.[3]

Евровизија 2021 уреди

Според правилата на Евровизија, сите земји со исклучок на земјата домаќин и големата петорка (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство) треба да се квалификуваат во една од двете полуфинални натпревари со цел да се натпреваруваат за конечното финале. Првите десет земји од секој полуфинален натпревар се пласираат во финалето. Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ) ги поделил натпреварувачките земји во шест различни дела врз основа на резултатите од гласањето од претходните натпревари, при што земјите со поповолни резултати на гласање биле ставени во иста категорија. За Евровизија 2021, полуфиналниот нацрт за распределба одржан на 28 јануари 2020 година бил искористен. Македонија била ставена во првото полуфинале, што се одржало на 18 мај 2021 година, и била распоредена да настапи во првата половина од полуфиналето.[4]

Откако сите натпреварувачки песни за натпреварот во 2021 биле објавени, распоредот за полуфиналињата беше одлучен од продуцентите на емисијата, наместо со друг нацрт, при што слични песни не се ставени една до друга. Македонија беше распоредена да настапи 6та по ред, после Австралија и пред Ирска.[5]

Гласање уреди

Гласањето за време на трите емисии вклучувало секоја земја да додели два сета на бодови од 1-8, 10 и 12: еден од нивното професионално жири, и еден од телефонското гласање. Жирито на секоја нација се состоело од пет професионалци од музичката индустрија кои се граѓани на земјата што ја претставуваат, со разновидност на возраст и пол. Ова жири го оценил секој запис врз основа на настапите за време на втората проба на секоја емисија, што се одвива вечерта пред секоја емисија во живо, во сет од критериуми: вокален капацитет; сценската изведба; композицијата на песната и оригиналноста; и севкупниот впечаток од настапот.[6] Членовите на жирито смеат да бидат дел од истото еднаш секои три години, и се задолжени да потврдат дека не се поврзани со ниту еден од учесниците на начин што може да влијае на нивната способност да гласаат непристрасно. Членовите на жирито исто така треба да гласаат независно, без дозволена дискусија за нивните гласови со другите членови.[7] Точниот состав на професионалното жири и резултатите од гласањето на жирито и публиката на секоја земја се објавени после главното финале, индивидуалните гласови од секој член на жирито се објавени во анонимна форма.[8][9]

Поени доделени на Македонија уреди

Поени доделени на Македонија (Прво полуфинале)[10]
Резултат Телефонско гласање Жири
12 бодови
10 бодови
8 бодови   Словенија
7 бодови
6 бодови   Романија
5 бодови
4 бодови   Словенија
3 бодови
2 бодови   Романија   Ирска
1 бод   Хрватска

Поени доделени од Македонија уреди

Поени доделени од Македонија (Прво полуфинале)[10]
Резултат Телефонско гласање Жири
12 бодови   Хрватска   Израел
10 бодови   Малта   Малта
8 бодови   Русија   Хрватска
7 бодови   Азербејџан   Русија
6 бодови   Кипар   Азербејџан
5 бодови   Украина   Украина
4 бодови   Литванија   Кипар
3 бодови   Словенија   Словенија
2 бодови   Белгија   Норвешка
1 бод   Израел   Шведска

Поени доделени од Македонија (Финале)[11]
Резултат Телефонско гласање Жири
12 бодови   Србија   Србија
10 бодови   Албанија   Италија
8 бодови   Италија   Израел
7 бодови   Швајцарија   Франција
6 бодови   Кипар   Швајцарија
5 бодови   Франција   Малта
4 бодови   Украина   Исланд
3 бодови   Азербејџан   Шведска
2 бодови   Финска   Кипар
1 бод   Русија   Русија

Детални резултати од гласањето уреди

Следните членови беа во состав на македонското жири:[8][9]

Детални резултати од гласањето од Македонија (Прво полуфинале)[10]
Редослед Земја Жири Телефонско гласање
Член А Член Б Член В Член Г Член Д Просек Бодови Место Бодови
01   Литванија 14 13 7 15 15 13 7 4
02   Словенија 9 9 4 7 9 8 3 8 3
03   Русија 4 10 3 3 7 4 7 3 8
04   Шведска 8 8 9 10 8 10 1 13
05   Австралија 10 11 10 9 10 12 15
06   Македонија
07   Ирска 12 14 14 11 13 14 14
08   Кипар 6 6 11 8 6 7 4 5 6
09   Норвешка 11 5 15 4 14 9 2 12
10   Хрватска 2 2 8 6 5 3 8 1 12
11   Белгија 13 15 12 14 11 15 9 2
12   Израел 1 1 1 1 2 1 12 10 1
13   Романија 5 12 13 13 12 11 11
14   Азербејџан 15 4 6 5 4 5 6 4 7
15   Украина 7 7 5 12 3 6 5 6 5
16   Малта 3 3 2 2 1 2 10 2 10
Детални резултати од гласањето од Македонија (Финале)[11]
Редослед Земја Жири Телефонско гласање
Член А Член Б Член В Член Г Член Д Просек Бодови Место Бодови
01   Кипар 10 12 15 9 4 9 2 5 6
02   Албанија 5 18 11 18 11 12 2 10
03   Израел 4 7 1 8 5 3 8 22
04   Белгија 12 6 25 16 14 14 23
05   Русија 8 11 4 13 21 10 1 10 1
06   Малта 9 5 2 5 7 6 5 13
07   Португалија 11 26 7 15 8 13 21
08   Србија 1 3 9 2 2 1 12 1 12
09   Велика Британија 21 10 13 12 12 16 20
10   Грција 14 16 12 10 17 17 16
11   Швајцарија 3 4 23 4 3 5 6 4 7
12   Исланд 26 9 5 3 16 7 4 12
13   Шпанија 23 19 14 24 13 20 25
14   Молдавија 22 20 17 26 23 24 15
15   Германија 24 21 19 21 26 25 24
16   Финска 20 17 21 17 18 22 9 2
17   Бугарија 15 8 20 22 9 15 11
18   Литванија 25 22 26 23 20 26 17
19   Украина 6 25 24 6 15 11 7 4
20   Франција 2 2 6 7 10 4 7 6 5
21   Азербејџан 16 15 10 11 22 18 8 3
22   Норвешка 18 23 8 19 19 19 18
23   Холандија 13 24 18 25 24 23 26
24   Италија 7 1 3 1 6 2 10 3 8
25   Шведска 19 13 16 14 1 8 3 14
26   Сан Марино 17 14 22 20 25 21 19

Наводи уреди

  1. „Vasil is back for North Macedonia!“. Eurovision. 2021-01-20.
  2. Herbert, Emily (12 February 2021). „North Macedonia: Vasil To Sing "Here I Stand" At Eurovision 2021“. Eurovoix. Посетено на 29 March 2021.
  3. Granger, Anthony (2021-03-01). „🇲🇰 North Macedonia: "Here I Stand" To Be Released March 11“. Eurovoix (англиски). Посетено на 2021-03-01.
  4. Groot, Evert (17 November 2020). „2020 Semi-Final line-up to stay for 2021“. eurovision.tv. Eurovision Song Contest. Архивирано од изворникот 18 November 2020. Посетено на 17 November 2020.
  5. „Semi-Final running orders revealed“. Eurovision.tv (англиски). 2021-03-30. Посетено на 2021-03-30.
  6. „Voting–Eurovision Song Contest“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-26. Посетено на 26 May 2021.
  7. „Fairness–Eurovision Song Contest“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-26. Посетено на 26 May 2021.
  8. 8,0 8,1 „Juries in the First Semi-Final of Rotterdam 2021“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-26. Посетено на 26 May 2021.
  9. 9,0 9,1 „Juries in the Grand Final of Rotterdam 2021“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-26. Посетено на 26 May 2021.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Results of the First Semi-Final of Rotterdam 2021“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-28. Посетено на 28 May 2021.
  11. 11,0 11,1 „Results of the Grand Final of Rotterdam 2021“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 2021-05-28. Посетено на 28 May 2021.