Лара Иванова
Лара Иванова (родена на 14 мај 2004 г.) — македонска пејачка.
Лара Иванова | |
---|---|
Лара Иванова, на концерт на плоштадот во Куманово, ноември 2023 | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 14 мај 2004 Скопје, Македонија |
Жанрови | Поп, Р&Б |
Занимања | Пејачка |
Период на активност | 2019– |
Биографија
уредиЛара Иванова е родена во Скопје и од своја 6-годишна возраст започнала паралелно да посетува основно музичко и основно балетско училиште. Во 2010 година, таа настапила на детскиот фестивал „Супер ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот Александар Масевски.[1] Иванова се школувала во средното музичко и балетско училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје на балетскиот отсек.
Во 2019 година, таа за прв пат настапила на фестивалот Макфест со песната „Кој те учи така“, компонирана од страна на Иле Спасев, за која тој ја добил наградата за најдобар аранжман. Една година подоцна, таа се претставила на Макфест со песната „За нас“, за чиј текст се погрижил Робин Зимбаков, а за аранжманот на песната, Иле Спасов повторно ја добил наградата за најдобар аранжман, втора последователна година.[2] Во 2021 година, Лара ја добила наградата за најдобра интерпретација на 36. издание на Макфест, за изведбата на песната „Душа“, создадена од тандемот Зимбаков-Спасев.[3]
Лара учествувала во македонскиот избор за песна на Евровизија за 2022 година со песната „Flower of Sorrow“ (македонски: Цвеќе на тагата), завршувајќи на четвртото место во конечниот пласман. На Макфест 2022, Лара настапила заедно со Пајак со песната „Bella“, која станала огромен хит во Македонија и на балканските простори.
На 26. издание на популарната манифестација Златна бубамара на популарноста, во 2023 година, Лара ја добила наградата за најперспективна пејачка.[4]
Дискографија
уредиПесни
уреди- 2019: „Кој те учи така“
- 2020: „За нас“/„Goodbye“
- 2020: „Полудена по тебе“/„Crazy 'Bout you“
- 2020: „Некогаш ќе помине“
- 2021: „Кој е сега крив“
- 2021: „Осамена“
- 2021: „Zero Gravitation“ (заедно со Cyrillic)
- 2021: „Душа“
- 2021: „Само сврти се“ (дует со Панче Касапски)
- 2022: „Цвеќе на тагата“/„Flower of Sorrow“
- 2022: „Ремек-дело“
- 2022: „Јас против целиот свет“ (дует со Роберт Билбилов)
- 2022: „Bella“ (дует со Пајак)
- 2023: „Нека гори“
- 2023: „Ме сакаш кога ме немаш“
- 2024: „Сите светла“ (дует со Јосиф)
- 2024: „Лутам“ (заедно со Бокса)
- 2024: „Фиеста“ (заедно со Дупер, Луна и Јосиф)
- 2024: „Само лага“
- 2024: „Ризик“
- 2024: „Токсин“ (дует со Панче Касапски)
- 2024: „Таму горе“
Наводи
уреди- ↑ Лара Иванова: Моето време допрва доаѓа fakulteti.mk; 23 февруари 2022
- ↑ Видео интервју: Награда за најдобар аранжман за песната на Лара Иванова, втора година по ред Точка; 21 септември 2020
- ↑ (ВИДЕО) Најдобра интерпретација на „Макфест“: Лара Иванова со спот за „Душа“ fashionel.mk; 24 септември 2021
- ↑ Koj ги доби златните бубамари за 2022? Архивирано на 31 јули 2023 г. Радио Бубамара; 17 март 2023